Kallias еве ја табелата, овде можеш да видиш како се рачунаат неделите, така е бидејќи една гестациска недела трае 6 дена. А како што гледам по потписот твој ти си 21 недела и 4 дена, значи уште малку влегуваш во 6 месец. Табелата е од темата Гестациски недели, таму можеш да прочиташ повеќе.
Е сега јас се збунив, сега читам гестациска недела трае 7 дена, а јас по некоја моја логика мислев дека трае 6 дена. Не е важно, еве калкулаторот и докторите нека сметаат, а ние да си уживаме.
ааа ја поминавме таа фаза, сега нема потреба да ставам раце, освен ако сакам да ја разбудам. Она сега мафта насекаде дури прееска за време на прегледот, едвај успеа докторот да ја измери, на почеток му викам многу е немирна, и он ќути, за после 7мин борба да ја фати , ми вика “е навистина е немирна“ Да е жива и здрава само, има на кој да личи Јас вака многу бев збунета кога бев 5месец, за да на крај сфатам дека од 1-4недела всушност не се бројат како бременост, туку како недели кога бил последен циклус. А гестациската недела трае 7дена. Е сега незнам по ова табелата, јас знам дека 6месец почнува од 24недела трае до 28, кога почнува 7месец .
Јас да ве поздравам и да извинам што ме немаше некој ден. Презафатена со гости, 9ти месец, ама помина и тоа во најубав ред па сега да ве дружам слободно и да ви го дадам инфото што го ветив за техники на опуштање при породилни болки. Дури да преведував јас, најдов многу добро видео, а и генерално гледано страницата на бејби центар си има многу убав концепт во целост. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=SSGfssVv3IY Јас се обидувам да одмарам што повеќе, иако до пред една недела си бев како порано, сега сум во приморана слоу моушн фаза, ама ште малкуцка ќе се издржи. Од време на време бебе така јако си турка на долу, чиниш секој миг сака да излезе, ама нека си почека недела дена, па го чекаме. И на темава само позитивни идни мамички да гледам без нервози, со верба за убав и лесен помин. Гушки до сите од мене и пишете до каде сте со припремите. Количка некој се снабдил или ако планирате кога? Ние се уште се мислиме за кој модел
^тука некаде сме , јас утре влегувам во 39та недела, последна инаку за количка јас се мислев дали да купиме сега или понатаму , и сепак се одлучив за понатаму кога ке помине зимото зошто и онака зимоска каде ке ја возиме ? па така се одлучив да земеме покасно и некоја поквалитетна, гледав во мегастор има доста убави а и сигурни се за доставата мислам дека и Коритсаки имаше порачувано од нет ..
Да уник , јас од мегастор ја порачав , од овде имам порачано и столче за јадење и седиште за автомобил , сигурни се и точни луѓево а и имаат голем избор на колички
И ние количка ќе зимаме понатаму, засега ни е рано, а и нема баш каде да ја искористиме. Да ве прашам како ви се мерките на абдоменот на бебето(се бележи со АС) , јас гледам кај мене е недела време помала мерката, односно одговара за 32н, а јас сум 33н5д. Многу ме замисли ова. Инаку баш му потенцирав на докторот денес да обрати внимание на дотокот на крв како е и на стомачето, и он самиот ми кажа дотокот е одличен, стомачето е помало, но не е проблем. Се во ред што е така, но досега ниту на еден преглед не заостанувало, напротив и понапредно беше . Разбирам да е неколку дена, но недела време е премногу. Утре се јавувам и кај другиот доктор да видам и тој што ќе каже, зошто душата не ми е раат.
Regenbogen честитки и од мене , да ти е жива и здрава ќеркичката и кога сме веќе кај количките мене оваа ми се допаѓа http://megastore.com.mk/Default.aspx?aID=2423&pID=27 и обавезно ја порачувам кога ке помине зимото
Regenbogen neka ti e ziva i zdrava lepotickata! Inaku se macam da zaspijam,me boli levata strana od stomakot,ne e jaka bolka,no me voznemiruva.Ko ga me bocka nekoj so igla...sto bi mozelo da bide?
Контракциите траат од 45-60 секунди, како поминува време односно се наближуваат контракциите се зголемува болката а времетраењето е отприлика исто цело време.
olence86 честито женска, имај убава и лесна бременост...да си жива и здрава и ти и бебушко па за 9 месеци среќни и весели да си се гушката Спојлер
Девојки ми треба еден совет или мислење, јас веќе неколку години имам болка во левото колено и последите години се мачкам со еден крем италијански НО-ДОЛ и ми поминува, сега веќе неколку денови пак ми се појави таа болка и не можам ноќеска да спијам, не се мачкам намерно од кремот затоа што не знам дали е дозволено во бременост, па би сакала да ве прашам дали знаете дали смеам да го мачкам коленото сега во бременоста со крем бидејќи само од тоа ми поминува, друго чаре нема
А да пробаш да го стабилизираш со оние стегачи за колена??Можно е "рскавицата на коленото да почнала да се троши.И сега имаш плус зголемена тежина....А мислам од мачкање нема да имаш штета единствено ако немаш осетлива бременост.
Најди го производот на интернет. Ке има упатство за употреба и ќе биде нагласено дали може да го употребуваат бремени жени. Јас го имав истиот проблем кога ми излезе херпес и немав упатство.
Го најдов упатството и не пишува ништо за бременост дали смее да се користи, мислам дека може зошто не би можело ама пак ми е страв
Што има во составот на кремот Kallias? Мислам дека може локално да користиш кремови, ама зависи што има во составот. Мислам дека и стегачи или еластични завои би ти помогнале.
Трудици, да Ве прашам... пиевте ли Флуоронатрил од оние мали таблетки за зајакнување на забите? Мене двајца стоматолози ми рекоа да не пијам со објаснување дека веќе не ги препорачуваат, а и гинекологот истото ми го вели. Вие што правевте?
Јас пиев, ама ги прекинав. Мислењата на стручњаците се поделени, ама штом постојат дилеми за тоа колку се безбедни, подобро не ги пиј. Внесувај повеќе калциум (млеко, млечни производи), за да има доволно и за тебе и бебето