Ете си ти да, ама еве сум па и јас што сите се чудеа од каде такви болки постојано имам што ни со магнезиум ни со утрогестан не минеа. Затоа напишав кај некој нема влијание, не сите имаме исти бремености, не може сите исто да сме. Пречуствителна матка сум имала, сигурно не сум само јас така, а сигурно не си и само ти што немаш гајле. Тој што си има мака нека проба. И мене јаболките ми се омилени сега. Со сила ги јадев од што избегнував портокали и мандарини ама сега веќе денот без јаболка нема шанса да ми помине.
Ајде разбирам да јадете слатко и овошје ете Ама да јадете како мене 3 лимони на ден со се кора, 1кг потрокали и 1 кг морков ?? Баш му викам на мм, други трудници сега би барале јагоди лубеници или торти, мене кејф ми е на грицкање моркови. А и сода бикарбона И едни коцки шеќер.. Абе хаос Патем, утре сум на контрола во Санте и почнувам со контролите во 9ти Уште малце остана
Многу здраво, јас исто јадам лимуни ама без кора, само во бременосва сега ми ствараа киселини и не ги јадам. Иначе јади си морковчиња најздрави се. Ајде со лесно до крај и чекаме упдејт за секоја контрола.
Јадете си се', не е ништо забрането. И ананас и нане што се смета дека предизвикуваат контракции, треба големи количини да се изедат за да се случи нешто евентуално. Да беше така, сите ќе јадеја ананас на крај од бременост и одма ќе си се породеа Со овошје се пази доколку имате шеќер покачен. Ако е се во ред, не грижете се
Се што прочитав погоре се како јас да сум пишала,пред да останам бремена бев на медитеранска исхрана,бел леб немав каснато не знам колку години,тестенини тостови такви работи ништо се на здрсва храна ама... сега во бременоста само тостови,сендвичи,пица,теста,хамбургери без бел леб не седнувам да јадам односно ако немам каснато како да не сум јадела,овошје и зеленчук умерено ама па си повраќам и еве 16 недела грам немам ставено. Забележав дека од пред две недели почнав поразновидна храна да јадам како спанаќ,леќа,блитва,јајца со сирење,палента ама сепак и нездрави работи ми бара душичето.Да си јадеме што сакаме секако без претерување има време здравје после ќе си се вратиме на здрава исхрана.Имаше некој пишано и јас мислев во бременост на здрава храна ќе бидам ама ништо од тој план стварно е друго стање
Пред да забремемам имав контрола на јадење, кога, што и колку. Сега ако во моментот не каснам од тоа што можам да јадам, мислам желудников од болки не попушта. Аман веќе
Девојки имам едно прашање Татко ми вчера почна да кашла и да има затнат нос..Мајка ми денес и со температура е.. е сега сеуште не знаеме дали се работи за корона но сепак јас да си се заштитам... Живееме заедно што мислите дали можи претходно да ми го имаат пренесено ввирусот ако е корона или да се изолирам сега од нив?Дали ц витамин да зголемам на 1000 а земам 500? и некоја друга превентивна мерка заради тоа што не знам што да правам ви благодарам
Ако имаш можност изолирај се сега и следете ја ситуацијата.Јас бев позитивна на ковид и пиев витамин ц 1000 и цинковит ц за имунитет и дозволен е во бременост ама за секој случај слушни се со докторот кој те води и кажи му ја ситуацијата.Не мора да значи дека е ковид. Пиј си повеќе течности чаеви овошје зеленчук и не си прави одма нервози,знам стресно е ама не мора да знчи дека е ковид може да е настинка затоа изолирај си се
Ти изолирај се за секој случај. Не паничи, може и да е сезонски. Но за секој случај консултирај се со матичниот што е најдобро да пиеш.
Вит ц слободно од 1000, јас земав цела зима додека бев бремена, немаше корона, ама има сезонски грип. Лани земав дека доев, оваа зима исто. Изолирај се, и обичен грип да е, пази се максимално. Побрзо нека минува.
Дали е нормално во 28ма недела, да го осеќам скроз доле бебето? Појма немам како е свртрно, ама ептен доле го осеќам само, горе како да не доаѓа воопшто
Јас сум 21+5 бебево се е само долу ептен ретко да се качи долу мислам дека ќе излези хахах Си викам бендисано и е местово максимално качи се горе малце и пак долу.... Кога бев на скрининг ми кажаа постелката е високо поставена па се надевам дека нема врска бебе каде е секако нив каде што му одговара ќе бидат
Правев крвна слика и урина, па на резултатот ми пишува во урина Слуз +. Некој искуство? Прв пат имам ваков резултат.
Mene mi se ima pojaveno pred bremenost, najcesta pricina e lesen vaginalen sekret vo urinata, dodeka se zemal primerokot, ne e nisto patoloski...
И јас јадам мн мандарини , и ги цадам како сок , лимони цадам 3-4 на ден оваа недела такви цитрусни чуда се и свашта ми е сеа x10 појачано , заболев и јас од вирусот и добро ми оде до сеа немам пр од овошјето а еве за една недела во 9ти . Бебево па на кисело и поеќе се размрдува ја неам вкус дека е кисело пијам брзински све , кутрото внатре оно си знае Пред два дена и сок од ананас праев со јаболки , ама само една чаша , за ананас ми е страв некако
Дечки вие што пиете утрогестан на колку време го пиете? 33та недела сум и на цтг покажа контракции па докторот ми даде да пијам 3×1 од 200мг и строго мирување
Се вратив од контрола, бебла уште ужива во меше. Докторката ми рече дека ќе ме чека за природно пораѓање, затоа што ми било прво бебенце и не сака царски. Чекаме неделава