Она ми рече да почекам до 17 недела да ме види на ехо и да ми каже што понатаму, ми рече имаш опција за пренатален, прескап е, се чекаат пак резултати ама сама одлучи, што и да решиш дојди да те видам во 17 недела. Која е поентата д правам пренатален тест ако пак морам д правам амнио после 17 недела. Со првото дете сум имала исто бета хцг повисоко ама тогаш било 2.6 сега е над 3.
Не, мислела ако сакаш пренатален можеш сега и таман ќе стигнат резлутатите. А амниоцитезата не ја прават порано од 17 недела. Изборот е твој исто како што на докторката и е должност и работа да те упати што понатака.
Епа затоа приска не ни сакав да правам,вака ќе те извадат од памет.Ако сакаш пренатален, најбрзо резултати имаш со Хармони тестот максимум една недела.
Девојки ај да ве прашам вас, више ќе полудам со перењево. Како перете алишта? Што со што ставате заедно и на колку степени? Гаќи конкретно со што друго перете? Се оптеретив во последно време се да биде перфектно и више не знам како да перам. Порано не се замарав толку, сега многу. Фала ви однапред.
Нифти се чека од 7 до 10 дена, ама кажуваат за 7 и ако има некој проблем амниосинтезата ти ја плаќаат во приватна болница мислам до 500 евра беше покритието. Тестот беше 700 евра ама до нова година имаат промоција мислам 600 евра дека е.
Кој е најбрз пренатален тест? @natasam 7-10 работни дена, пак ке ме фати 17 недела. Кој и тест да го правам неможам пред Понеделник, тогаш ке бидам 15+2, додека ми дојде резултатот ке ме фати 17 недела. Ако треба покасно ке правам амницинтеза не гледам некако поента сега, ако има некој брз тест тоа е друго. Некој ми спомна хармони, ништо не ми е истражено ова, ни на крај памет не ми беше, а сега се чуствувам во мат позиција дека за ништо немам време, и главата ке ми експлодира, неможам да размислувам, ми треба малку време да го сварам ова а истото го немам, затоа ви барам помош, ако знаете нешто повеќе околу овие тестови посветувајте ме, кој е најбрз, кој е најповолен, не сум во најдобра финансиска ситуација и тоа ме притиска плус, ако е зор ке се снајдеме ама и за тоа ми треба време, неможам да размислувам јасно во моментов,блокирав,се убив плачејки, мислам дека нервен слом доживувам.
кај мене исто бетата беше висока , мене мојата матична ме напна да правам пренатален , искрено не бев при пари и не прифатив амниоцинтеза , со таа приска бев и на ГАК и во Систина на уште два скрининга и другиве доктори ми рекоа дека нема простор за паника мерките на ехо чим се супер , само да си се следи и да си се направат другите два скрининзи .... двата после ги правев исто на ГАК и во систина се беше во ред џабе само паника без потреба ... бебче здраво право
Хармони,мене за три раб.дена ми стаса одговор Да се надополнам...може и на рати да се плати на 3.6.9.12..така беше во јули кога правев јас.би требало уште да е така
И јас не правев. За амниоцинтеза не ми се ризикуваше. А и по втор скрининг се беше во ред. Бев и на 3то мислење се супер. Тоа е само статистика.
Долен веш со останати бели алишта што се перат на 60 степени или 95. Јас најчесто на 60 пуштам , ама еднаш во 2 недели и на 95. Сега имам доста исцедок па почесто 95 степени употребувам. Иначе со тоа перам пешкири, постелнина, крпи, бели кошули од мм. Читај си на декларација и сорторај
Имаш пакет од 590,690,и 790€... Јас закажав од денес за утре.. Со агент се договараш ,во Биотек лаб.ми земаа крв ,таму се чекавме со агентот,соработуват со таа лаб.
Јас колку што знам има хармони и од 390 евра, се испитува даун синдром и многу е прецизен, се закажува од денес за утре и резултати за 3 дена.