Вака да ти кажам ова напишаново далеку од интересно или било што секој си прави во бременоста како го советуваат и како мисли дека е најдобро.... Јас сум религиозна и сакам да се напијам осветено вино тоа е моја одлука јас не реков ПИЈАЈТЕ И ПУШЕТЕ само кажав како ми рекоја и мене за девојката да не чуствува грижа на совест.... Тука тој што не пишува и е против ова Мајки се а тие што ќе се напијаат голтка две не се мајки немој..... сите носиме душа во нас и никој од нас не би му посакал лошо на бебето бидејќи многу од нас со мака стасале до тука....Како и да е ....
Ne rekov deka ne se majki tie sto se napile ili zapalile cigara, sekoj si pravi kako misli deka treba. A prasanjeto pogore stvarno me interesira za tebe konkretno posto te citam niz temive kako se potresuvas za najmali sitnici vo bremenosta i odednas vinoto e ok deka osveteno...i nesto od gore te tera da se napies...jas ne sum tolku religiozna i ova mi e nesvatlivo.
Да се потресувам на ситница и за секој сиптом барам дали е нормално или не оти поминав доста болка јас не реков ПИЈАМ ПОЛА КИЛО ВИНО СВЕТО туку три голтки кога ќе почуствувам дека треба да се напијам ... епа дали е до тоа што не си религиозна незнам секој индивидуално....
За трет незнам ни јас , ако знае некоја нека објасни...јас бев во 22 недела и сега во 24 пак ми рекоа да одам срцето поубаво се гледало...малку позеленев кога ми рекоа да одам пак ама нормална контрола било....
Јас сите средства ,значи од сјај за садови,за машина,тоалет ,освежувачи за просторија и прашак за перење се купувам од ДМ на марка Денк мит.Најефтини се и преубаво чистат. Конкретно средството за тоалет беше 59ден.
Те читав во другата тема веќе некое време и кога отворив тука и те прочитав, епа солзи ми дојдоа од среќа многу се израдував и од срце ти посакувам лесна бременост и за 9 месеци гушкање со тоа точкичето во меше што ќе порасне во едно совршено мало човече
Не знам кое тромесечие си, ако не си прво не мислам дека ќе имаш било каков проблем со 3 голтки вино. Само да не е постојано. Иначе, жени пушат како оџаци, се фарбаат/шатираат, користат секакви хемикалии за нокти, се полнат во муцки низ бременост и родиле деца сосем здрави. Виното шо си го пиела максимум може да има 15% алкохол, и нека не ти е грижа на совест, за трите голтки рачунај рум штангла си к’снала. Жестокиот алкохол е веќе проблем.
Прегледи никако јас имав болки уште не бев ни тестирана, само суспектна, и телефонски гинекологот ми кажа дека нема ни на болница да ме примат, Скопје ќе требало да одам. Ова за во мојот град кажувам. Од Битола сум и во Плодност се јавив и таму не примале. Среќа што се смирија болките. 7 недели вкупно ми се собраа без преглед, полудев. А за изолација, ако си тестирана и позитивна 10 дена без симптоми, 20 дена со симптоми. Ние бевме 20. Син ми не беше тестиран, немаше симптоми, ми се јавија од јавно здравје ќе пуштеле и за него решение, но не добив. И затоа не знам да ти кажам за нетестирани, само контакт со заразен колку е. Малиот седеше со нас 20 дена дома.
Точно ти објасни SophiaBella, прегледи никако. А и не е страшно ако ги одложиш со една недела, ако бременоста ти е нормална. А и немаш избор реално, освен да ако излажеш, шо ич не е фер. Дури, и ако си суспектна и да почнеш да се пораѓаш, те праќаат Скопје, па ако треба по пат породи се
@KittyCat:) Третиот скрининг е исто како обичен преглед ако одите по приватниве исто се наплаќа како преглед. земаат мерки но и гледаат протоци ништо ново и ништо поинакво
@Poppins Ај со лесно нека мине.. Мене ме мава на психа веќе дека или сум или ќе се заразам. Се грло ме гребе,се туку поткашлувам деновиве.. и времево променливо,а немам навика да се облекувам подебело,па и да настинам ќе мислам корона е Неделава бев на преглед кај Петровска, влегува една пред мене кај др доктор во друга просторија, коа она позитивна. Како бе така, ем знаат ем се шетаат позитивни наоколу А не верувам дека не им е напоменато од страна на докторите да седат дома и да не излегуваат .. Башка и со маж и,па и он влезе со неа внатре, а на нас другите не ни даваат ни во чекална мажите да чекаат. Петровска го извика овој другиот доктор и му вика одма испрати ја,додека не прикаже негативен тест не смее да доаѓа на прегледи овде. Стварно не е во ред..
