Ај и овде да пишам. Сношти имав слаби контракции, а сабајлево во 5 ч убаво си ги осетив. Ајде си викам лажни болки можда се. По некое време утоп секојдневната. Ама осетив како да мочкам Му пишав на мажот ми да си дојди од раб а во меѓувреме контракции на 10мин ама си ги дишам. И не знам дали на хормоните да му го препишам ова ама зедов да си се фарбам Кој сака што сака нека си каже ама не сакам бебче нефарбана да ме запознае И така си седам и си го чекам мажот ми
Ова го читав негде по интернет, а за сигурно ќе прашаш доктор. Од 33 недела е препорачано следење, но тоа не значи 10 движења во секој саат, и не значи дека треба да броиш постојано. Додека ти се движиш тоа обично мирува. Ако случајно осетиш дека не е активно ко вообичаено, тогаш ќе броиш. Пример, ако било секогаш активно навечер, во тој период ќе јадеш нешто, ќе се напиеш вода и ќе легнеш мирна со рацете на стомак. Ќе пратиш колку време му треба за да направи 10 движења (икањето не го броиш). Ако му треба повеќе од 2 часа, препорачано е да одиш на преглед за секој случај. https://www.babycenter.com/pregnanc...ts-feel-week-by-week_10418641#articlesection4 Убаво е да се следи, ама не треба опседнување. Си имаат и тие поактивни и помрзливи денови. Плус движењата во тие недели се поинакви, тесно му е.
Напротив баш нема да штети. Кога се пораѓав со првото докторот ми рече да имам односи повеќе. Па го послушав
Девојки денес бев на преглед, матичната ми го измери цервиксот 3,93 см е. Јас сум 14+6 а бебче одговара за 15 недела и некој ден. Може ли некоја што се разбира од должина на цервикс да ми каже дали ми е во ред. Јас пешачам често и активна сум по цел ден па да не треба да го намалам темпото малку
Хаха леле јас досега откако дознав дека сум бремена сум немала. 14+1 сум. Мм ми вика ајде и викам незнам чекај шубе ми е некако, и вика зошто да не го вознемириме бебето
Не се секирај ќе му годи башка не го допираш бебето со првото ми беше страв малку со ова сега немам гајле
Мила не се сеќирај супер ти е цервиксот и тоа го знам оти јас оваа недела кренав узбуна за него,минатиот петок бев на преглед и ми рекоа дека се супер,ми мереа цервикс и дури дпкторот ми рече си напредувала одлично машала се супер малку да се опуштам и кога си дојдов дома и оти немам што да правам си ги тумачам резултатите од докторот и гледам пишува цервикс 27 мм и ќе се онесвестев,почнав да читам и триста глупости прочитав,скратено грло серклаж и почнав веќе да се загрижувам,вчера бев пак и докторот ми кажа дека направил грешка при пишување и пак ми мереа цервикс 38 и ми рекоа дека е супер, и плус се гледа и грлото дали е затворено и други работи.Затоа ти викам да не се секираш на интернет има некои мерки ама сепак секој си е посебна индивидуа.Ти слушај си го телото ама сепак мој совет немој ни да претеруваш со физичка активност
@Maya12 Фала ти мила. И јас исто ко тебе, докторката кажа дека ми е добар цервиксот али јас дома одма на google и се и сешто пишува па викам да си прашам тука . Во право си не треба многу ни физичка активност , се умерено @forumce
Девојки тука до сега никој ми нема мерено цервикс од која недела треба да се мери дали чувај боже ако има скратување има и симптоми некакви или нема ништо? @BabyD0ll ти си во странство дали тебе ти мереа ако ти имаат мерено од која недела почнуваат да мерат? Ви благорадам Гледам на сите ви имаат мерено а јас 22 до сега ни м од мерено па малце ми е шубе
Можеби докторот го има измерено ама не ти е кажал. Во првата бременост не ми спомнал докторот за цервиксот, не ни знам дали го има мерено,ама во оваа сама му кажав да го измери оти имав болки во стомакот и половината
Има некоја кратенка да проверам на скринингот ? Како се мери вагинално или не ? Кога ќе појдам се само бебе мери ништо друго па ако не го има измерено да си побарам да ми измери за секој случај
Може и вагинално а абдоменално,вагинално е повеќе точно мислам.Нема скратенка,или кажуват усно колку е..или на извештајот пишува цервикс...толку и толку...барем во мк е така.
Мила јас сум кај Таше во Плодност и од 12 недела почна да ми мери цервикс и навистина не знам која е кратеницата оти кај мене во извештајот пишува цервикометрија со зборови.Кај мене секој преглед е вагинален кај др Таше само на првиот скрининг бев кај др Сотир и тој вагинално и абдоменално ме гледаше а продолжив кај др Таше он вагинално ме гледа и знам кажа дека вагинално најточно се мери цервикс.Може докторката ти мери ама ти нема спомнато бидејќи се е во ред. Ако си имала некоја предиспозиција за скратен цервикс како на пример розов исцедок,големи болки, грлото да ти е омекнато или отворено не дај боже докторката сигурно ќе ти кажела мила.Затоа нареден преглед да не ти биде мисла прашај си