Мила горе друшките ти дале убави совети,пиј парацетамол,течности чаеви чорапи со оцет стави ,лимон и овошје цеди,мој совет е и да се консултираш со докторот кој те води може ќе ти даде превентивно уште нешто.Не мора да значи дека одма е ковид,може си настинала или ако излезе дека е ковид јас прележав во 6-7 недела и многу пати пишав тука без паника,консултација со доктор,течности и се горенаведено и да знаеш бебето е заштитено од плацентата.Со брзо да ти мине и со лесно.Ако ти треба консултација тука сум
Фала ти најмногу, навистина многу ми помогна.Ќе применам се од тоа што кажа.Истите симптоми се и кај мене, само повисока температура.Не се плашам за мене туку за бременоста што едвај после толку маки, ми се случи.Кажи ми само за облозите, мислиш на крпи натопени со ладна вода? Навистина е тежок периодов, но среќа што се имаме тука, па се е полесно.
Фала ти мила најмногу, навистина многу ми помогна.Ептен сум во паника, толку многу се плашев да не се разболам сега и ете се случи.Се надевам само да помине што побрзо.Кажи ми само за оцетот каков треба да биде? Мора да е алкохолен?Ќе пробам со се што ми кажавте, навистина многу ми значи секој совет.
Мноогу тешка ноќ мешиња... неверојатен нагон за повраќање, надуен стомак, грчеви, седечки став, и згора на се несоница.... а мм толку слатко си спие, мерак.. ама си викам ќе помине, 30 weeks more to go...
Исто и јас имам болки во тој предел, ми се јавуваат навечер или ако се прејадам. Од дијафрагмата е, ништо страшно само пази не се прејадувај.
Девојки, што мислите за вежбање за време на бременост? Немам воопшто физичка активност, по цели денови сум дома па се мислев да почнам со некои полесни вежби, пример јога. Во прво тромесечие ми беше шубе и мирував, ама сега почнав второ и не ми е толку страв и не сакам да сум вака без кондиција.
И јас размислував за јога за бремени оти цел живот физички активна и сега само навечер шетам ама здравје чекам средината на јануари сум на втор скрининг па дс го прашам докторот за мислење дали да почнам
Имаш на интернет вежби за трудници, а за кондиција шетај. Јас вежби ретко правам некои полесни за истегање. Ама затоа шетам, се движам дневно најмалки пола саат. Некогаш и по 2/3 саати.
Кога имам прилика за во природа шетам, најмногу за викенди, ама инаку тука низ град не излегувам воопшто, бидејќи е презагадено и контра ефект би имало, затоа од понеделник до петок се мислев јога.. ќе видам на youtube, има доста избор.
Јас правам лесни јога вежби за трудници од видеа од јутјуб. Имав многу болки во грбот, најмногу почнав ради тоа и ми помогнаа. Нема мака, само ќе внимаваш да не се оптеретуваш многу.
Девојки денес испитав димери 1266 ми се. 15+5 сум и примам по еден клексан од почеток на бременост. Пред еден месец ми беа 460 и некако многу брзо ми скокнале и покрај терапијата. И активираното тромбонско време ми е намалено 25 а во нормала е над 28. Утре сум на преглед но до тогаш незнам дали имам простор за паника :/
Мешиња нешто се збунив, денеска точно 27+0, значи влегувам во 7ми месец, и од утре (27+1) ја почнувам 28ма недела? Точно ли си рачунам