Точно. Јас сум од попска фамилија и бремени жени и доилки (и други луѓе со некакви здравствени проблеми) за време на постот не треба да конзумираат само месо. Млеко, млечни производи и јајца се дозволени.
Мене отецот ми даде благослов за риба само и ми рече ако ми е тешко дека ќе ми дозволи да јадам и млечни производи и јајца, меѓутоа засега сум супер, не чувствувам потреба и мислам дека ќе истерам вака до Божиќ. Само тоа со калциумот ми е во мисла. Најверојатно ќе земам дополнително калциум како суплемент.
Подобро јади си млечни производи и млеко, и за тебе и за бебчето треба, за коските. Да не ти е на мисла за бебушката. Јас на строг пост, среда и петок не јадам само. Така и Петровденските и Богородичните пости ги терав.
Јас само суво јадев. Значи имаше денови кога само со варен геврек бев или само лебче. Гинекологот ми даде едни апчиња Антиметил (ѓумбир) во почетокот помагаа ама после не ги ни пиев. Најдобро да си го прашаш гинекологот дали смееш да ги пиеш, можеби тебе ќе ти помогнат.
I jas ksnav ednas na vtor skrining mi tekna da prasam Nisto strasno de stom ti e se ok za nekolku pati ne se sekiraj
Цела бременост ми тече. И јас сум 37ма веќе. Ми рекоа дека е скроз нормално ради хормоните. Само да не се случува премногу често или да не е многу обилно. И да не е висок притисокот додека тече. Ако не е кај тебе ништо од ова, немаш гајле. Ако е, збори со докторот.
Ми се има случено некаде 32 33 недела 2 дена по ред ми течеше ,прочитав дека е нормално кај трудници и може да се десе
И кај мене скоро цела бременост и тоа само од десната ноздра. Се смирува брзо, ми рекоа нормално било само да внесувам витамин Ц 1000мг.
Јас не сум правела нифти,хармони правев,ама другарка нифти правеше и рез.за 7дена имаше и полот и го кажаа да Има и тема неинвазивни пренатални тестови,што би сакала да знаеш слободно пиши таму.
Девојки ве молам за помош ... 31 недела сум , цело време лежам ,спијам по 12часови. Се чувствувам како омалаксана,имам вртоглавица,се потам на моменти...Не повраќам но ми се гади.Немам апетит,јадам по малце да не сум гладна. Притисокот ми е 115 со 70 редовно,никако не ми варира. Дали ова можи да е поврзано со бременоста и е нормално или да барам помош од доктор.
Девојки бев на преглед кај Др. Сотир и се е во ред со бебето освен цервиксот што од 19мм се скратил на 12мм Супер се ми прегледа и ми кажа дека главчето на бебето е малку помало ама рече нема простор за грижи. Заради отокот испитавме крв и урина и леукоцитите ми беа малку повишени. Знае некој од што можи да бидат леукоцитите 14.5? Пошто ме праша дали имам ковид и нормално дека немам. Можно е да поднастинав дека сношти се капев така подолго или не знам
Ако Др. ти кажал дека нема простор за грижи,значи нема. Мислам дека во бременост леукоцитите се покачени нормално,барем така мене др. Ми кажува. Која недела си?