Мои другарки трудни пиеја по чаша , две вино на излегување, исто и пиво. Не е штетно, и јас си пивнувам некогаш по некоја голтка
Фала мила, сега ми присака душата, се напив, иако не пијам често. Бидејќи читав на нет, и велат не е убаво, добро за бебето, ама тоа е.. Дај боже се да биде добро,
Која недела си? Подобро ти е да избегаваш алкохол во бременоста, може да доведе до ментална ретардација на бебето. Ок две три голтки еднаш ти се десило, ама би ти препорачала да не продолжиш со тоа.
Доколку трудница е позитивна , прегледи контроли како ? @SophiaBella те имам читано ти беше и др прележано исто имаше овде што пишуваа , ме интересира ако може да споделите искуство , совети -маж ми е заболен еве 2ден јас и ќерка ми ок сме сеуште , без симптоми , ама некако се чуствувам чудно на грлово и претпоставувам ќе сум заразена и јас (веќе и психа мава дополнително ) на дистанца е од нас ама до вчера не се пазевме .. А јас оваа недела сега имам термин за уреоплазма брис ми остана , и некаде околу 17декември треба за ехо и последнитр брисеви , 32н+ сум сега . Утре тек ќе се слушнам со матичната , ама сигурно нема да ме приме , општава денес телефонски ни кажа 20дена изолација сите 3ца ние да сме . А јас знам и читам ако немам симп не пројавам 10 дена знам е да сум изолација . Сите различно кажуваат ... Кој најточно треба да прашаме ? На мж е др по решението си е тој од тестирање коа ќе излезе . Мене ми е и за брисевите најмногу некња не ми земаа само тој за уреоплазма а и овие другиве ми се закажани за две недели , па и ехо не сум била од некаде пред 17-20 ноември
Абе ај оваа смотана докторка , само ме изнервира 20 дена сите дома , а јас и кажувам нели е помалку за контакт и без симптоми па дури ми се испонаша малку. Незн јас само дали да се тестирам или да чекам како шо она ми вика , ако сакам јас треба на приватно и да одиме ск а и тоа како ќе е изводливо , или да а малтретирам и испокарам со неа за да ми закаже термин она на државно ... Не ми е пр мене ќе иседам колку треба јас и така не одам апсолутно никаде веќе 2м до доктор и толку , мж и тој работа , маркет пазарува тој и дома , ама еве од работа закачи на толку пазење речиси 8м сега на крај со ова , се надевам со лесно ќе миниме и ќерка ми да не префате па и јас , стресно е мисли еден куп :/
Јас да ти кажам имам осветено вино и кога чуствувам потреба незнам како да објаснам од внатре ме тера нешто да се напијам од виното дека е осветено како Господ ми помогна до сега и од сега за се и си пијам по 3 голтки не е страшно
Искрено и не знам баш од внатре кога ќе имам чуство... не е секој ден и не големи голтки ама мали три да ама друго ништо воопшто да не бидам погрешно сватена .....
Не велам да се пија тоа си е индивидуално само јас така имам чуство дека треба да се напијам свето вино и затоа го правам тоа ..... Не сакам да бидам осудувана јас знам дека мн работи се штетни
Ама не значи дека си осудувана ако си напишеме мислење во темава. За сите е темава. Не е индивидуално. Никоја не смее да пие алкохол во бременост и доење. Е сега ти ако сакаш ќе пиеш, твој избор. Ама сепак истражи си какви штетни последици може да има алкохолот и дали има безбедна доза, ете да не ти кажувам јас, јас не сум веродостоен извор. Ова го велам затоа што на членката и кажа - Не е страшно.
Не не во ред е за тоа е темата да.Искрено за првата бременост кога бев појдена на гинеколлог во мк ми рече алкохол една чаша црвено вино или пиво неделно е дозволено и не е штетно 5 цигари дневно ми набројуваше работи кои се дозволени а кои не.Јас ен сум доктор и не знам дали има безбедна доза ова беше од гинеколог сепак не пијајте само и пишав да не има грижна на совест.....
Бидејќи ова го имам тука вода и не знам дали осветуваат не сум во мк ми беше однесено вино и погача за име и така ми остана...
Јас ќе ти кажам совет, се' што ќе ти каже гинеколог и било кој доктор, провери го 3 пати на интернет од веродостојни избори како на пример Светска Здравствена Организација, затоа што не се нормални какви глупости лупетаат некои здравствени работници.
Да за тоа си во право на интернет читам дека не треба да се користи алкохол и цигари.... Само како што реков не беше со намера да поттикнам да се пие туку да не има грижа на совест сепак сите знааеме дека се штетни и кога не си бремена а не па во бременост
А надвор од оваа тема За што поточно е третиот скрининг и кога се прави за една недела сум на втор па да прашам дали прават трет тука бидејќи ми ги спомнаа првите два само ?