Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.294
    Допаѓања:
    57.304
    Пол:
    Женски
    Леле разбирам и хормони и се', ама прочита ли во кој контекст беше напишано? Цитираното прочитај го, воопшто не е напишано вака ко ти што го преведе.
    Вие и ние, Боже сачувај.
     
    На mila89, lilyen, ivance.. и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Нагласуваме само дека долги години сме ја очекувале оваа бременост.Ништо од тоа не произлегува дека вие сте помалку или повеќе потресени од нас.Кој како се чувствува е навистина индивидуално и зависи од самата личност.Но те молам немој да коментираш за жените што поминале низ тој пат.Само за информација голем дел од нив се со голем број претходни дијагнози кои и довеле до тоа инвитро, што само по себе ја прави бременоста по ризична.Навистина ми е мило што си останала трудна од прв пат и навистина ти посакувам никогаш да не го поминуваш патот до инвитро.Само тие што го поминале, знаат.
     
    На Maya12, Pacient srna, lilyen и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.630
    Допаѓања:
    40.136
    Пол:
    Женски
    Тоа му е работа. Како така размислувате не ми е јасно?
    И не е зајдување со прашања, од просто прашање може битна информација да се добие.
    Самиот доктор треба да ги каже основните работи, на пример мојава последните 2 пати додека ме гледаше на ехо ми ја каж секоја информација, проверуваше неколку пати врат и носна коска да се увери дека е во ред и ме водеше како што проверуваше каква е ситуацијата.
    Ако не ми ги кажа, ќе си прашав. Никој не треба да се устручава да праша ако не знае
     
    На Lady.mariposa, Milkiway, Mom_3 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    10.437
    Пол:
    Женски
    Нема врска, онака ме интересираше, но мислам знам која е, бидејќи и јас имав термин за кај неа пред два дена но ми го откажаа и ми рекоа дека некое време нема да работи, можеби една недела, па и јас барав друг доктор за да презакажам. Малку се изненадив ако е таа, но се е можно.
     
  5. Maccika

    Maccika Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво идни мамички
    24 недела сум и дури сега испитав крв за крвна група 0- сум, а маж ми е А+. Познато ми е дека во мојов случај различниот Rh прави проблеми со плодот доколку бебето е +. Денес ги зедов резултатите, а гинекологот ми беше затворен па понеделник ќе одам секако на контрола ама се мислам цело време. Искуства вакви, совет? Прва бременост ми е и во првата бременост не било ризично и не би требало да имат проблем ама страв ми е. Извинете на долгиот пост
     
  6. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека и со тебе би се однесувала така. Стручна е доста, па ќе речам разбирам пандемија и измореност ама не ми е јасно како ме остава без терапија покрај цервикс 19мм во 31 недела од бременоста. Ако одиш кај неа биди многу внимателна. Не дај боже на никој тоа што го поминав тој ден кога добив контракции. Ти посакувам лесна бременост со здраво бебче во раце
     
  7. Maccika

    Maccika Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мене истото ми се случува во кичмата и како мравки да ме лазат, многу језиво.. до сега 3 пати ми се имат случено, а пијам и магнезиум.
     
  8. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    10.437
    Пол:
    Женски
    И јас разбирам да се изморени сите во оваа ситуација со пандемијава, но такво однесување искрено не. И зошто е толку стручна кога те остава без терапија, тоа во никој случај не смее да си го дозволи.
    Фала ти на советот, но сега изгледа ќе продолжам кај другава докторка, супер поминав и кај неа.
    Со лесно и тебе и за брзо да се гушкате со бебче:hug:
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.408
    Допаѓања:
    19.275
    Во плодност знам дека има и друи доста стручни доктори
    Јас одев напоредно на 2 мислења
    Не ја менувај ако нејќеш закажи кај некој друг не мораш са чекаш цел месец оди од пон акп си во можност
    Зошто да си прајш стрес
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady.mariposa

    Lady.mariposa Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ни јас не се слагам со тебе, ама ич :) Си ми ја утнала поентата комплетно. Ние што бараме одговори не сме психички нестабилни за да речеш “ако ти се праи муабет иди на психолог”, “муабетот” треба да се состои од медицинските факти во врска со состојбата на трудницата. Не си сфатила што сакав да кажам со тоа дека секој доктор треба да е и психолог. Мислев на човечноста, пристапот и трпеливоста, кои според мене одат рака под рака со професијата. Значи на тоа мислев, а не дека треба на гинекологот да му раскажуваш домашни проблеми. Поздрав
     
    На ..barbie.., Kaja991, Bella_Stella и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.408
    Допаѓања:
    19.275
    Јас најголемите глупи прашања сум ги поставувала па секогаш ми биле одговорени и објаснети
    Со 2 докторки бев во комунимација и двете ми ја следеа бременоста. Едната ми беше достапна 24/7 на вибер. Особено тоа е битно последниот месец.
    Барајте си внимание и барајте си одговор на прашањата

    Се работи за ваше здравје и ваша бременост!
     
