Дефинитивно да , јас сум 33 и се приметува разлика , а до минатата недела ептен активно тие неколку недели беше , дури ми стана чудно наеднаш смени И сега има така изразени движења испакнати , ама помирни се и насочен е строго на масажа на ребра и желудник Јас почнувам со прање полека па пеглање , и така со оваа изолацијата друго нема , мислев за една недела две да почнам ама бар да се занимавам , тоа шо ми фале донарачувам онлине , оти како што е тргнато којзнае до кога ќе сме дома , директ за на пораѓај ќе излезам Од друга страна се осеќам като мечка а не сум голема ама секое движење поеќе како пингвин ми е низ дома за лежење нeможам позиција ич да фатам , се укочувам цела , препони срамна коска коа ќе ме склука @mssuniquee иста сум и јас доле таму докт а испозамарав ништо не било нормал е , од тежина на плодот од се па втора бременост па тело се мењало . Мислам кандида нема поврзаност со тоа , бар кај мене не , чисти се брисевите , и кoа сум имала кандида не била така .. Ми кажа ако ми сметало натеченото доле оти имав и мала жлездичка натечена на едната срамна усна да ставам облози ациди борици на оние влошките со мрежа , и ми олеснува доста у нормално издање ми е
Спојлер Мене анксиозноста ми е на најјако. И не можам да си помогнам никако. Пулсот денес 120, ќе се угушам,ќе се угушам!!!
Девојче те молам не размислувај за таа ситуација. Од тие нервози само полошо а ништо поарно нема да биде, по себе нажалост знам. Знам тешко ти е ама излези ако можеш кај што нема толку луѓе или прави работи што ги сакаш, педикир, маникир, пери пеглај алишта за бебче, само гледај да не размислуваш негативно. Мене ми се случија многу негативни работи последно време (среќа засега сме добро) затоа те молам само полошо си правиш со нервоза.
Здраво девојки нова сум на форумот дес имам позитивен тест после една година обиди,предходно имам имано еден спонтан абортус сега малку сум под стрес дали ќе биде се во ред.Сакам да ве прашам кога ќе се накашлам имам болки во долниот дел од стомакот дали е нормално??
Добредојде мила....и честитки од и полека олабави се,немој одма со стресови...обично јас имав грчеви кога кивав,морав психички да се спремам за болката...неколку секунди е и опушта ништо страшно јас појачав калциум преку исхрана и ми помина...одмарај си и уживај си
Женска ти си луда дај бе смири се, абе и овие се ненормални па трудници читаат не се сите јаки психички. Само да ти кажам дека шефот од деверчето мое имаше корона, па јас првиот ден ајде демек ќе држам дистанца од деверчево. Вториот, третиот ништо се дружевме како ништо да не. Не се замарај ете ме мене немам ништо. Сепак чувај се и корона не се фаќа така лесно да знаеш.
За жал не можеме да се затвориме дома и да не мрдаме никаде. Знам дека си медицинско лице, ама две маски и визир се доволни. Опушти се и уживај во бременоста.
Леле немој не читај вакви работи колку можеш прескокнувај вакви негативни вести. Башка еве искрено да ти кажам јас искрено и не верувам дека девојкава е почината од корона пошто сегде пишуваат коментари блиски нејзини дека била претепана од мажот и, со скршена вилица дека била примена во болница, сигурно од тоа го има изгубено бебето. Те молам не си прави без потреба стресови, на тв можат се и сешто да кажат и да измислат, да додадат и да свртат прича нив како им одговара.
Мене денес грлото баш ме гребе. И доста кивам. Омалаксана цел ден, а можеби и дека сум спиела вчера се на се 4часа.. Се надевам дека не е, но какви други симптоми има од вирусот? Ни тт немам, имам осет за вкус и мирис Е навистина во страв не се живее!
Дајте жени ве молам барајте совети во соодветни теми,за анксиозност во бременост имате тема,пишете таму....за корона исто имате тема...без лутење ве молам ама зошто овде да читам пример за анксиозност кога и сама патам од неа и ја избегавам колку можам цела бременост....ве молам.
