Девојки денес бев малце поактивна околу домашните обвски и подолго стоев кога во еден момент осетив на два три пати ме пресече нешто во делот на матката. Одма легнав во кревет но се испласив. Дали се нормално тие болки како грчеви во матката 11+6 сум
Има во Osteocare и плус земам уште 2000 IU,пробај со лесни вежби,мислам ќе имаш подобрување,таман ми поминаа мачнините и повраќањето сега ова,ама слатки маки,ќе издржиме
Од тоа барем бев поштедена, немав ништо, освен киселини повремено. Сега ќе си го спотниме малку газето, таман секси мами на пролет ќе бидеме.
Искрено немам лично искуство со Струмица, ама мои блиски што раѓале таму поминале катастрофа. Мито се барало на големо од чистач до доктор. Една пријателка беше толку многу лошо шиена што едвај на нога стана. Друга блиска малтретирана со часови додека не му се дадат пари на доктор. Многу било нечисто, бубачки на секаде...
Пак јас со мака. Стигна резултатот од брис, имам изгледа уреаплазма, на другите на сите стои негативно, а овде не пишува негативно туку има наведено осетливост и резистентност на некои латински називи. Ќе си пукнам од мака. Има ли некој што ја имал, како ја излечил и може ли да ми направи проблем?
Јас ја имав пред бременост, многу е честа и упорна бактерија и никако не смееш да имаш незаштитени односи со маж ти додека ја лечиш. Јас ја излечив со антибиотици мислам цефалексин ми дадоа. Мислам дека не е опасна но дефинитивно е досадна
А имаше ли некакви симптоми? Јас немам ни исцедок ни ништо, мислев ќе бидат чисти брисевите, ама ете...
Немав никакви симптоми, но и маж ми ја имаше така да моравме заедно да ја лечиме. Две недели траеше терапијата и толку. Не се секирај пиши и на матичната ќе ти даде соодветна терапија
Браво со лесно да си тераш , па ќе се дружиме, едвај чекам да поминат тие две недели да се опуштам малку.Инаку имаш ли некои симптоми јас само градите што ме болат малку, немам апетит ич ништо друго.
Хм, мои две другарки во Мај се породија и поминаа солидно. Мито на државно нема каде не се бара, а тука особено, тоа ми е јасно. Ама условите они ми кажаа дека биле добри, чисто било и им обраќале внимание сестрите. Јас треба таму да се пораѓам здравје, затоа те прашав. Се надевам не е вака како што опишуваш.
Јас пак со иста мака ко твојата ама во првата бременост. Пиев еритромицин антибиотик плус исти такви вагиналети ако не се лажам. Докторот ми рече дека е подобро да се третира, да не се остава така. На следна контрола ја немаше веќе.
По колку време правеше следна контрола се сеќаваш ли? Уште ова ми фалеше периодов, утре ќе правам брз тест за корона ако излезе позитивен нема да можам ни терапија да земам за бактеријава.