Мамички да прашам, пред да останам бремена, чат па, значи не секогаш пиев камбуха, и ги пиев жолчките од јајца од препелица. Ама не секогаш. Е сега, ме интересира во текот на бременоста дали може да се пијат. Ми е страв дека цел живот сум склона на алергии. Знам дека се здрави да се консумираат, Ваше мислење. Ќе треба да прашам и др.
Јас колку што знам живо јајце не се користи во бременост штетно е значи и да јадиш јајце треба добро свварено или добро пржено да е никако живо
Јајцата мора да се тврдо варарени или пржени, за да се намали ризикот од тровање со салмонела. За камбуха не знам.
Денес бев во Систина на редовен преглед, 34 недела, 4 ден и тежина има 2087 г Малку сум исплашена, стомакот на бебето е помало за 10 дена. Испитав д димери и чекам резултати да ми кажат. Јас сум крупна и како бебе сум се родила крупна ама доктор Гордана вика може и се е во ред, може е на маж ти помалечка ако не, клексани ќе примам. Овој месец цело време ја осеќам, не престанува со мрдање Беше карлично поставена претходниот месец, сега си е свртена со главчето надоле. Бев вчера на депилација интима и нозе после 8 месеци играње со брич Ми олесна, конечно се средив како што треба.
И кај мене 33 + 5 беше толку околу 2 кг. Јас на термин сум родена 2500, брат ми 2550. Секое бебче е различно. Јас пак се радувам да не е многу големо, полесно за раѓање да ми биде . На депилација откако останав бремена немам идено. А и не ми се иде сеа. После пораѓај здравје, сеа бричот и огледалото
Мајки 19 недела сум ама многу слабо го чуствувам бебе и многу ми е страв од тоа. Со првото ко порано и почесто да беше... Дај кажете како е кај вас и како ги чуствувате?
Мене ми рече докторот за две недели се гледаме. Веројатно и ЦТГ ќе ми прави. Точно тогаш ќе бидам 37 недела. Дај боже да издржиме до тогаш. Депилација на интима никако сега. Премногу ми е страв од ковид, па мажот ми беше задолжен со бричот
Друшки во темата за ковид најдов пост каде што членка кажува дека пишала маил до влада дали мерката ќе се продолжи после нова година и и одговориле дека мерката не била времено ограничена и дека во превод си важи и после нова година додека не се укине.Јас проверив и во соопштението од третат седница од 09 септември и стварно никаде не пишува дека важи до 31 декември.Има некој искуства?Да се распрашал https://vlada.mk/node/22425
Јас почнав од 35та недела, во Ремедика. Сега сум 38ма и утре ќе правам 4то цтг, па да видиме. Од вчера имам доста болки доле, може бебче и се искача више
Мерката е на неопределено време, истата важи се додека не се одлучи поинаку. Така да тие што користите ослободени сте.
Те болеше ли на интима? Јас нозете ги депилирам секој месец ама доле се средувам со брич. Ама сакам сега деновиве да одам све комплет ама пусти страв што се бричам 7 месеци сега ми е фуфкаа
Во една аптека онлине има спреј за пред депилација да не осеќаш болка.Еве го 230ден е. Е сега прашај си дали може бремени да го користат. https://24apteka.mk/product/remove-pain-less-пред-депилациски-спреј/
Јас денес бев прв пат на цтг,36+4 ,ок е се како за неделата,Др ми кажа дури за десет дена,после нова година да отидам некаде,дека рано ми е наредна пак да одам.