Ја денеска и со торбица и со кутијата за матични клетки тргнав ама ништо. Бев на депилација денеска, вчера завршив со средување по дома и мислев и бебла е спремна ама ќе ја почекаме. Докторката ми вика повеќе пешачи, а јас не сум седната цел ден само се движам.
Луѓе само да напоменам. Не знаев дека 40та недела во бременост може човек да има оволкава нервоза до тој степен мажот да си го задавам. По природа сум многу толерантна особа иначе.
Богами, јас како што сум нервна уште од сега, до 9ти месец не знам што ќе остане од ММ, преку глава сум му сигурно, ама си ќути, ќутењето му е злато сега.
Девојки, дали е штетен секс секој ден? Станува збор за нормална бременост до сега, 25+6 сум дали нешто можеме да го повредиме бебче
Ако дојдеш до 39та и 40та недела ќе се сетиш на мене и што пишував тука Јас во твоите недели бев ангел.
Си бдеам будна до никое време со киселините, неподносливо пржење во желудник и грло. 3дена како сум влезена во 8ми, а само едниот не ми беше вака.НИ гастрогард не ми помогна ноќва... Да ми олесни реков да си пишам тука и да во посакам убави сни
Те читав поназад, тоа е поради што очекуваше дека порано ќе излезе бебето Не секое бебе се раѓа пред термин, нели? И секоја трудница која е во 9ти е во исчекување што побрзо да се олесни, но пополека малку, греотка е маж ти, тек допрва маста ќе му ја вадиш Пушти си серија која ќе ти задржи внимание, зготви нешто што ти прави мерак...со други зборови наоѓај си ангажмани што ќе ти одвлекуваат внимание да не се нервираш што бебето нема да стигне денес или утре Неможе ништо да му се случи на бебето, само пополека и без многу длабока пенетрација.
Јас од недела ќе влезам во девети, дури чекав да дојде девети месец и побрзо да се роди бебчето, сеа почна страв да ми е. Синоќа пред спиење си се изнаплачав оти не знам дали сум спремна за мајка Сопругот ми се изнасмеа што ми се врти низ главата. Он си е опуштен гајле нема.
Хормонииии спремна си ич да не се секираш, чим Господ ти подарил вакво нешто ич да не му ја мислиш. Бебето не доаѓа со прирачник за употреба но сепак затоа го имаме звањето мајка, а мама ја бива за све без грижи
Конечно денес ке видам што бебче носам во стомак (ако не се крие), вечер сум на преглед за втор скрининг, 20гн стигнав до пола бременост. Имам качено 5кила до сега После преглед одам да купам некоја ситница од waikiki веројатно за да покажам што ке имаме таков е барем планот. Мојата малечка (3 и пол години) спремна за бебето, само си кажува што и како ке прај со бебето, се надевам нема да поминеме лошо кога ке се роди бебето.
Мислам дека да. Јас тогаш осеќав тегнење на пупакот и болка мала ја прашав докторката и таа ми рече дека расти малото и отприлика тука е и затоа така осеќам
Јас ја осетив малце над папук сега па ми беше малце чудно...кај папукот ја имам осетено прашав ми рекоја тука е а сега дека е погоре се изненадив плус бебе ич горе не е ... фала ти милича