Мислам дека нетреба ништо на своја рака само по препорака од доктор , и јас цела бременост ја терам само со фембион ,магнезиум и витамин ц ради хеферол друго ништо не внесувам...
Јас сум цела бременост со клексани, имам мутации, тројца доктори (вклучувајќи и трансфузиолог) ми рекоа не треба калциум ако внесуваш млечни производи.
Мила не зимај ништо на своја рака,секоj организам си е различен,имај доверба во твојот доктор,јас примам дабростон,фемибион 2, магнезиум и фраксипирин.Со години зимав многу витамини и сфатив дека секој витамин за секоја состојба и за секој човек нема иста улога и некои витамини подобро да не се зимаат отколку да се зимаат на своја рака.Затоа уживај и ако имаш потреба докторот ќе ти даде се што ти е потребно.
Исто сум и јас имам мутации на мтхфр и паи така да ми препорача др Јани од трансфузиологија и др Лазаревски тој ми го правеше инвитрото еднаш на ден од 1000 а и не знаеме колку доволно внесуваме на ден од страна на млечни произвиди а јас дека имам киселини и слабо внесувам се од страна на млечни производи
И мене ме интерисира во врска до витаминот д.Јас почнав да го пијам пред инвитрото во доза од 2200.Тогаш ми беше многу низок и успеав да го качам до 30.Се мислам дали смеам сега да земам од 4000.Дали имаш испитано преку крв прерходно колку ти е витамин д?
И јас сум со инвитро, и скоро сите мутации, па не ми кажале. Веќе сум при крај па се е ок, пијам јогурт доста, сирење и кашкавал. Секако како ти кажале така ќе правиш.
Супер, тогаш земи си 2000 единици барем толку препорачуваат за заштита од ковид Докторите велат дека витамин Д многу влијае брз превенција на вирусот @Маја Т го имам испитано пред пола година ми беше 34 што е добар резултат и ми дадоа да земам 2000 единици превентивно од вируси
Опаа ти стигнала прикрајот нека е со лесно мила така е само нека биде се во ред а ние ке си тераме како ке ни кажат така тоа дали внесуваме или не не е толку битно битно е се да е како што треба посебно ние што сме со инвитро знаеме колку е тешко да се дојде до тука затоа да уживаме во бременоста ..
Јас пијам на Jameson едни мултивитамини за трудници, плус магнезиум и ацерола на своја рака, по потреба.
Фала.Значи сега во бременоста пиеш од 4000 така? Според ова можам и јас да си земам од 4000 iu.Те молам кажи ми на која фирма го купуваш?Кој би бил најдобар?
Јас пијам 2400 единици но генекологот ми рече дека на трудници им препорачуваат и 4000 единици. Мене бидејќи ми беше јак вит. Д и претходно јас не го зголемив. Ама многу трудници пијат по 4000 и не е никаква штета. Јас пијам на Сандовит Д3 од 2000 и плус има и во Калциумот IDEOS 400 значи вкупно 2400
Мила јас со дијагноза силен недостиг на витамин д пиев по 4000 единици,мој совет ако сакаш превентивно да си земеш 2000 единици.Без проверка на витамин д не се зимаат 4000 единици.На некоја трудница може зима превентивно 4000 ама може има недостиг или друга состојба која што препорачува поголема доза.Не зимајте витамини на своја рака.Ова е само мое мислење
Фала мила, и јас многу се двоумев што да правам.Прв пат кога испитав ми беше многу низок 19.Тогаш пиев на солгар од 2200 и плус во витамините што ги пиев имав уште 1000.Значи вкупно ми се собираше 3200.Со оваа доза го качив до 30,7.Е сега ги прекинав витамините и останувам со помала доза.Навистина незнам што да правам
Според мене доволно ти е 2000 секако веќе ти е висок но не е штета и повеќе. Според странските сајтови трудници не смеат да надминат доза од 10 000 тогаш е токсичен