    На ..barbie.., thelittle17, Kaja991 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lady.mariposa

    Lady.mariposa Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Сама си кажа - твојот стил е таков, што верувам дека на 99% од девојките не е, вклучувајќи ме и мене. Јас сакам да си одам дома со сите можни информации и никогаш не би рекла “не, не ме интересира колку ми е цервиксот или што се случува со постелката” или било што поврзано со мене, бебуш и бременоста - и те како ме интересира. Мене лично твоево ми е неразбирливо, ама почитувам дека ете од ретките си што не сака да се замара. И не се слагам дека слепо треба да му веруваш на докторот, затоа што и они грешат. Затоа треба да ги знаеш сите информации и да побараш и второ мислење ако е потребно.
     
    На Milkiway, Mom_3 и Nikinena им се допаѓа ова.
  13. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Точно и убаво кажано...не оставам да имам сомнеж за било што кога е во прашање мојот живот и здравје или животот и здравјето на моето бебе....сепак е индивидуално,секој знае какви приблеми имал претходно и секој на свој начин си се грижи за бременоста...:inlove:
     
    На dromka, Milkiway, Nikinena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Snaata

    Snaata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    247
    Јас сум исто негатив мажот позитив во 28 недела се прима инекција, прашај си ја матичната со време.
     
    На Maccika, Mom_3 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Lady.mariposa

    Lady.mariposa Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Точно, секој најдобро си знае за себе. Мене само ми беше малку чуден муабетот “ти си пациент, што има да знаеш”, кога баш пошто си пациент треба да знаеш се или коментарите од типот “зајдуваме со прашања”, ќе “зајдувам” колку сакам, се додека не ми е се убаво објаснето, мое право е :)
     
    На ..barbie.., Nikinena, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.287
    Допаѓања:
    4.946
    Пол:
    Женски
    Дали некој испитувал фактори на хемостаза на трансфузиологија во Куманово, дали се точни резултатите? Слушнав дека апаратот не давал точни резултати и мн ми е важно дали некој знае да ми каже, ддимери те ми се ок, хемостазата не, ми дадоа фраксипарин 0.6 ама нејкам да се боцкам додека не се осигурам, во Понеделник ке ги направам пак во Авицена за секој случај.
     
  17. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Прво со помин нека е и за брзо да не те загрижува. Второ смири се стравот ти е најголем непријател до пола болест. Мораш да го прифатиш крварењето како дел од твојата бременост. Знам страшно е вади од такт и јас вадев парчиња и крварев како обилен мензис. Ти го препорачувам топло Јане Стојковски во Ремедика за приватно преглед. Освен тоа таа е терапијата. Јас до 8ми месец примав Утрогестан три пати на ден, но-спа апчиња исто три пати, магнезиум до 1 грам три до четири пати по 250мг. Ц витамин 2 грама. И инекции прогестерон депо на три дена по една од 200единици. Како што ми објаснија хематомот или синусот со крв настанува доле ниско помеѓу матката и постелката. Како расте бебето самата тежина формата на матката и мојата активност го разделуваат се собира крв дека лежам и кога ќе станам се исцедува најнормално што е добра работа. Терапијата ги олабавува мускулите и матката и ја смирува целата работа. Остатокот е до тебе да издржиш да уживаш да галиш меше и да се оттргнеш како знаеш и умееш од лоши мисли. Здраво бебенце си чекаш тоа е најбитно. Јас излежав небаре 8 месеци и извадив момче од скоро 3.800кг. Оди на уште едно мислење и врзи си во крпче прифати ја целава работа и крварењето само ќе престане ќе се смири. Ќе си истераш до крај не се секирај.
     
    На Lovebug01, dromka, Keti84 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    Треба да имаш на ум дека и докторите се луѓе и исто како и при секој меѓучовечки однос, ако се однесуваш како што викаш ти безобразно, ќе наидеш на ист таков однос или игнорантство ама во никој случај на однос кој би го добила ако го почитуваш како доктор. Ова можам да ти гарантирам, другото е твое. Се согласувам дека треба да се одговори на прашањата на пациентот, ама не секое прашање има одговор. И не е гинекологот психолог/психијатар да те теши при секој проблем, туку оној кој треба да ти ја каже реалноста. Ако ти како пациент не можеш да ја поднесеш вистината, не е докторот виновен. Е сега има секакви случаи, ама да, пациентите претеруваат, посебно во Мк. Ова ти го тврдам бидејќи можам да ти направам споредба како е кај нас и странство.
     
    На Pacient srna и Lady.mariposa им се допаѓа ова.
  19. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Во странство сигурно нема да те остават без терапија доколку има проблем, бар во тоа сум сигурна. Јас не викам дека треба предавања да ми држи за мојата мед состојба и за рака да ме стиска на секој проблем ама барем малку човечност да се има и да ми кажи ,еве не мора стручно, нека речи жено не мрдајне движи се, запри активности, ситуацијата е сериозна. Доста ќе беше тоа. А не за десет дена дојди за инекции за зреење на ај пријатно. И + без никаква терапија дотогаш. Е не верувам дека тоа би го направиле во странство, освен ако не е истата докторка. Не знам, ми нема некако логика
     
  20. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    Колку и да не веруваш, во странство ти даваат минимум терапија што постои. На обилни крварења во прво тромесечие во Мк даваат додатно мин. прогестерон депо, инфузии и кој знае што уште не, во странство ништо со образложение дека што и да се даде нема да помогне во таков случај и тоа е тоа. Си има правила и нема ти како пациент дали сакаш или не, туку дали треба. Мене ми е логично и сосема во ред.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.