Не сум ги користела, а знам имам цела кутија.. Уф, е што да почнам да пијам? Тотхема и тие се јаки ама со сок не се осеќаат толку..
Дали ви се дешава после преглед вагинален вие што ви се ближи термин да имате болки во стомакот исто како менструслни?
Ако мислиш на преглед со рака, да, нормално е таква болка. И плус контракции што си има, и лажните се како менструални.
Се е добро, постелка, папочна врвца, цервикс, бебе, исцедокот веќе испаднал што се беше собрал, но се гледаше дека имaло нешто, значи од мене испаѓаа буквално парчишта како чеп, тоа ме исплаши мене. Ме гледаше со спектрум и на ехо, и рака на срце, најфината личност во гин.Чаир специјализант Дика. Според неа, може да се работе за хематом од претходно, па да се чистам сега, не може да се виде тоа сега туку претпоставува, матичната да ја прашам рече дали има нешто забележано претходно, или вика имаш преосетлива матка, не ја доразбрав за тоа убаво зашто ме изгреба со спектрумот баш и ме здоболе. Само редовни контроли рече, пратење на цервиксот, и наместо Дабростон што ми смени матичната од денес да пијам пак да се вратам на утрогестан и магнезиумот до 1000. Јас и кажав, цел месец тоа пијам, се пазам, и пак до сега 3 крварења имам за 1 месец само, овој сега беше најстрашен, дека уопште не е сеедно кога ќе видеш исцедоци во второ тромесечие а примаш терапија макс што може, и дека умот веќе ми оде дека ова бебе нема среќно да заврше, дека не е нормално ова, и дека премногу стрес ми е ова, се плашам премногу зашто и премногу го посакував ова бебе. Не можам да издржам на секое бришење јас да се молам да нема ништо, нонстоп да трчам по дежурни и да немам одговор, само претпоставки. Стрес е стварно, а и така сум анксиозна, и се осеќам хаос моментално. Фала ви на грижата женчиња се надевам дека утре ќе сум подобра.
Мисли позитивно ајде.нема стрес повеќе,нема да има крварења веќе.Ќе дојдеш до крајот како што треба и ќе го гушнеш бебче кога ќе дојде време Те гушкаме и ние сите овде
Истото ми се случи денес, многу се исплашив.Обично пијам по една таблета магнезиум со б6.Денес се напив две и подобро ми е.Пробај со магнезиум и б6, може ќе ти помогне.
Со помин да е, и позитивна мисла. Ќе си биде се во ред. Ќе ја повикам @Tsukinory да ти пише ако прочита, имаше она сличен проблем во второ тромесечие, не знаеа од што крвари, се испостави дека има срцевидна матка и хематом ако се сеќавам добро..И постелката мислам ниско и беше.. Си ја истурка со крај бременоста без никакви проблеми во трето тромесечие, ама со терапија и постојано мирување. Буквално кревет-тоалет.
Пробај, не знам, можда нема тебе да ти делуваат така. Мене конкретно ми се одвратни. Од утре се враќам на тотхема. Не дека тие се убави, ама барем не се осеќам дека си го расипувам желудникот додека го качувам железото.
Не се грижи мила ќе биде се добро ќе истерате до крај само со позитивна мисла гали мешко и ќе биде се во ред
Штом е добро бебечето не се плаши ќе истуркаш до крај.Таква бременост имаше Tsukinory како што ти пишаа и горе.Со лежење истера по термин мислам. Така да анксиозност нема потреба, мора позитивно да мислиш.Со ангс можеш само притисок да качиш што не би ти бил од полза.Уживај и одмарај и гали меше.Повеќе книги читај,серии и ќе мине времето
Ако случајно имаш можност и финансии следен пат оди на преглед во Ремедика она беше кај др Јане некој ако не се лажам (ако се уклучи ќе каже најдобро) Знам и она многу пати одеше на гак и чаир и на крај овој во ремедика и кажа што е проблемот друг никој не увиде.
Само сакам да испратам една виртуелна поддршка за сите нас кои во ова (не)време имаме благослов да растеме во нас нов живот, секоја од нас со своја приказна за патот на создавање на истиот. Држете се, можеме ние СЕ!
Здраво на сите мешиња. Ви посакувам се најдобро во вашата бременост и на сите полни раце бебчиња. Мислам дека ги исчитав скоро сите 6000 стр и редовно ве следам. Јас сум 33+6 бремена ( сеуште не сме сигурни за полот). Пред некои отприлика 15 дена бев на редовна контрола во плодност и случајно (од моето нон стоп дрдорење како за првото дете одма се породив) и текна на докторката да мери цервикс и 21мм. И како ништо да не било релах ми вика да дојдиш за 10 дена да ти ставам инекција за зреење. Значи не ми ни објасна ни што ни како. Се пожалив на модринки на бутовите и ми зеде крв и мокрача и резултатите се ок чао. Сама барав на нет што значи скратен цервикс. Ајде закажав по 15 дена зашто немаше термини и точно на десеттиот ден ме фатија јаки контракции во 32+6. И напишав на Вибер и уште ми звони и ме преплаши брзо иди да не се отвораш да кажеше порано сега нека те прегледа друг доктор. Докторот ме прегледа на ехо, со вагинална сонда измери 19мм, а ЦТГ покажа контракции и 200 тахикардија (никој ништо не ми објасна, повеќе ме информира сестрата отколку докторот). Ми даде прво чепчиња 2 па апчиња на 4ч да ги пијам и среќа праша мажот ми колку време да ги пијам па бар тоа да го знам. И добив една инекција за зреење а др ден уште една инекција и среќа се погоди подобра докторка ми препиша по 1 утрогестан ваг навечер. Сега ја барам пак мојата докторка и викаат нема распоред за неа. Не знам што да правам повеќе, разбирам ковид, пандемија ама ова е крајно безобразно. Извинете на мојот предлог пост
Што кога забрзаниот пулс не се смирува ниту со б6? 105-110, ме боли душник мислам од што лупа така брзо. Имам чувство како да се гушам, и стварно болка осеќам.. Притисокот од 90/60 деновиве е до 120/60-70, пулсот будалее..
Ti dale terapija ti kazale sto da pravis lezi probaj da se podopustis i pomalku da panicis. Toa sto ne ti objasnuvaat detali ne znaci deka ne znaat tuku nema zaso da gubat vreme koga si pacient a ne doktor. Imaj verba vo timot ke bide se dobro i ne guglaj