Е што ми е мило што те гледам во ова тема Добродојде Само убави мисли и позитивна енергија и се ке биде добро
Ако сакате, симнете си ја апликацијава и двете, си бираш за што сакаш вежби, колку минути да траат, во каква состојба си, дали имаш лесна или "тешка" бременост, дури и гласот и музиката си го бираш, супер е апликацијата, пробајте.
Фала ти мила. Успеав конечно по трнлив пат ама фала му на господ тука сум со полно меше едвај чекам да поминат две недели срценце да слушнеме
Девојки,леукоцити во урина малку покачени,матичната рече неколку дена увин и брусница.Некоја со вакво искуство,од што се покачуваат. Минатиот месец уринокултура чиста.
Секогаш ми се малку покачени, сосема нормално и очекувано. Не пијам ништо посебно, исто уринокултура чиста.
Јас и ти Луни сме тука негде и јас за две недели сум на контрола за срце, едвај чекам ајде нека ни биде со лесно
Фала ви. Јас еве денес сум многу подобра, немам температура, немам мускулна болка, само малку поткашлувам, ама не осеќам некоја болка во градите, можеби некој мал притисок кога ќе земам длабоко воздух, ама успевам да го задржам 10 секунди (не знам дали е ова некој показател ама читав некаде дека било). Инаку пијам многу течности, ц витамин, д витамин и орс раствор. Се надевам само со толку ќе поминам. Не знам само дали може од вака полуоздравена да ми се спушти нагло на гради и дали ќе осетам ако се спушти. Не збудалеа веќе медиумите се нешто се изнаслушав изминативе месеци и само паничам. И крвна слика правевте ли со црп, може треба да направам. Инаку тестови нема, има само брз тест, докторката вика дека преку бриз биле подобри. Каков правевте вие? На кој начин се прави брз тест знае ли некој? Забегав малку од темата, извинете. Еве да не бидам офф 12 недела и веќе ми се изгубија утринските мачнини, се надевам на бебуш на му смета што мама е вирозна. Галете мешиња и чувајте се
Здравo мешиња Пoлека ќе преминам вo втoрo тримесечие, лета времетo... Oд денес 12+4. Завршив сo прв скрининг се е вo ред фала бoгу. Мисли дека е машкo нo ранo е за сигурнo да се пoтврди. Малце не ми е сееднo штo oваа бременoст е без приска самo ехo, за првoтo правев и приска. Ми вели дека нема заштo да се грижам дека се е вo ред и дека тoа се статистички пoдатoци. Ми земаа и брисеви па ќе видиме и oд тoа резултати. Пoздрав мамички
Стр незнам како е , за тука ја имам позитивно искуство од првиот пораѓај . Сестри како и секаде и добри и лошка една две , ама ја немав ич пр .. У буквала се добри сестрите . Доктори сега идат од ск од чаир и гак незнам поточно кои се по име ама ок се , Адела исто иде а она е мн добра док , еднаш и бев кај неа на преглед , предобар пристап .. За чистота и храна ко и секоа државна тоа е што е , топла вода има најважно , топло е , вц има секоа соба , бубачки чуда да лазат ја не видов ама не искл со сигурност да нема незнам тоа нр сум видела јас Постелнини мењаа редовно , арни се бе болница ко болница . Ја тука ќе бидам освен ако не е влошено мн со вирусот ситуација ќе одам на приватно ..
Не значи дека ќе ти се влоши, јас кога веќе почнав да се чувствувам добро беше после инфузиите и не ми се влоши после тоа. Правев крвна со црп и ми беше 125, на последната крвна пред една недела беше паднато на 10. Не значи дека и твоето црп ќе е високо, на друг член од фамилија исто позитивен со лесни симптоми а не како мене, црп највисоко му беше 9. Кај секој е различно, немој да се секираш, ќе помине.
Без гајле биди за приската, јас сум следна недела на прв скрининг и ми велат сите дека ако е се во ред на ехо нема потреба од приска дека сето тоа се математички пресметки, така да уживај си. Мене ми зедоа брисеви, пап тест се е во ред фала богу, уште првиов скрининг да го поминиме, баш сум нестрпливаа
Јас и ти изгледа ептен исто тераме со неделите 17+1 сум денес. Јас имав исто болки во кичма и коски,почнав да се истегнувам по малку,зедов и Osteocare за калциумот,така ми рече докторката плус бидејќи примам клексани цело време мора да земам повеќе калциум,па еве последните 2 3 дена ми е подобро.
Ептен тука сме биле. Јас 17+2 денес. Не знам зошто, мислев дека си понапред од мене. Еве од сабајле си зедов еден појас за кичмата од дете што го имам (ме фаќа уште ) и го носам, некако полесно ми е. Морам да почнам барем со лесни вежби и истегнување, оти кај е 40та недела, не можам вака да терам. Бебе сега е веќе 200гр, кога ќе почни и тоа да тежи ако продолжам вака, закотвена в кревет ќе останам. На следен преглед ќе ја прашам матичната за да земам плус калциум, ако не ми се смири болката, ќе ја барам и пред време. Витамин Д земаш?