Јас пијам аронија, брусница, јаболко, јагода и цимет, шумско овошје... камилица, мајчина душица... Нане немам пиено, знам дека не треба зелен, црн, од магданос.. а овошни секакви можеш.
Ме збуниа личности дека цимет , малина нз што се не , не требало , па почнав да се замарам анализирам декларации на овошни чаеви а опуштена бев знаев дека се ок за пиење Камилица и јас си пијам ме опушта при напнатост , незнаев дека може и мајчина а баш а сакам Туку шо праите со несонициве 31+ освен првиот месец што спиев сега само сум по сат два спана Па ни место не ме фаќа странично никако неможам Сте збореле за обувки , со нив немав промени у бр ни прва бременост ни до сеа , јас неможам градник си погодам ќе барам некој без корпи жици , се ми смета бебе со нозе у желудник и гради мислам е кога тоа почнуваа да се олабавуваат надоле , сега овoа највисока позиција им е
Ај бе меше до кај си ти? Секој ден проверувам дали си пишала Има ли нешто ново, на прегледи одиш ли, што ти викаат? Ајде ситно броиш. Со лесно
Ете мила ме фати и 41 недела. Одам како не. Денес баш бев. ЦТГ реактивно, 40-60 и до 80 некогаш оди,јас болки немам. Постелка супер, п.вода доволно,протоци супер, бебе ужива. Не го вадат со сила. Чекаме болки или пукање на водењак така ми кажаа. Убаво му било сеуште во стомак. Даваат фора уште 10 дена над термин. Па после одиме со провокации. Ако не биде деновиве,петок пак контрола.
Ајде само храбро, во првата бременост и мене ме предупредуваа дека ќе го носам мин 10 дена над термин, па сабајлето преглед и оп 4цм отворена
И јас сум 31 + 5, и немам проблем ни со спиење, ни со градник, ниту момата ми прави многу проблеми со риткање. Си ритка, си мрда ама нежно не ме здоболува. Јас си се чуствувам како да сум на почеток на брeменост. Понекогаш ме боли стомакот и половината, и киселини веќе немам. Ич не сум за жалење.
Исто и јас ко тебе во тие недели, дури мислев дека тие што си имаат мака си праат филмови, беба беше ептен нежничка, спиев ко топ (станував по 1-2 пати само за во вц и пак одма заспивав), ниту перница за трудници имав, ниту колкови ме болеа, ништо. Ама од 35та натаму се свестив дека сум 'ептен трудна' тогаш почнав со тркалање да станувам од кревет
Матичната ми рече цтг во 36 недела. Тоа е кога ке бидам 36+ или ? Исто и за брисеви кога треба со неделиве се избунив целата.
31+3 денес. За спиење не ми се зборува, спиам само првиот саат кога ќе легнам додека не ме осетила дека спиам ваљда , после тоа почнува со журката, премногу киселини и повраќање од киселини. Болки и во колкови и во нозе секаде. И јас ја носам доста високо цела бременост и најмногу поради тоа имам мака со желудник. Од градник се откажав јас уште во 5ти , и ми одговара тоа со оглед на тоа што работам од дома си седам по пижами. Ќе издржиме уште 7-8 недели барем.
Исто баш , спијам сат два и толку и коа ќе легнам у полн фазон е а до скоро мирен беше нежни удари , последниве 2-3 недели се е на турнир у фудбал изгледа цел стомак ми мења форми , па коа ќе испакне ногичка ил раче и ја му се подавам му праам троп троп јас ниско го носев и срга од кога е горе , киселини повраќање у полн фазон а таман се опраив малку оретчив со повраќање и пак Ќе издржиме да
И јас сум од тие неспијачите,со подочњаци сум.Заспивам со ќерка ми 21-22 и се будам во никое време 2-3 и до сабајле не можам да спијам ,таман сум заспала и треба да станувам за на работа. Па и кога се будам и тоа се буди внатре и рингишпил.
Ти арно заспиваш ја она коа ќе се успие се расонувам а и она толку 9-10 заспана е , и околу 12 заспивам и после 2-3 у шема , го замразив бројот 3 веќе па цврдто спијам сабајле од кај 6 до 8 и толку се буде малата и у поход , а денски па да дремнам оу но , не ни мора тогаш пижами вечерта да облекувам може нешто да почнам да плетам Мене и мнпгу нозе ме вртат , трпки ме фаќаат и тоа строго едната , гледам да се свикнувам без магнезиум , оти нели не е препорачлив последниот месец додатно да се пие ..
Иста сум и јас. Се мислам да почнам да легнувам подоцна дали ќе врзам сон. Пд 2 до 4 сум обавезно будна. Ова од како почнав со усѕрохестан, магнезиум и клексам
Јас ептен скоро, пред 20 дена ми почнаа симптоми. Почнав со температура 38.5 и оток во грлото, носот целосно затнат, омалаксаност огромна, неможев да се мрднам од кревет, 5-6 дена бев со овие симптоми, температурата варираше од 37.2 до 39. Кај мене најизразена омалаксаноста што ми ја кажуваа предходно како симптом и болката во грлото. Од матичниот доктор добив препорака за тест 3 дена по прв симптом, резултатот го добив уште вечерта. Ми дадоа да пијам освен фемибионот и дабростанот што ги пијам од почеток на бременоста да земам 1000мг Ц витамин, цинк и селен и антибиотик Амоциклав заради големото воспаление на грлото. Правев инхалации со крупна сол и Лесана по 1 лажица, по неколку пати дневно, за да се одблокирам бидејќи од секретот што ми се слеваше од носот неможев да дишам. После 6 дена температурата целосно се нормализира, грлото ми се смири, но изгубив целосно мирис и вкус и омалаксаноста продолжи но не како предходните денови. Поминати се 20 дена од прв симптом, освен недостаток на воздух другите симптоми ги снема. Правев анализи само за крв и димери и беа во ред. Матичниот гинеколог ме советуваше само на многу одмор и смиреност. Според неколку гинеколози и тоа што читав на интернет Ковид нема дејство врз бебињата, се надевам дека се ќе биде во ред
Фала ти многу за споделеното од сношти маж ми крена температура 37.3 малку повеќе испаничив и денес сум со болки во стомак односно во желудник и омалаксаност. Поручек е матичната ќе се консултирам со неа
И јас прележав исто како @mamaJana пред 20тина дена ми почнаа симптомите. Некако многу тешко поминав јас, 8 дена бев со температура до 38, огромни болки во телото, омалаксаност, сува кашлица од прв ден што стануваше влажна постепено, неможев да земам убаво воздух, буквално гушење имав на секое станување од кревет, до толку што не бев способна дa одам до кујна или до wc. Ова интензивно немање воздух и стегање во гради траеше околу 5 дена, после попушти. Испив 2 дози сумамед и панцеф уште 10 дена. Фемибион, плус цинк и 2 капки д3, пробиотик. Аспирин превентивно и дабростон бидејќи имав некои болки. Ми направија само крвна слика за која не знам резултати. Сега сум подобра иако не сум потполно во нормала. Петок ќе одам на контрола за бебето и ќе видиме како е. Се надевам се ќе биди во ред после толку лекарства. Со лесно!