Не треба доктор да напомени, совест треба да се има. Ние 25 дена не бевме мрднати од прагот на вратата и храна ми носеа и ѓубре ми фрлаа. И јас сакав бебето да си го видам, кој ме спречи мене откако спуштив температура да одам во приватна болница на преглед? Совеста ваљда, зато шо ни не провери некој, ни се јави во скоро 1 месец, освен матична за симптомите... Ама тоа е секакви има, затоа сме дојдени до овој степен..
Совест на минимум, кај мене на работа преку еден ден доаѓаат оние кои треба да се во самоизолација,па дури во два наврати и позитивни. Туку ѕвонат од кризен штаб,ама што кога јас ќе ги “наклеветам”,џабе, не сфаќаат или намерно го прават тоа. Па “хехехеее и ракавици ли ве тераат да носите??! аууу па и со две маски, аууу па и визир ццц ко марсовци” итн итн. Да ти е срам да си совесен и да се понашаш одговорно и спрема себе и спрема другите.
Не би рекла дека ако трудницата пуши или пие алкохол бебињата се потполно здрави и немаат последици. Може не се одма видливи ама секако дека имаат. Прво одма кога се родат имаат проблем бидејќи се наоѓаат во состојба на апстиненција посебно оние на трудниците пушачи. Е сега од алкохолот ако се конзумира помалку и нередовно не може да се створи зависност, ама сепак е дозволено 0,0 мл. со причина. Според мене не вреди поради повремено задоволство да му, не дај боже, зафркам на некој цел живот. Кога ќе се роди и не мора да цица може мајката да се конзумира колку сака и никотин и алкохол. Вака ми е но но. П.С. знам личен пример на трудница која пушеше најнормално во бременоста и бебето кога се роди разви нешто на белите дробови и лежеше во болница 20тина дена. Случајност? Не би рекла.
Мене ми е за брисевите нај шубе ми е што ќе се одложат , преглед ајде за две недели покасно нека е , да не е за подрек до сега се е океј со бременоста .. Сега кај 1 треба да се слушнам ќе видам што ќе каже , како ќе ме насоче или дали да земам нешто плус , ама како и дае од денес 20 дена дома сме , од денес пријавени . Е јас ако појавам симптоми и позитивна да сум др приказна ќе е Да пијам ли д3 дополнително ? маж што зема ма др волц се глеам и со вит ц внатре мала доза а д3 мисл 1000и е . Фала @Chanell* Не да ме мава психа цела ноќ не спана , а и ја од коа почна есента се благо настината сум , нос до сеа се ми се затнуваше у спање последните месец два , сношти пак и цела ноќ ме држеше зстнато и тешко дишеее , па психа коа ме штрекна па на момент ми идеше да станам мириси да душкам и јадам нешто да видам сетилата оти маж сношти изгуби осет вкус се тоа , и кај мене психата на ниво од сабајле
Мешиња во четврток ќе правам прв скрининг на 12+6. Мислев тогаш да ми земат и брисеви кај матичен, ама матичниот ми бил на боледување до 20ти Декември најверојатно. Касно ли е после тоа да ми земе? Сестрата ми кажа до 30та недела се зимале брисеви, не било проблем, ама сакав и со вас да се проверам.
Нема да има проблем после 12 недела се земаат оти ако имаш нешто да примаш терапија оти пред 12 недела не се прима ништо.
Да, затоа и мислев паралелно со прв скрининг да ги направам. Ама чим може и покасно ќе почекам да се врати. Фала ви.