Јас ставав вагинално утрогестан од 200мг од почеток на бременост па до пред некоја недела (сега сум 34+2). Прво ставав по две, па по една и сега ставам една на неколку дена. Ми се иритираше доле од толку време ставање вагиналети два пати на ден, и онака имам исцедок плус овие си се топат и ги прекинав, сега чат-пат ги ставам и не сум имала некој проблем. Не би требало да прокрвариш, плус самиот доктор ти рекол да ги прекинеш. Сите паничиме иначе, дали за ова или за она, цела бременост ја поминав во поставување прашања
Некои бебиња се раѓаат поголемј некои помали Ако и ти и маж ти к фамилијарно генетиката ви е да сте поситни не можеш 4кг бебе да очекуваш. Моево 3500 се роди ама од кај маж се 2 на 2 а и ја сум висока Во 9ти месец се губи апетит нормамно е тоа и јас не јадев ама бебето си напредубаше си зема тоа што му е потребно
Не се секирај, од 16 недела натаму постелката веќе сама си лачи доволно прогестерон, штом немаш болки и се е во ред не мораш да ги земаш ако ти кажал доктор. Барај следен преглед цервикс да ти мерат ако има потреба ќе ти кажат да пиеш уште превентивно
Јас сум родена 2.500, брат ми 2550 целосно развиени на термин бебенца. Некој се раѓаат и по 5кг Секое бебенце е различно. И секој организам, јас искрено се надевам дека моето ќе биде околу 3кг. можеби полесно за пораѓај ќе биде.
Девојки сабајле имав јаки болки, како грчеви, ме разбудија и ме држеа некои 5 минути, се виткав од болка. После тоа, се до сега сум супер. Нема простор за паника нели?
јас бев така вчера сабајле , од 8 до 12 ме болеше и после престана , денес се нормално и ја се мислев за ургентно ама чим се смирија викам ај да не паничам само .... леле готово овие недели почнува лудило да ме фаќа
Девојки правам нарачка за козметика за бебла, ќе може да ми кажете од weleda што се треба да земам од шампони, креми, исто може предлог за марамици на база на вода. За брадавици која крема да ја земам со измивање или без, како е подобро?
Веледа гел за бањање е 2 во 1, коса и тело. Имаш масло, можеш да ставаш во водата, има крема за лице и лосион за тело. И крема со цинк земи си, може ке затреба. Медела ланолин за брадавици не се измива. Влажни виолета 99% вода или памперс сензитив се покажаа најдобри.
Тоа и имав ставено во корпа. Памеперс марамици најдов. За памперс гледав 0 бројче и 1. Пишува 0 бројче е за до 2.5 кг, додека 1 е за од 2 до 5кг ја ставив од двете величини во корпа. Која крема со цинк да ја земам?
Тие 0 се за прематурчиња, 1ца ке ти треба. И таа брзо ке ја надрасне, земи 3 4 пакувања најмногу па ке видиш. Веледа со цинк имам јас, одлична е.
Не мора да е ништо страшно, стапалото знае и за еден број да се зголеми, не мора да значи дека е нешто лошо, консултирај се со гинекологот, најубаво ќе ти каже што и како да превземеш.
Испитувам протеини во мокрача секој месец заедно со крвната слика и се е ок, секогаш е негативно. Веројатно е нормално пошто уште малце ќе сум 9ти месец, само што е непријатно
Ми вика дека е нормално, само масажи и нозете горе, затоа прашувам и тука, викам некоја од вас да не знае плус уште некоја финта