Јас правев трет скрининг во 28 недела, се гледаат сите органи пак, поставеноста, циркулација на крв, најмногу се обрнува внимание на срценцето, во 28 недела е веќе целосно развиено, ги гледа коморите, пред коморота, артерии, работа, како се функционира и дали е се како што треба. Тоа не ме прати матичната сама си бев кај докторот што ми го правеше вториот скриниг на приватно. Од 28ма до 30та недела мислам дека може.
Мене па Димчев ми кажа од 30та до 33та најдоцна, да се опфати 8ми месец ваљда, не знам, само не прашав за цена, еве викаат дека е исто како обичен преглед. @KittyCat:) Иначе за виното, јас се напив малце црвено вино така, пред неколку месеци, исто пишав овде, зошто имав страшна грижа на совест, од тогаш немам помирисано алкохол, не знам што ме натера тогаш, ама ете се напив, шанса нема да се напијам пак, додека не сум била бремена така сум седела во друштво каде што сите пиеле, па сега голема работа, цигари исто, не сакам ни да сум во просторија каде што се пуши, тоа е исто како пред бебето да ти се пуши утре, а строго сум против тоа. Жени, јас за се и сфашта се замарам, и за храна, и за бактерии, не јадам триста работи, гледам по здраво да се хранам, се и сфашта имам тргнато од список на омилена храна и пијалок, за секој преглед се замарам да го направам како што треба, и оппп другарка моја, колку мене трудна, не се замара за ништо, јаде што сака, пие алкохол, пуши цигари, оди еднаш во два месеци на преглед, иии пак исто поминуваме, не знам што да речам, за се живо да се замараш, или да не ти е гајле за ништо... П.С. на секое шише со алкохол, има прецртано дека е забрането за бремени, и на вино и пиво имам видено, кај нас.
Опушти се не се замарај толку Јас не се хранев нешто превише здраво. Како луда јадев благо, чипсови... не викам да не пазиш ама понекогаш касни си што ти сака душата.
Најдобро е да најдеш средина ако можеш. Нема правила, различен организам, различни искуства со бременост. Јас не сум за тоа премногу да се оптеретуваш, сепак бременоста е еден преубав период што треба да го минуваш релаксирано и да уживаш во него. Јас лично не внимавам ептен строго на храната, но гледам да имам редовни оброци, да јадам овошје, зеленчук, месо (иако не ми е омилено), да пијам повеќе вода. Пушач бев скоро 10 години пред да забременам, ама од кога го направив тестот немам ни помислено на цигара, ниту пак ако помислам би запалила. Ама тоа е сепак право на личен избор. Исто и за алкохолот, сакам некогаш пивце и чаша вино или џин тоник ама душичево што расте во мене го сакам мноооогу повеќе, така да не се осудувам да се напијам, иако голтка - две може не е ништо, срце не ми дава. Сите сме свесни за лошите последици, секој си одлучува сам како ќе ја помине бременоста. Многу е важно само да сме што е можно поспокојни, особено ако немаме никаков проблем, да не си бараме сами. Пробај да уживаш малку повеќе, ќе ти фали овој период после.
Пулсирање кај папокот, дури и непријатно веќе од што некогаш е прејако од што се јавува? Икање на бебето ли беше пулсирањето, негде мислам читав имаше пишано за тоа. 20+5, во среда на втор скрининг, а бебчето е премногу активно, посебно кога лежам на грб кога гледам филм, мислам дека салто напред и назад си праве.
Последиците од алкохол не мора да се видливи во секундата кога ќе се роди бебето за да тврдиме дека ете пиев па здраво и право родив. Последиците може да се во форма на намален вид, намален слух, проблеми во когнитивен развој, проблеми со однесување, намалена интелигенција, мала родилна тежина. Секако дека не е исто да пиеш 5 чаши дневно и две голтки. Ама, оние кои истражувале велат апсолутна абстиненција од алкохол во бременост и доење.
Леле исто другарка е трудна стајла на инстаграм црвено вино пие. И посочувсм декка не смее. Ми вика Па не бе не пијам многу само 1 во неделата по една чашка А што е најтрагично после 3г остана трудна...
Е па и мене ми се припивува, вино, jack daniels, некој шот. Со маж ми знаевме навечер по едно пивце да си се напиеме, па во кафич да излеземе да пиеме пиво во тоа големите чаши. Па на вечера да отидеме и винце да си пиеме. Се тоа ми фали, ама ко се решив да имам деца, се решив и дека од тоа ќе си стопирам. Ниту една голтка се немам напиено, ниту планирам во доење исто. Што е безбедно, безбедно си е.
И околу мене има жени кои пијат по една чашка која наводно е безбедна. Не е. Алкохол е забранет во бременост и за време на доење. Не разбирам зошто ризикуваат нероденото дете да има последици кога бременоста и доењето траат ограничен период. 16 месеци доење и 9 м бременост без капка алкохол. Жива здрава. Гарантирам дека и да ви течат лиги за алкохол бебето ке си е супер. Не можам да го кажам истото ако пиете.
Хехе сите ги испорасплакав, фала мила се измачив да ама успеав, сепак ние сме жени се сметаме за многу поиздржливи од мажите, бар замене е така, инаку многу сум водзбудена денес бев си го видов точкичето петипол недела е си одговара и докторотми рече супер е високо си е зафатено како што треба си е округло си има жолто ќесе и здравје на 14 преглед и слушаме срценце
Абе, лично јас не би пиела. Бев пушач пред да забременам, нити едно немам запалено во бременост. Ама ми е криво ко ќе се распне некој дека пиел три голтки вино occasionally, и ќе му се натури грижа на совест како немајка. А реално, ако гледаме така, многу треба да се внимава и што јаде трудница, какви сѐ адитиви, колку шеќер се изнабутува со изговор “за двајца” и ред други работи, и од овие навики резултатите се гледаат подоцна ама никој не го гледа тоа. Мислам, да не се сфатиме погрешно, не го негирам вашиот став, само малце too harsh некако се поставија сите кон женава...
Не треба никој да се распнува. Само да не се сфаќа ко распнување и најобичен коментар пошто и тоа често се дешава.
@...Arthemisia... абе што збориш, најфино што може им објаснивме дека подобро е да се избегнува алкохол во бременост. Кој се постави харш и и рече дека е не мајка? А треба ли да ќутиме и да поддржуваме нешто што не е за поддржување?
8 недела сум,а немам никаков апетит, јадам оти морам, а храната ми нема ич убав вкус.Дали е тоа вообичајно?
И јас бев така, и некоја храна не ни можев да ја поднесам, сега сум 12 недела и ми се врати апетитот, дури и неможам да се донајадам, но таа храна што ми беше одбивна, сеуште ми е
а што е со тоа што велат дека пиење едно пиво како доилка е во ред, дури и добро ради јачмен во составот сѐ додека има размак од два часа помеѓу испиена чашка и подој? дали е вистина или некое застарено сфаќање?
Некои чекаат 3 до 4 часа од пиење чаша до подој, за да се "распадне алкохолот" , но во доење најбезбедно е воопшто да не земаш алкохол. Ако ти е за јачменот, земи си безалкохолно пиво.