Ќе полудаааам, ми се спие ми се плаче не можам да се наместам 23+2 големо меше ми пречи, како и да легнам пола стомак е под мене, едвај чекам да заврши ноќва и сабајле рано одам да барам перница за трудници, ох боже побрзо нека пројде вечерваа плис а маж ми си спие гајле си нема
И јас исто срцка, затоа на секој пост одговарам Тек моето меше да го видиш уфф никако не ми е згодно. Али утре почнувам со докторот што ќе ме пораѓа и многууу сум возбудена Плус едвај чекам ќерќичка да си ја видам на ехо Ајде ќе издржиме некако
Јас пак се чудам како не ми смета воопшто. Во првата бременост имав баш голем стомак и немав проблем за спиење до крај. Не користев воопшто перница за трудници. Еве сега мешко ми рипна ама ок ми е, си наоѓам позиција. Него мене ме загрижува исцедоков. На брисевите во 13та недела ми излезе кандида без никакви симтоми. Примав терапија,а сега имам исцедок. Нема мирис, чешање ама знае да смени боја накај бледо жолтеникава. 18 +6 сум, далеку ми се следни брисеви
Е да ви кажам не се замарам до толку, што фатам сама фатам, на депилација не планирам да одам ради коронава, не сум отишла никогаш не средена и запуштена, ама малце влакненца сигурно сим имала, искрено некогаш, кога сум одела на дежурен не знам главата кај ми е ако ме болело нешто, не па да се замарам тогаш да се средувам, шанса нема.
Јас мила никогаш не одев на депилација, од срам Ама сега од кога ги родив двете природно, и кога 100 души ми ја видоа и испофаќаа почнав да одам За прв пат во мојот живот Иначе само еднаш ми се имаше погодено малце да сум обрасната, секогаш се трефнувало да бидам средена Уствари, фала му на бога, лесни бремености имав, па на прсти се бројат колку пати итно морав да одам на преглед, а и тогаш кога одев веќе бев од претходно средена
Јас што фатам, ќе фатам на слепо и не се замарам искрено. На депилација не одам, прво ми е неугодно да се наместам со оволкав стомак, второ боли и трето не знам дали топлиот висок би наштетил. Сама со огледало не можам да се навалам стомакот ми пука. Секое туширање се средувам, ама што ќе фатам тоа. Тоа е што е, за две три влакненца и јас не се замарам.
Нема ни зошто уствари Они денеска гледаат по еден тон дунди,и ич не им е гајле. Финтата е да немаш жбуњ, и ништо да не се гледа оти тогаш они фаќаат со брич
У главно женчиња, ич да не сте се замарале за влакната, ама ич.. затоа што се дел од природата, и секој гинеколог го знае тоа. Како што веѓите имаат функција да задржат ситни честички, инфекции , за да не влезат во очите, влакната во носот исто , така и срамните влакна ја имаат истата функција, да спречат колку можат инфекција. Арно ама, модерното општество направи да се срамиме од тоа.. Со лесно на сите мешиња
Извинете ако прашањето не е за тука. Вака 33+2 сум и пред некое време забележав дека на внатрешната страна на нозете и бутовите имам стрии по целата должина и тие се изразено црвени до розови.. дали некоја имала сличен проблем, со што да се мачкам го имам путерот од хип и маслото од еуцерин ама ништо не ми помага дури мислам и се зголемуваат.. А и не сум здебелена многу скоро се ме бере што носев на почетокот со исклучок на стомакот нели нормално... Ве молам за совет
Оох, ако се црвени ништо не помага, со тек на време може да избледнат, мене ми се направија под градите, затоа што секаде се мачкав со крема и масло, само таму не, откако искочија се мачкам и таму, ама сега е џабе, си стојат така црвени и испукани, ти се мачкаше нешто пред да се појават?
Друшки ми треба помош,јас сум 12+5 и примам фраксипирин цело време оти ми варираат ддимерите и до сега ги примав во рака ама веќе не можам во рака бидејќи ми се појавија грутки и не може да влезе иглата.Ми рекоа може и во стомак и во нога ама бидејќи со инвитро не знам колку инекции имам примано во стомакот се решив за во нога.Некоја што користи да ми помогне точно во кој дел од ногата ги става и под кој агол?