Да, сигурно ќе те примат, јас кога сум чекала имало и жени што не се бремени, така да не би требало да направат проблем, мерат само ТТ на влез.
Среќна Нова жени!!! 2020 ги заслужи сите пцовки што ми се на репертоар, ама се случи и најдобрата работа, па секако ќе се фокусираме на тоа и ќе ја паметиме ко... посебна Нека 2021 ви биде со што помалку грижи и бескрајно многу среќа. Гушки до сите бебли во мешињата, ним им посакувам да раснат во еден поубав свет
Секако, нема така дома да седиш. Пиши како си поминала. Јас еднаш кога бев кај докторката која ме пораѓаше, дојде жена со болки и кажаа дека само со крварење и бремени примаат на дежурен. Таа цисти имаше па ја вратија.
Фала ви на сите. Спојлер Оф топик сум дека не сум бремена, ме примија, ме прегледаа, имам некој излив во матката, веројатно од полицистични јајници. Чекам крвна слика да видат што да ми препишат. Од памет се извадив, толку крв немав видено од пред 12 години вака кога крварев. Изгледа приказната со полицистични јајници ќе си ја почнам одново. Фала 2021, добар старт.
Среќна нова година мешиња! Ви посакувам бескрајна среќа,здравје и љубов, дај Боже сите да донесеме на свет живи и здрави бебиња во 2021
Не се плаши секретот во бременост е нормален и штити од инфекции, како ќе ти одминува бременоста така секретот ќе биде поголем. Многу е битно да немаш печење, чешање или зелен секрет со парчиња.
Се надоврзувам на муабетов.. А што е со малку чешање, откакоќе ставам утрогестан после некои 2 саати почнува малку чешање и се смирува за некои 3, 4 саати.. Ќе го прашам докторот, но барам мислење дека е викенд па да не досаѓам
Чим има чешање, можно е да е уринарна инфекција, или бактерија некоја. Да побараш да ти земат брис, и уринокултура, за да се види ако има нешто, да ти дадат да пиеш терапија.
Женски, едно прашање, некој случајно да знае производите на NOW, во која аптека се намалени? Ми требаат итно.
Здраво девојки. Денес бев на контрола кај матичната. Бидејќи имам кратки грло на матка и фанелинг пијам утрогестан. Проверив димери ,беа 1400 а границата во 3 треместар е до 1700... Ми препиша клексани но никаде ги немаше и затоа ми ги прекина утрогестанот. Мислите дека е ок без клексани да лежам ?
Димерите се во граници на нормала, да не ти дале клексани за времињата? Посети трансфузиолог за совет.
А зошто утрогестанот ти го прекина не ми е јасно, како е тоа поврзано што нема клексани. Секако треба мирување со таква состојба на цервиксот. Како што веќе ти пишаа сигурно времињата се скратени, штом ти рекле да примаш клексани. Види дали може фраксипарин па тоа да бараш, најдобро со трансфузиолог консултација.
Девојки имав ептен болка во ногата и половината и зедов маст на природна база и ме опушта може да ви пишам состав да не нешто не се препорачува во бременост? Aqua, ethanol,mentha arvensis,mentha piperita,lavendin,thymu vulgaris,aloe barbadensis http://www.prirodnibalzam.com/dedin.html Фала ви однапред
Фала ти миличка си реков нешто да не е штетно па да направам поголем проблем чувај боже..... Те гушкам
Дали може даа се оди на пливање во бременост? 16 недела сум ама имам проблем со огромни болки во грб и половина, порано одев н пливање и ми помагаше тоа, а сега сум во мирување и ми се плаче од болки,утре ке го прашам и матичниот
Pravev preku krv bremena sum Ama od vcera imam silno gadenje. Okolu 5ned sum i mislam deka e rano za siptomi