Некако нај активна тема е оваа и можеш да очекуваш совет најбрзо...и анкциозноста и короната во бременост мислам дека можат да спаѓаат во труднички муабети. Советите за анкциозноста за @Chanell* се толку позитивни што немам потреба да ги ИЗБЕГНУВАМ и не читам.
Извинете ако ве вознемирив женски , воопштпо не ми беше намера. Не можам да се стабилизирам ете.. Не пишувам веќе да не ширам негатива, деновиве сум апсолутно крш. Останете добри!
Женски, ако некој се разбира да ми каже, имав некои болки во долниот дел од стомакот, денес бев на дежурен, ме гледаа на ехо, се беше добро, цервикс, не сум отворена, плацента, плодова вода, ми земаа крв и урина, и ете го резултатот подоле, докторката ми рече дека ова ја асоцира на цистит, да направам во понеделник урино култура, и да ми земат брисеви, веќе закажав кај матичната. До тогаш да пијам чај од брусница, и сируп на природна база од брусница, со многу течности. Некоја да има искуство, со ваков резултат?
Мене ова повеќе ми личи на песок/камче, отколку на бактерија. Направи и уринокултура за секој случај. Во меѓувреме обавезно многу течности за да мочаш повеќе (и за едното и за другото ќе ти требаат многу течности, вода, чај од брусница, сушена брусница), ако има бактерија, тогаш и антибиотик ќе ти дадат.
Може и тоа да е, не се разбирам искрено. Ама правев ехо минатиот месец, на црн дроб, бубрези, и жолчка, не се покажа ништо. Кој знае, може се сменило нешто, земав чај од брусница, и пролом вода по едно шише дневно барем да пијам.
Од хемостаза за два дена имам различни резултати без да почнам терапија и сега по кој да се водам? Првиот пат 2 времиња ми беа намалени доста и само нив ги повторив, едното излезе во ред а другото сосем исто. Наслушнав дека апаратот во Куманово демек не давал точни резултати и ги повторив во Авицена, ама примерокот го праќаа по такси па се мислам колку и тоа има удел во резултатот. Што мислите, во Понеделник сум на лекар, дали да чекам или д почнам да се боцкам,ми дадоа фраксипарин од 0.6 врз основа на првиот резултат каде што има 3 времиња.
Јас на почетокот на бременоста имав вакви резултати, а уринокултурата беше чиста, пошто не верував дека ништо нема фала богу два пати повторив уринокултура и беше чиста и брисеви исто чисти а болки во долниот дел од стомакот имав и сеуште имам и покрај тоа што пијам магнезиум од 1000мг. Единствено нешто што ме спасува е чај од брусница, по пола литар обавезно пијам на ден, и еднаш на две три недели пијам увин чај изладен пола литар до литар. Исто Пролом вода пијам од 8ма недела заради болките што при ладно време и најмала настинка се многу јаки кај мене и од секогаш сум фаќала цистит или воспаление. Се е во ред и кај мене, само би ти рекла и ако си доста активна да намалиш можеби така и ќе ти се смират, брусница чај секој ден, Пролом вода и тоа е тоа. А за јака главоболка две недели веќе, мислев ќе помине, не мине. Не сакам да пијам парацетамол никогаш за главоболка не ми помагал само Вентор пиев порано. Нешто природно? Турско кафе со лимон знам само и многу вода, но не ми помага тоа, чука нонстоп, посебно кога ќе станам од кревет.
Жени, пазете со чаевите од брусница. Повеќето се всушност хибискус со арома на брусница, а хибискус не се препорачува во бременост. Мислам имаше еден на Виталија или Алкалоид со повеќе брусница, не во ќесички. Таков побарајте и прочитајте состав. @macalavica новиот резултат изгледа во ред... е сега тоа по такси не знам навистина
не можев да најдам соодветна тема за пост партум, затоа тука пишувам... што сѐ треба да се набави? на листа до сега имам вир влошки, мрежасти гаќи, влошки за гради, ланолин за брадавици. дали има нешто друго неопходно?