Сте пробале суплементите за железо да ги пиете навечер пред легнување? Јас не јадев два часа пред легнување, и секоја вечер пред спиење пиев капсула за железото со вода и половина цеден лимон. Вака супер ги поднесував, наутро инаку никако не можев да додржам два часа гладна да седам после пиење, по половина час веднаш ми се лошеше.
Неможев да најдам тема па поради тоа тука пишувам.. Веќе неколку недели наназад ми се случува при спиење да ми се здрват раце и нозе при што имам ужасна болка како крв да не ми циркулира низ телото... Болката ме буди од сон, морам да легнам кратко на грб, па на другата страна... Ноќеска незаспав како што треба од вакво вртење.. Инаку сум 22 недела... Ме загрижува состојбава, ќе одам на крај на месец на контрола.. Ваши искуства? Дали има место за паника? Благодарам
Мене лично во 9та недела, но и кратко ми траеа од 7ма докај 9та недела и тоа само гадење имав од време на време, особено наутро. Така да си велам дека со лесно поминав Обично велат дека траат докај 12та недела...
Како си задоволна од фероглобин дали дава добри резултати со железото. Прв месец го пијам пред тоа од се и не ми се качи сега уште ова ми остана да пробам.
Мене Ефремовски и Јовановски ми беа на првиот царски, ми оставија парчиња постелка, раната ми пукна после 7 дена и мн е груб резот, сестра ми им само линија бледа. Кај мене е катастрофа, нема правило со докторите, само да не си баксуз како мене.
Здраво на сите. Ме интересира што се е неопходно да купам пред пораѓај за мене и бебе со оглед на тоа што нели ќе бидам во болница неколку дена, па дури закрепнам, па со бебе итн...
Фала ви на одговорите. Искрено толку мачнини пројдов со железово и ми е страв некако нови суплементи да пробувам. Плус би сакала чисто железо да е, евентуално со вит Ц, пошто пијам фемибион 2 (фолна, Б витамини, омега 3) и кога ќе се напијам железо со Б витамини додаток што има бетер ми е Ми рече прееска докторов да пробам пак тотхема, ги пиев пред некој месец, ќе почнам утре пак, ама ми рече сега да земам два пати на ден. Земал некој два пати од вас? Уф која мака со железово
Повторно крварење, проклет кафеав исцедок. Чекам на дежурен во Чаир, денес во Скопје се погодив, со Господ напред. Се исцедив психички
не ми се крена кујзнае колку, доволно за да биде во референтните вредности близу долна граница, но матичната не беше загрижена. го пијам месец ипол.
Знаете ли за кои лекови станува збор? Рецептата ми се загубила негде Или некои други, сидерал фолик ич не ми помогнаа