И јас сум во странство и докторката ми е достапна 24/7, ми одговара секогаш во било кое време да сум и пишела. На почетокот постелката ми беше ниско, ми објасни се. Се што правевме секој преглед се ми објаснуваше. Сметам дека докторот треба да објасни на пациентот за состојбата во која се наоѓа. Не после по форуми, групи да прашуваат луѓето и сите доктори да изиграваме и бабини лекови да кажуваме .
Прашувајте на прегледите, инсистирајте. И мојот доктор не зборува многу, секогаш го прашувам и ми одговара. Плус и во извештајот пишува се'. Ако ве игнорираат и покрај прашањата, барем во приватните клиники сигурна сум дека може да се пожалите. Или па да не платите на пултот со образложение дека не сте задоволни, и да побарате преглед кај друг доктор. Јас така би направила на таков однос.
Како што пишав даваат исклучиво тоа што е неопходно, ако е неопходно. Ама јавна тајна е кај нас колку терапии се даваат "превентивно", кои не помагаат во даден случај ама таква е праксата и така се научени пациентите. Исклучоци има секако секаде. Не викам дека не се објаснува и дека не одговараат на прашања, ама ако и тие не ја знаат причината за одредена состојба ти кажуваат дека не се знае и тоа е тоа, ти наведов личен пример погоре. Ако не си задоволна подобро смени доктор бидејќи многу зависи и од нивниот карактер, кој може тебе како на пациент не ти одговара, а не од компетентноста.
Ах бе, можда ја лошо се објаснувам, не знам Во кој момент ти сфати дека јас сум арогантна со докторите? Јас реков дека ако некој е дрзок без причина со мене, секако враќам во иста мерка. Но, мојот почетен однос е секогаш со почит со секого. Прочитај поубаво. И да, луѓе се, но луѓе што земаат пари за да ти помогнат. Никој тука не бара ништо плус од нормалното, и оправдување на нечие никакво однесување со “и они се луѓе” не би требало да е дозволено. Девојката што пиша била сосема културна, а наишла на отпор, и тоа во повеќе наврати. Тоа не е во ред. И ајде уште еднаш да објасниме за што значи метафорички психолог во ситуацијава, пошто гледам ни ти не разбираш на што мислев. Не се работи за тешење од страна на докторот, туку за објаснување на ситуацијата. Јас како што сфатив, на @Nikinena не и било ништо објаснето, иако девојката била културна и фина дури можеби и повеќе отколку што требала. Не барала тешење, барала одговори. Мислам дека јасно објаснувам, не знам зошто не ме разбирате убаво. А, за односот во странство можам исто така од прва рака да ти кажам дека е неспоредливо со тука. Веќе спомнав дека 10 години бев надвор и не сум имала ниедна чудна ситуација во тие 10 години колку што ги имав тука во оваа една година што сум вратена. Докторите и во странство се луѓе, зар не? Па никогаш не сум била “приморана” да бидам дрска со некого, затоа што се ми било секогаш објаснето, и докторите ми биле достапни 24 часа. Светлосни години сме далеку во односот и менталитетот со надвор од оваа државичка.
zdravo, ima li nekoj info vo vrska so merkata za osloboduvanje od rabota na bremeni zeni, dali ke ja prodolzat posle 31.12?
Нема уште инфо ама со оглед на ситуацијава и со рестриктивните мерки што ги планираат за престојните празници мислам дека до Март најмалку ке се продолжи.
@Nikinena од срце топло ти го препорачувам д-р Сотир. Мислам дека и многу членки на форумов имаат убаво искуство со него. Доколку ти е потребно, можам во лп и број да ти дадам.
Agree to disagree....mene mi e dovolno se e vo red, pij/nepij toa i toa i pravi taka ili ova ne cini menjame terapii i sl. Toa ne me pravi nezainteresirana tuku neljubopitna vo oblast vo koja ne se razbiram.
Не знам дали и како ќе ме прими зашто од утре сум 34 недела. Не сакам никого да навредам. Се подразбира дека кај докторката повеќе нема да одам на преглед, искрено по ова не знам кај кој доктор да одам. Ако можеш да ми го дадеш бројот во ЛП или да закажам на тел за кај него? Се двоумам помеѓу него и другата докторка што ме прегледа и ми даде терапија. Секако идната недела треба валјда брисеви да испитам ако е возможно. Ти благодарам
Ќе почнеш да се разбираш ако наидеш на никаков доктор Тешко е да ти дадат дијагноза без објаснување. Многу сум читала тука не би сакала да се најдеш на нивно место. Доктор знае и да згреши дури и најдобриот да е. Ништо не се зема здраво за готово
Како изгледаат тие лажни контракции? Не осеќам стврднување, туку мрдање на сите страни од бебето, или пак се некакви грчеви, ама се познава стомакот се поткрева кога мрда, ми е чудно што го осеќам како ма две различно страни да мрда, тек кај папокот, тек доле, тек горе, лево десно, не знам како може толку брзо да се поместува, и ми е чудно да не се лажни контракции, болки не осеќам за сега. Само ми е страв да не се контракции или некакви грчеви.
Јас пред неколку дена осетив вистински контракции. Кај мене стомакот ми беше многу тврд и цела матка ме стегаше и ми се грчеше, сето тоа проследено со болка дури кај кичмата. На одреден интервал беше стегањето. Кај мене на 5мин стегаше цела матка и пушташе. Мене и со лежење не ми поминуваше и со испиени 2 магнезан б6
Која недела си ти? Иначе мене ми е тврд стомакот секако, потврд од тоа што бил, ама не одеќам такво стегање, не знам како да објаснам, како мрдање на бебето на сите страни, го гледам стомакот ми се поместува, ми се поткрева, таму каде што мрда бебето, и не знам дали ова се контракции или некакви грчеви.
Јас сум 34 недела. А ти? Можеби е поактивно бебенцето деновиве. Кај мене беше многу тврд стомакот. Значи како кошаркарска топка да фаќаш додека ми се грчеше матката. Мислам дека кај тебе се лажни болки се додека со одмор и магнезан ти поминува си добро.
Малце сум, тек 27ма недела, ма не знам дали се грчеви, дали се лажни, или што се, не можам да правам разлика, искрено, не ми се стведнува на една страна стомакот, само што ептен активно го осеќам бебето, не знам што да мислам веќе.
Тоа бебе се тегни со газето или грбот наугоре. Не плаши се немаш ништо ако немаш болки. Сега ќе ти пратам слика по лп да видиш како се тегне моето.
И моето беше многу активно тие недели. Со двете раце си ги држеше двете стапала на ехо. Замисли како јас тоа го чувствував во стомакот. Ако толку те загрижува можеш да ја прашаш докторката ама мислам дека бебчето си се занимава и си се врти внатре и дека нема простор за грижи. Мојот стомак цел се креваше и се движеше кога ќе мрдаше малото. Откако ги примив инекциите од вчера му е многу намалено движењето и ми недостига да го осеќам како ми го "крева" стомакот
Најнормално мрдање на бебе е ова твоево . Контракциите се болки што траат кратко и осеќаш стврднување на стомакот во некој дел.Како менструални болки само кратки Ова моево исто така мрда на сите страни Само нека си мрда.Од 27 до 32 се најактивни бебињата после се смируваат.Уживај во овие недели