Еј и јас бев денес кај него , сигурно заедно сме чекале во ходникот. Не секирај тука некаде е терминот и мене кај матичната ме кажува некој ден плус,а ваму точно како по циклус.Околу 3 кила е мојто сега.
Кај мене се е испрано и вакумирано да не ми се праши. И здравје кога ќе се роди бебчето само ќе испеглаат дома. Тоа свекрва ми, мајка ми, нека си средуваат додека сме ние во болница.
Јас планирав да исперам и испеглам се, да ставам во вакум кеси ама да ги затворам само, да не ги вакумирам. И на крај се тоа у фиокар. Ова со пеглањето ти е добра идеја ама нема да биде баш најизводливо кај мене. Се надевам во кесите нема да се згужваат многу.
Во Ремедика ќе се пораѓам. Утре сум на преглед, па да видиме што ќе каже доктор. Ти каде? Имаш закажано царски или? Извини, можда сум пропуштила некои муабети, ама не сфатив што точно се случува кога ја видов сликата дека си спремна со торбите
Не сум Мк ја во странство ќе се пораѓам. Немам закажано царски, бебе е со главата надолу се е во ред за нормално породување само што контракциите не ми почнуваат сеуште а 40та недела почнав да ја одбројувам. Торбите ги спремив, си чекав денес болки ама не ги добив. Аха супер тебе, со лесно
Не, си мерисаат на омекнувач/парфем ( тоа наши што сум ставала ) сеа нејзините треба на бекутан да мирисаат. Во случај да има нешто, нека преперат пак бабите
Добро оти јас моите алишта редовно ги вакумирам, во зависност од сезоната и стоја така минимум 6 месеци .Кога ќе ги отворам мирисаат не убаво па морам да ги преперувам или со омекшувач да ги прскам.Затоа прашав да не ставаш нешто да не мирисаат
6 месеци е долг период, јас ги исправ пред 3 недели и ете сеуште мирисаат на омекнувач, а најдобар ми е онај плавиот ленор најмногу мириса. Прееска баш во торбата ги средував алиштата од бебчево и си мирисав.
Да не испаднам како некоја свекрва, ама омекнувач одбегнувајте за бебе.Јака хемија е тоа.Само сензитив прашок е доволно,функција плус вода во пералната , за да не се исфрли по кожата.Многу се нежни
Леле јас два пати тутнав омекнувач, прво на почеток после 15минути пред да заврши машината. Ако приметам нешто дека се нафрла и слично следниот пат ќе пробам без омекнувач.
Доста беше спиење во првата тура,сега пауза,колкава незнам...па ќе продолжам... Блесава работа ејјј...не можам да спијам,ама па затоа сабајле во 11 ќе дуфтам Вие сите си нанате,алал да ви е
Во 5 ме разбуди со силно клоцање,да надокнади што ме исповади од памет вчера и еве не можам да спијам Ќе си поспијам после секако до 10, барем нема да ја мислам веќе. Мене ми е рано да почнам да перам а трпение немам! Како само мене не ми стојат во вакум ќеси,или не знам да ги користам? После една недела ми се отвараат/кинат ќесите,а не ги преполнувам