Здраво и од нас Денес бевме на контрола, бебето е околу 500 грама, напредува нормално, дури и подобро. Според димензиите на бебето сум 22+5, а по менструација 22+2. Постелката си дошла на место (претходно ми беше спуштена ниско). Синко си мрдка одвреме-навреме, посебно го осеќам навечер кога ќе си легнам, или кога ќе одмарам преку ден. Гледам деновите активно да ни поминуваат, да не се залежувам, а башка тоа ја спремаме и свадбата па и не можеме нешто многу-многу да одмараме Инаку да ве прашам по колку зимаат на трансфузиологија кога испитуваат Д-Димери? Ми закажа за во Градска, не за во Државна, зашто во Државна кога испитуваат крвна група таа ме изнервира, ми утна вена, ме боцкаше на двете раце, едвај крв ми зема и не сакам веќе таму да одам.
380 ден. зимаат во градска на трансфузиологија. Само чувај нерви за старците пошто е преполно со нив.
devojki zdravo eve i jas taze so se ve li na forumov sovet mi treba pred kraj sum so bremenosta posete mi so se ke mi treba za vo bolnica za malechkoto i za mene bidejki ovie starkite moi me pobudale te ova te ona i sami neznaat so mi treba vi blagodaram najmnoguu
За тоа имаш посебна тема "Што да се спакува за во болница" bremenost/sto-da-se-spakuva-za-vo-bolnica-t14100/430.html
Ми олесна мислев дека си 8ми и затоа искоментирав така Епа штом си 9ти кај и да е ќе биде...само со лесно и ти посакувам побрза средба...
Денес правев контрола за крвна слика, и не можам да поверувам ама железото ми е 56.3, а максимална граница е 26. Докторот ми рече само да ги прекинам апчињата за железо. Сте имале ли ваква ситуација, да не штети оваа висока вредност на железо? На претходната контрола ми беше 17, а сега волку многу малку ме засекира.
Па и јас тоа помислив...дека е можно да е грешка. Ќе морам да одам да го повторам тестот зошто малку не ми е нормално да е волку високо.
Па и мене тоа не ми е нормално, посебно кај трудница пред породување, а и кај близначка бременост. Замисли само колку железо од мајката зема едно бебе , а не две Затоа за секој случај повтори си го тестот, па со среќа нека биде. Поздрав
Јас имав, повтори го тестот, моментална концентрација било. Мене ми беше 48 а наредниот ден нешто под границата.
Внимавајте што јадете и пиете пред проверување на крвната слика! Има продукти поради кои концентрацијата на железо е поголема од онаа реалната (на пр. какао) Со шеќерот иста приказна! Грозје, кока кола и сл. не треба да внесувате во организмот неколку часа пред проверка на крвта.
Здраво мешиња најубави,ние бевме на контрола денес на синко му текнало и се свртел карлично ама матичната ми рече дека има време при крај може ке се завртел како што треба.Иначе мн ме нервира сите околу мене ми зборат дека стомакот ми бил мн мал не како за 7 туку како за 5 месец.И матичната ми прокоментира леле колку мало меше а седми месец си,демек немала видено одамна....Иначе на мерењето излезе дека синко е точно 1 килограм и според мерките на ехото 27+ некој ден а според последна менструација 28+1.Ама ми рече дека било во ред дека не сите бебиња се исти некои поголеми а некои помалечки а јас си останав малку загрижена....
Не се грижи Тинче, штом ти рекла докторката дека е добро нема што да се мислиш... Инаку на еден преглед мене матичниот ми кажа дека се толерира разлика помеѓу датум на мерките и тој на последна менструација до 14 дена... Не се развиваат сите бебиња еднакво, а и многу често се прават грешки во мерењата... Уживај си, јади тоа што треба и ќе си порасне бебенцето
Да те утешам- со првото имав стомак што да ти кажам, на мерење стално ми викаа големо бебе носиш а родив бебе од 2500 кг. Со второто до 5 месец никој не знаеше дека сум трудна а родив бебе од 3000 кг. И навистина не сваќам кога стручно лице ќе искоментира такво нешто, остај околината што збори, само да те извадат од памет, уживкај си, се е во ред.
Женски фала мн,ако не сте вие тука да споделите некој совет,некое мислење ќе се забегам,мислам дека ова докториве земаат плата само паметот да ни го вадат.позз и
Мене ме изнервира вработена во зегин во Сити Мол. Барав една павловиќева што си ја користам цела временост за стрии и фала богу за сега немам ни една. Ја немаше таа, па ми понуди друга. И кажав дека ми е шубе да сменам сега баш во 9 ти, за да не ми се направат баш сега на крај. И таа ми вика " секако ќе ти искочат стрии во 9 ти, што и да мачкаш џабе ти е. Тие се подскриени и во 9 ти искачаат".?????? Леле се чудам на себе како не и изреагирав ??? Па и да искочат зарем така се кажува на муштерија, а башка трудница??? Требаше да ја прашам зошто тогаш ги продаваат тие мустела и останати што им се по милијарда денари, штом "секако искачаат стрии во 9ти месец"!!! Лудача
Е де, де.. голема работа, за што си се изнервирала.. Па вработената немала лоша намера, а и никако не те навредила, ниту пак е крива што продава креми против стрии.. Жената само си го кажала своето мислење! Трудницо, пречувствителна си.. Не е тоа добро ниту за тебе, ниту за бебушко! Пушти мозок на пасење и уживај и релаксирај се, денов е створен за опуштање и релаксација.. Не ти требаат непотребни нервози!
Мила да ти кажам изгледа џабе се мачкаме, се е до генот! Еве ја цела бременост се мачкам со Мустела и еве пред некој ден се појавија, иако се мали и не се онакви црвени ама се појавија околу папокот! Како и да е не престанувам да се мачкам, зошто читам на тоа дека и тазе појавени стрии може да ги ублажи, па сега ќе видиме. Инаку мислам дека се е до кожата и генот, ако имаш растеглива и кожа што не е сува, нема да ти се појават и да не се мачкаш, еве јас со сува кожа сум и се појавија, можеби со мачкањето само го одложив појавувањето за некој месец. Не се нервирај, нема потреба да си штетиш со нервози. Еве мене вчера толкав стрес ми направи оној Дракулевски, што кога си легнав и кога се смирив малку одма ми се појави пролив, среќа па само синоќа траеше ама дакам да ти кажам да не си зимаш ништо при срце, зошто нашиот организам е пречувствителен сега.
Тинче не се замарај, битно да е живо и здраво. Еве и мене не ми е голем стомакот, за разлика од други трудници што сум видела, но штом докторот ми кажува дека се е во ред, не се замарам. Исто и моето е завртено карлично, утре сум на контрола па ќе видеме што ќе каже докторот. На претходната контрола ми рече дека до 34недела имало шанси да се заврти, а после потешко. Oвде царскиот рез го закажувале една или две недели пред терминот, знае ли некој дали е исто и кај во Мк, или чекаат како и за природен пораѓај?