Икањето не е болно воопшто. И мене синко ми икаше (и откако се роди икаше), но никогаш не беше болно. Тапа болка на исти временски интервали личи на Braxton hicks.
Не би се сложила. Единствено што да, не е класична болка икањето, повеќе како непријатност, мада на многу не им ни смета. Баш е пулсирање (чукање) од внатре како што рече девојчето, но стомакот не се стега и далеку е од контракции. Лажни контракции веќе имам, а цела бременост бебче ика и скроз ги разликувам
Кај мене икањето беше "болно" и нелагодно. И сега ми е непријатно кога ќе се сетам. Дури на местото во стомакот осеќам уште непријатност. Едвај чекав да прекине со икање А и после во болница и дома само икаше
Девојчиња 24 недела сум,ви се случува ли и на вас да неможете подолг период да стоите,ме болат стапалата од стоење страв ми е дека ке почнат да ми отекуваат..
Јас го имам истиот проблем, очигледно затоа што сум малце повеќе поправена, мислам дека е од тоа. Ти поправена си?
@DELFINA81 @thelittle17 баш како пулсирање на едно место, ококу 5-10 мин трае. Ништо страшно, не беше болно
Женки, тука сте поактивни со брисевите па да прашам... Носела некоја во скоро време брисеви на клиника да ми каже колку зимаат партиципација? За Авицена знам колку се, и многу се!
Здраво, прилично сум во рана фаза од бременоста, 8ма недела , но чувствувам промена во кожата на лицето иако многу течности внесувам. Прашање, која крема за лице ја користите за хидратација, тоник за чистење на лицето? Фала