Така е,се уште е рано да се дава мислење дали е големо или мало. Ти само уживај и не гуглај мн.мн.,ние сме тука
Па на моја другарка така една докторка у промедика и рече,ја испаничи девојчето амниосинтези што не испонапраи од страв.Еве детето 4 години машала ништо не му е Не викам дека не може да има проблем,ама во 5та недела нека не не паничат само.
Во последно време и јас размислував на темата,кои продукти а пред се и за која марка да се одлучам, и малку разлистав на германските форуми,да видам искуства од други жени и многу ми дојде од помош,па ке споделам и со вас. Коментарите од повеќе жени на повеќе форуми се дека тие воопшто не користат козметика за бебе во првите месеци,па и години (или користат мноогу малку, на пр. некое благо шампонче,ако ептен брзо му се мрси косичето,но не во првите месеци) А што користат за нега на бебешката кожа? Најчесто некои ги мијат само со водичка и камилица или невен,повеќето стават и некоја капка кокосово,бадемово,масло во водата и најбитнио детал мајчино млеко. Па дали има поубава и поприродна нега од овоа си размислувам ? Топла бања од камилица со малку масло и мајчино млеко? Јас мислам дека нема,но слободно може некој да ми даде подобра идеа. За "нечистотијата" (ако воопшто ја има) кај бебињата во првите месеци,доволна е топлата водичка со билка,а со додавањето на маслото од кокос или бадем,останува еден тенок мрсен слој на кожата и со тоа го избегнуват мачкањето на бебето со миризливи масла после бања.Мајчиното млеко си е само по себе посебна приказна.Цела една тема,за тоа кои придобивки ги има. За црвено газе најчесто користат кесичка од црн чај,или крпичка натопена во црн чај,или пак "Heilwolle" (лековита волна,овча) најчесто се продава во аптеките или во ДМ маркетите,не сум сигурна дали ја има во МК. Влажните марамици ги користат во ретки случаеви кога излегуваат од дома,инаку користат крпички и вода, со некој додаток како камилица и кокосово масло. Или кој не сака да користи крпички,може да направи сам влажни марамици за една употреба (хартиена кујнска ролна,поделена на две,во тегла или друг сад,се полива со смеса од вода и кокосово масло или чај од камилица и масло) За пола ролна, од прилика 250мл. превриена вода или чај,се остава да се олади,па се меша со 1 лажица масло и се полива во садот.Кој сака подетално и сам да ја погледне процедурата можам да оставам линк или сам да побара на Youtube,има многу видеа.Истите homemade baby wipes можат да стоат и до една недела,за тоа е битно водата да биде превриена и капачето од теглата или садот да не е скроз затворена.Кој сака може и да си најде соодветно практично пластично и направените влажни марамици,да ги има при себе и кога е надвор од дома. (искуствата на мајките од сите овие начини на нега,се дека нивното бебе никогаш не е добило проблематична кожа или црвенило) Искрено,за мене како идна мајка за прв пат,овие совети се од многу голема помош и се надевам и на некој друг тука ќе помогнат,ако се чуствува изгубен во изборот на милион козметички продукти,што е најдоброто за нашто мало...
Леле па во пета недела кај мене се гледаше само сакус, немаше плод. Сега терам 19та недела и фала богу се е ок и со мерки е поголемо за неколку дена.
И јас ќе бидам мајка прв пат и освен шампон, влажни и павличева на бекутан, за памперс сеуште не знам каков не планирам друго да користам. Секако млеко и масло по потреба. Да дека ни се први бебиња, ама мислам дека од толку што сите гледаат да биде се природно и органски, не ги заштитуваме бебињата, туку спротивно.
Јас првиот пат кога бев на гинеколог по последна менст требаше да бидам исто 5ипол недели докторот ми кажа одговара на 4 недели односно 9 дена поназад се гледаше само кесиче и ништо друго единствено нешто што ми рече беше правилно е сместено и округло е како што треба да биде не е јајчесто или сл... Наредна контрола требаше по ехо да се водам ќе бев 6ипол недели јас бев 8н1д што си одговараше по последна менструација.... Сега сум 18+3 со мерки е точно до самиот ден со одредена мерка е поназад за 3 дена со една понапред за 5 со една е точно е сега нормално е некогаш понапред да биди некогаш поназад Уживај си гали си меше наредна контрола срценце ќе слушнеш и да е поназад зависи од тоа кога е зачнато... да си смениш гинеколог мислам
Ја како падобранец да улетам Во бебе има тема Детска козметика читнете таму Ако може да ти предложам "Оригинал Павловичева" таа и мене ми ја предложија наводно била најдобра. Ми го спаси бебево од црвенило
Само павличева користев. Првото ретко го мачкав и после бањање. Сега па ич. Во почеток само еуцерин сапун,совет од патронажна. Сега Хип користам за бањање и Судокрем/ павличева ако има црвенило на газе. Друго ништо Совршено глатка кожа има. И за второто ништо од козметика не купив. Ниту самата се мачкам нон стоп со креми ниту децата.
Јас имам огромни отоци, нозете ми се за 3+ бројс поголеми ако не и повеќе.. искочи дека протеини и албуними( овие многу под граница) ми се ниски, матичниот ми даде упат за примање крвна плазма ама од болница ми викаат не е толку страшно :/ да не имал некој искуство?
Хемостаза и д-димери, провери? Ако рекла матичната сигурно треба да примаш, не знам зошто така кажале. Знам за високи протеини и висок притосок дека не е во ред, а за ова не знаев дека и за ниски се прават исто отоци, и не е убаво. Која недела си?
Матичниот не ми провери ддимери, ако требало се гледало по протоци неколку пати му спомнав вика нема потреба, притисок немам висок за среќа, а во болница ми испитаа ми кажаа ние нс сите ако даваме нема да има ниту слободен кревет ниту крв и државава :/ инаку 37+ сум
Каков им е тој одговор, какви доктори боже господе, ние ако даваме на сите нема да има крв, aјде бе, цццццц... ајде уште малку имаш до крај, ќе помине, чим вика матичниот дека немаш потреба да правиш плус испитувања, не се плаши.
Се надевам нема да има компликација, ко за беља пред 2 недели брисеви и уринокултурс чисти, у петок и болница на преглед , некои бактерии во мокрача и од вагиналниот преглед докторката кажа има некоја инфекција :/ Ке пијам 3 4 дена брусница па ке повторам уринокултура :/
Се пофалив вчера дека не сум повратила,еве денес од шољата не можам да се тргнам Времево ужас,станав со главоболка, притисокот 90 со 65 @LivingGlam чувајте се, се нека е како што треба