Не сум 100% сигурна ама сигурно некаде после 2 недели после терапијата. Знам дека треба да помини некое време после антибиотик за да не се добијат лажни резултати.
Девојки колку е нормално да имам како беличко на врвот од пупките? Од утре полни 12 недели, не е малку рано за млеко? Не тече ништо, само како пребоенко во бело, вчера забележав. Извинете ако звучи смешно, ама не ми е јасно.
Имав и јас исто цела бременост. Како коричка ми стоеше. Во темата Доење прашав, ми рекоа да не го чепкам, нормално било.
Јас сум 35+ па тек пред неколку дена приметив нешто слично на пупките, како кора со жолтеникава боја. Прашав доктор, ми рече дека е колострум и дека нежно може да се исчисти пред бањање. Во секој случај, нормално е Поздрав за мамичката што се породила, нека пише ако сака како и каде
Здраво мамички Јас сум 17та недела од бременост и последнава недела ми се случува да забележам крв од носот, не е облно, но кога ќе издувам на тоалетната гледам крв... Секој ден скоро, а проверував крвна слика пред две-три недели можеби, се беше во ред. Ако некоја имала вакво или слично искуство нека ми каже. Поздравче
Имам и јас од време на време,нормално е крв од нос и крв од забите не се секирај душо....јас сум 23 недела уживај си
Мене цела бременост ми се случува да ми потекува крв од нос, и од тоа само од една страна. Не се случува често, бргу запира и малку потекува, али ми рекоа дека е скроз нормално заради хормонските промени што се случуваат во телото. Во секој случај прати си го притисокот. Ако случајно ти е висок кога ти тече крв од нос, кажи му на докторот. Поздрав