Шефот од деверчето мое имал корона. Вика маж ми држи дистанца, па јас сум била на дистанца со него, ама мајка му и тој не биле. Леле само при крај да не биде нешто.
Мене докторите ме убедуваа дека трудници и деца многу лесно го поминувале вирусот, јас и ќерка ми која има 2 години бевме катастрофа, не ни се сеќавам на делови од денот во првите 5 дена.. Ќерка ми беше нон стоп со температура 38.5, омалаксано, преморено, уста не отвараше, легнуваше кај стигне од што беше исцрпено. Исто и јас иако поминаа 20 дена уште се задишувам од време на време, не се чуствувам целосно оздравена.
Вирусот воопшто не е за потценување после ова што го преживеав можам да кажам. А кај нас малото немаше ништо само неколку дена така како да ми грчеше со носето, ко затнато, ништо друго. Ете кај секој различно. И мене ми велеа бремени лесно врват ама кај мене, јас бев на раб за хоспитализација. Чувајте се сите многу!
Ме убива глава деновиве од лоша циркулација и лежење ама се вклучувам специјално за да споделам: ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ, цврстото масло за масажа (како сапун е формата) на Lush, со мирис на портокал и лаванда. Од едната страна има како испакнатко, баш убава масажа прави на меше кога се втрива. Цената му е околу 600 денари. и плус, анти-стрии p.s. Искуства со седење на пилатес топка?
Девојки малце се испаничив па ми треба мислење Се истегнав пред да станам од спиење после тоа имав болка во долниот дел на стомакот ама не сум и во вц појдена дали е од тегнењето или од тоа во вц што не сум појдена?Болката трааеше кратко ама силна за плачење да речам моментално е подобро само на седнување и легнување имам болка кај јајникот десен а и бебе е тука ?
Баш за корона се вклучив да прашам и гледам мислења. Од вчера сум со симптоми страшна мускулна болка во колкови и нозе, омалаксаност, температура денес околу 38, блага сува кашлица и повраќање. Повраќањето дефинитивно не е од бременоста бидејќи сум 12 недела и до сега не повраќав. Мајка ми со која имав контакт за викенд е со исти симптоми со исклучок на повраќање ама плус изгубила осет за мирис. Скоро сум сигурна дека е корона. Се јавив на матична да закажам тест ама нема термин овие неколку дена и не знае колкава доза витимани е препорачливо за трудници. Од друга страна одам на работа и морам да го оправдам отсуството, значи тест ќе мора да направам. @mamaJana и @SophiaBella кои витамини ги земавте и во која доза? Засега пијам само премама и ц витамин. Секое искуство е добредојдено патем.
Јас се консултирав со матичниот гинеколог и бидејќи земам веќе фемибион 2, а општата матична ми рече да земам дополнително цинк, вит ц и д3, гинекологот ми дозволи само плус 20мг цинк и една до две капки д3 на пливит плус, никако повеќе затоа што преголеми количини на д3 можело да предизвика аномалии на плодот. Витамин ц ми рече да земам во природна форма лимони портокали итн. Освен ова јас пиев антибиотици, пробиотик, аспирин. Консултирај се со гинеколог најдобро не земај на своја рака, а и не земај здраво за готово нашите искуства тука, сите сме различни. Со помин.
Јас освен фемибион пијам Ц витамин 1000мг и кесички фармавитал со цинк 10мг и селен 50мг. Електролити земав по 1 шумлива ОРС дневно. Консултација со матичен општ и гинеколог обавезно, јас бев и 2 пати на преглед кај општиот, пред утврдување на корона и откако ги завршив антибиотиците.
Kaj menr na 5 nedeli ne se gledase nisto i mojata mi rece vonmatericna bremenost isto taka me izvadi od pamet. Na kraj izleze pokasno bila ovulacijata i oploduvanjeto. Eve sme skoro 32 nedela taka da ne se sekiraj rano e uste
Во врска со матичните некој се без осет и врска немаат што зборат. Јас и сопругот во март требаше да идеме на генетско испитување зошто имав лани индуциран абортус поради синдром на тарнер. Ама поради короната го одложија и јас меѓу време сум останала бремена, и кога направив тест за бременост, отидов на преглед. Од една страна пресреќна што бремена сум, од друга се плашам да не треба пак да минам низ истото, зошто едвај се соземав. И на мене матичната со цел памет ми вика леле па не направивме испитувања, леле сега кој знае како ќе е оваа бременост ( наместо да те смири, да ти биде подршка, паника ти ствара ).И од тогаш на акл не ја ставам што збори, идам кај неа зошто нема друг малце поарен гиниколог во мојот град. А во меѓувреме си одам на приватно, и фала му на господ се е во ред.
