Јас лично не пијам, ниту пушам.. ама правам други работи што не се препорачани според многу бремени жени ( алишта во корито сама си изнасам на тераса да постелам, дрва во кофа си качувам од 1ви на 2ри спрат... и мене ми е убаво што цел ден работа и сум во движење ). Не значи дека една жена ако се напие 2/3 голтки вино, или пиво дека ќе има последици на децата. Не треба да судиме ние, секоја мајка е свесна за здравјето на своето бебе. И господ нека ги чува сите, оти недај боже ако треба да се случи нешто колку и да пазиме, ќе се случи. Мое мислење
Женски, ми падна чепот мислам дека, или е од вагинален преглед од пред 2 дена. Да не се спремам за болница, да чекам ако почнат болки или ако прсне водењакот, така? Иначе и да нема ништо , во среда сум на контрола секако
Здраво мешиња, јас закажав прв преглед за среда, иако ме советувавте дека уште ми е рано (4+5 сум според последна менс.). Ама nvm, дај Боже да е се' како што треба, пак ќе идам наредна недела. Инаку многу ми е страв со коронава, работам на преризично место во ЈЗУ, нон стоп со пациенти и дежурства (не во ковид центар ама откако ќе ги примиме и тестираме, многу излегуваат позитивни ). Нов е сеуште вирусов, ништо не знаеме.. Не знам како е ова со мерки од владава за нас во здравствен сектор, во службен весник излезе дека не можеме да користиме никакви отсуства ни платени ни неплатени.. Си ја сакам многу работата, во ниту еден момент претходно не бев исплашена за мене, ама ете сега поинаку гледам Некој совет или утеха?
Од кај матичен да си земиш потврда дека си бремена и да им ја однесеш во ресурси за да те ослободат од работа. Секое работно место во здравство е со висок ризик. Мораш да се чуваш.
Paracetamol, kapce na glavata, temna prostorija, limon, supa, magnezium, b6....i samo posilna stanuva Brufen (ketonal), znam deka ne smee....drugo nesto? Ventor?
Блага масажа на глава. Мажето нека помогне во тоа. Мене ми помага. Аналгин нека кажат поискусните дали смее да се пие..
Јас сум во здравствен сектор, мерката ВАЖИ и за нас. Тоа дека медицински работници не смеат одмор и боледување моментално е друг закон и не важи за бремени. За бремени важи тој дека се ослободени од работа БЕЗ РАЗЛИКА на работно место. Од искуство ти кажувам, ќе наидеш на отпор бидејќи од газди до вработени во ФЗО не се информирани, ама истерај си го до крај своето. До 31ви е законот сега за сега, за после тоа не се знае уште. Се што ти треба е потврда од гинеколог и толку.
Цел ден ме кине глава, притисокот ми е низок и само спијам. Некоја друга вака да и делувал дождов денес?
Девојки, ај ја пак да се убацам со рандом прашање. Легнав да спијам и почнав да размислувам за ова и сега морам да пишам. Дали можам да депилирам раце и нозе? Пред два месеци бев последен пат и супер пројдов, али сега сум 9ти месец и нозете ми се потечени, не е ич како во 7ми што бев и затоа се мислев дали некоја од вас има искуство. А многу влакна имам, не знам што да правам. Да се бричам ме чеша после ненормално, плус за два дена пак влакна. Нити па можам да се наведнувам, ни гледам убаво од стомакот. Исто се мислам за доле. Пред бременост редовно си одев на депилација, ама цела бременост ниеднаш. Само ги кратам со ножичка. Ама па сега тек доле ништо не гледам. Што правите вие? И дали некоја има искуство за пред пораѓај како да се средиме без да ризикуваме инфекции или чешање и слично? Фала ви многу
Да прашам и тука, поактивна е темава, 24 + 4 сум, до сега за ништо не сум испаничила ама сега некако ме удри на психа. Веќе трет ден имам болки во долниот дел од стомакот, слични на менструални болки. И порано сум имала такви болки но за тој период беа нормални поради ширењето на матката, сега не би им обрнала внимание ако не ми измерија на скрининг цервикс 29мм. Може ли болките да се поврзани со скратување на цервиксот? Или нормални се во овој период од бременоста?
јас се се депилирам цела бременост , одам во еден козметички салон , путер восок ( не боли ич и после тоа кожата ми е смирена многу , а имам екстра чуствителна кожа ) и плаќам повеќе за восокот пред мене го отвори нов и немам мака до сега ни со инфекции ни ништо , плус од хормониве ниту имам што да депилирам па ми се фати скоро на 7 недели да одам ....
Of lele kako mi fali depilacija, a strav mi e od koronava da odam. Cel zivot se depiliram i bolka neam ic. Moram da zakazam eden den prva da sum vo salon ne se trpi veke vaka