Да не имаш болки доле во стомак од крварењето? Јас пред месев дена правев уринокултура, и беше чиста. Сега ова што излезе, не знам. Ќе видиме во понеделник брисевите. Мене мк кажа матичната по 3 шољи чај од брусница, на ден, пролом вода по едно шише, и повеќе течности, магнезиум и витамин Ц исто. Јас го пијам на Виталија 70% брусница е, рефус е, не е во ќесичка, ваљда е тој добар, и по 3 шољи на ден само, така ми кажаа. Туку, кажете во која лаборатоија да испитам уринокултура, Биотек, Синлаб, или некоја друга, поверодостојна?
Не не, болки ти викам имам од 8ма недела, крварењето мене од 16та недела ми почна дури. Сум имала преосетлива матка според последниот преглед само што ми рекоа, како и да е, ти имаш пак за нијанса понормална бременост, може од тежината да е на бебето или настинка цистит. Што и да е, не се анализирај повеќе, си била на дежурен ете, се е во ред, нормално е. Јас и ти мислам сме убедливо најчести по дежурни. А како сакам до 35та недела дежурен да не видам, да не ми притреба.
Здраво девојки, 17 недела сум, вчера бев кај Палчевски во Систина ми измери грло на матка 37 мм, дали е ок? Малку под стрес сум поради претходни 2 неуспешни бремености .Поздрав
Јас и ти, остај што во пораки пишуваме, па и овде, абе страшна работа, не верувам на еден доктор, како будала некоја, одам барам мислења и од други, за да бидам мирна. Со дежурниве, сите ги замарам и стресирам, ама што да правам, не можам да седам и да трпам болка, особено бремена. И уште осеќам тапи болки, иако пиев и чај, и пролом, па од левата страна повеќе, како чукања со чеканче, од време на време. Више аман, не сакам да ми притреба да посетам лекар до пораѓај!
мене на втор скрининг во 20та ми беше измерен цервикс 38мм, ок е таа должина. а и докторот сигурно ќе изреагирал ако не било во ред, такашто не се грижи.
Девојки, како сте ми? Вчера праевме муабет за суплементи за железо, денес почнав пак со тотхема, абе се истурив од повраќање. Претходно ги пиев и некако ги поднесував, сега никако. Телово не ми поднесува железо во никаква форма, што све не сум пробала, од све ми се лоши, гади, не знам што да правам. Џабе го пијам кога го повраќам. Во среда сум на преглед, па ќе зборам со докторот, до тогаш ќе си земам цвекло и аронија, се измачив со желудников цела недела. Некој совет? Скоро 37ма недела сум. Фала ви
Леле многу се тешки, ама помагаат. Јас за 1 месец хемоглобин од 10 на 13 ми се качи. Не повраќам ама киселиниии.. еве во ниедно време си дремам. Пробај апчиња хеферол, и секако многу цвекло, аронија, спанаќ, месо.
Знам дека помагаат, ама ако ги поднесуваш, а јас ги повраќам. Хеферол ми се бетер, дупка во желудник ми прават. И сите останати што сум ги пробала. И јас сум со киселини моментално и затоа не спијам.
Фала мила се надевам овај пат ќе биде се во ред со бременоста и докрај ќе ја износам,превозбудена сум и измешана со емоции.Едвај чекам да закажам за една недела да видиме дали имаме срцева реакција и дали е се во ред.
Тотхема ми се најтешки Години порано ги земав, не бев ни бремена а повраќав и дури снеможував од нив. Сега зедов Сидерал, зачудувачки добро ги поднесов првите денови. Само не знам дали доволно ќе влијаат на крвната слика, тоа ќе проверам за месец. Прашај го докторот за нив.
И јас користам Сидеал прашок и немам никакви проблеми,а исто мора да се појача и на исхрана,варени јајца,цвекло,спанаќ.....
Пиј ги навечер со цеден портокал 2 часа после последен оброк и потоа не јади ништо до наутро. Јас така ги пиев и супер ефект имаа, друга опција имаш фероглобин, само незнам дали е дозволено за трудници.
Мене Сидерал прашокот ама ич не ми помогна Сега јадам мед со семе и коприва и цвекло јаболко морков .. Треба и тотхема да почнам пак Кога се породив првиот пат толку бев слсбокрвна што сакаа крв да ми даваат. Одбив, па со храна се средив. И сега сакам така
Незнам што ми е вчера и денес,толку се чувствувам исплашено,плачам често,мислам дека ке пукнам,некој страв ми влегол,се плашам од се ....нормално ли е ова во 24+3? Ви се случува ли и на вас вака деновиве, @jarec6 м?или до мене си е ....
Иста сум и јас.Се будам и во ниедно време и не можам да заспијам,глупости мислам. Од една страна ми се спие, од друга несоници,некако како да не сум јас. Плус што ме мачи ова повраќање, храмата од вчера од ручек(само тогаш и сум јадела) да не ми се свари ич,повраќам се. Блазе си им на тие што имаат убава бременост,мене ова измачување ми е.
И јас мислам ќе бидам исто како @jarec6 еве веќе 15 недела цело време повраќам,ми дадоа зитон апчиња и да имаат ефект ама моментално после пак иста песна,не можам цело време со апчиња да бидам.Барем кога одам на прегледи пијам апче за да не повраќам по пат.Тешко е ама ќе се издржи за нашите бебчиња