I jas radi takov maticen cela bremenost na privatno odam nz kolku pari dadov ama mirot mi e pobiten me mrdna prvite 3 meseci
Јас пијам 5000 единици вит д3 а максимум дозволена доза за трудници е 10000 единици, 1 капка пливит е 200 единици. Не е точно дека витаминот д може да предизвика аномалии, како може д бидат толко неедуцирани докторите не ми е јасно. Витаминот д во прво тромесечие игра клучна улога во формирањето на постелката. Ме чуди докторот со таков став, јас на 100 места се консултирав за витамин д бидејки мене од ревматолог ми препиша 300.000 единици ампула д ја пија еднш месечно, кога направив тест страв ми беше да ја испијам таа доза од еднаш па решив постепено да ја зголемувам дозата, пиев од 4000 па од 5000 сега ке зголемам на 6000.
Не знам, така ме советуваше докторот, така постапив и така споделив тука. Дали е правилно не знам. Докторот мој важи за еден од подобрите во мојот град и му верувам. И сама по некоја логика знам дека не треба со ништо да се претерува, па ни со витамини. Ама секој е различен затоа кажав, може на некој му треба поголема доза, на некој помала и затоа кажав да си се консултира со доктор членката.
Леле како убаво го претстави, за малце ќе ти поверував хахаха се зезам, јас сум скоро еве 9ти и мачно ми е многу, најмачно физички до сега, ама па најубаво мислејќи дека сум при крај и дека уште малку ќе и ја видам фацката
Јас мила прележав корона и тоа во рана бременост околу 7 недела. Имав контакт со позитивен,после 5 дена прсвев пст тест негативен а после 7 дена од тестот изгубив вкус и мирис и кашлав.Се консултирав со матичниот гиниколог и со Плодност бидејќи сум инвитро и ми дадоа совет да си ја примам стандардната терапија,плус витамин ц 1000, циковит ц за имунитет , фраксипирин и сируп за кашлицата и многу многу цедени сокови,чаеви, супи течности и да одмарам повеќе.Мене ми рекоа дека на почеток нема потреба од антибиотик но доколку се влоши состојбата да ми се уклучи сумамед и дека може да се прими во бременост.Најбитно ми рекоа да не паничам и дека плацентата не дозволувала да се пренесе вирусот на бебето.Мене на 3 дена идеа од брза помош бидејќи примав инекции прогестерон депо мускулно и плус ми мереа сатурација и со стетоскоп ме слушаа на градите но беше чисто и не примав антибиотик.Инаку кашлица имав може 3-4 недели и ме болеа градите околу 5-6 дена.Откако ми заврши изолацијата правев серолошки тест каде што имав високи антитела плис крва слика комплетна и ддимери.Фала му на господ со бебето е се во ред,правев прв скрининг се беше супер и сега чекам резултати од нифти.Чувајте се,вирусот е тежок ама најбитно и да излезе позитивен тест да не се паничи и редовно да се следи состојбата.
Со амниоцинтеза пред да ми индуцираат абортусот открија кој синдром е. А до таму дојдовме после првиот скрининг на ГАК кога ме прегледаа ми рекоа дека плодот има огромни отоци ( што матичната моја претходниот ден ми рече дека се е во ред) и дека мора да ја прекинам бременоста ( и ова по пишаното ми го објасни сестрата), а не докторката Бина која ме гледаше ( колку само беше дрска ). А сега за оваа бременост требаше да правам или амниоцитеза или пренатален тест. Ама јас одбив и така оставив се во божји раце.
Мешиња препорачајте ми лесни вежби за грб и појас за да го држам грбот исправен (ако смеам да носам во бременост). Имам кифосколиоза уште од дете, ама сега почна многу да ми смета. Ме боли грбот и ребрата во висина на желудникот, а тек 17та недела сум.
I mene kicmata ama bas kade sto se spajaat rebrata i od napred. Se tripav deka zolckata mi e problem, duri i na lezenje me boli. Vakvi bolki i vo pubertet imav sigurno od drzenjeto e. Togas i na nekoi vezbi odev ama sega...