Здраво Molly.dolly, јас кога дознав дека сум бремена (сега сум 13+3) цело истражување направив што како и сите ми го препорачаа Јован Ефремовски без оглед дали ќе стане збор за природно или царски. Жени кои се породиле природно и жени кои се породиле со царски се еднакво задоволни. Јас сум кај него, но имам уште време до породување .
ако збориш за докторката Биљана , да таму е мене ми е таа матична само моментално е на боледување не оди на работа
Нешто за против течна столица што може да пиеме? Една недела имам, еве сега не можам да испаднам од вц, ме витка стомакот дури, а заборавив денес матичната да ја прашам.
Девојки бидејќи нигде не најдов клексани, зедов фраксапарин мегѓутоа сега читам дека за клексан од 0.40 одговара фраксапарин 0.60 а мене ми дадоа исто од 0.40
И јас мислам дека на 0,4 одговара 0,6 но за рефундација ќе ти прават проблем ако ти пишува во извештајот ампули од 0,4. Според мене подобро е било какви него никакви али сепак консултирај се со генекологот. Јас сум од прв ден со клексани и за сега имам али ќе видиме дали ќе набават во меѓувреме или ќе мора да ги смениме со фраксипарин.
Фала ти мила јас веќе разговарав со матичнава и ми рече па како што ти рекол трансфузиологот, е сега со него не разговаравме за опција ако нема клексани што да праам, затоа се чудам што да праам , прашав во аптека пак ми рекоа дека е океј и од 0. 40 ги покажав димерите и хемеостазата.. а и дека сум била слаба (незнаев дека и ова има улога)
Претпоставувам за интима прашуваш? Не треба секако, од друго место бебче ќе излегува Мене докторот ми рече дека и за природно никако да не се депилирам сега, поготово не со топол восок да не направам некоја инфекција. Плус капиларите се проширени, може и да дојде до крв. Јас решив само со ножички и огледалце некако да скратам максимум што можам, а после долго размислување одлучив нозете со брич, ни таму сега депилација пошто сум 9ти месец и многу отечена. Како ќе успеам да се средам со стомаков што ништо од него не гледам ќе видиме
Доколку има влакна два прста над срамна коска бричат. Без разлика што е царски. Пожелно е да е депилирана или бричена
И јас вака знам дека е, и не сакам кога ќе дојде време, да ме бричат други таму, некако ми е безврска скроз, ама ако е природно сигурно ќе морам цела да се фатам, ММ некако ќе ми помогне, па колку толку, не ми е за друго, туку ме нервира што други треба да ме бричат во болница.
Мене ми е глупо небричена да одам да се пораѓам. И за царски треба избричено таму кај што е резот. Исто и за природно, ако прават епизиотомија е пожелно да си избричен
За првото и депилирана бев и ме поминаа со бикче а немаше потреба незнам што им требеше. Умрев од чешање ова за царски. А за природно незнам сигурно бричат ако не си средена
Јас бев да се депилирам во 37ма за да не изненади бебе. Ама бебе немаше абер, пак подраснав и во 39та пак бев да се депилирам. Пред царски ме поминаа на стомак. Не знам каква е процедурата ама мислам дека ке те поминат со бикче пред царски небитно дали си се поминала сама или не. Се депилирам цела бременост редовно, нозе и интима, раце сама средувам. Одобрено ми беше од доктор. Ако восокот е за една употреба и ако во салонот хогиена е на ниво тогаш нема ризик. Ако одите да ве депилираат со претопуван восок каде дневно 10 15 жени депилираат раце нозе интима а истиот восок се процедува, тогаш и да не сте бремени може јако да наебете.
Многу салони користат и не кажуваат, ако ги прашаш ќе ти кажат за една употреба е и демек го фрлаат во пластични корпи за потоа да го соберат и пак да го претопуваат
Болно ли е долу да те депилира некој друг? Јас пред бременост сама се средував ама ќе ми требаа 3 сати од болка. Имам машинче за восок и восок, ама сега не се осмелувам и страв ми е од топлиот восок да не му наштетам на бебе. @thelittle17 не тине срам маж ти да го прашаш за тоа
Ехее, знаеш која е разлика во цена. Во некои салони 800 900 е цело тело, јас кај што одам само интима и пола нозе се толку. Не боли ако знае како да депилира. Има жени кои имаат тешка рака, па депилацијата е тортура. Јас забележувам разлика кога ме депилира жената која ме депилира и кога ме депилира газдарицата. И двете се супер ама не е исто.