Јас прокрварев мн обилно од аспирин, бев 4 дена во болница, среќа со бебуш скрцавме, побарај второ мислење.
И јас вака на почетокот зедов од Synergy Vit C демек ај за поубаво , па после видов дека има биофлавоноиди и нз уште што, читав на нет и логично се извадив од памет за биофлавоноидите во бременост (што секако стануваше збор за повисоки дози ама ете), и оттогаш си земам најобичен витамин Ц од Алкалоид, Плива..
Искрено мене шубе ми е од било какви додатоци, посебно сега во прв триместар, во секој случај советувај се со гинеколог сепак е ова само мое мислење.
Исто и мене.Јас пиев доста додатоци во прв семестар и кога испитав фолна и б12 преку крв видов дека вредностите му се многу над граница, па почнав да намалувам.Сепак ќе ги оставам, подобро секој ден лимон да пијам
Од вишок витамини неможе ништо да ви биде. Витамините не се натрупуваат во организмот, вишокот се излачуваат преку урината.
Најновите истражувања сепак покажуваат дека треба да се внимава со прекумерна употреба на витамини.Зависи за кој витамин се работи, прекумерна доза на одредени витамини може да има токсично влијание врз организмот.Како витамин д, витамин а во големи дози кој може да биде штетен за плодот во бременоста.Затоа секогаш е добро најпрво да се испита вредноста на одредени витамини во организмот па потоа да се одреди вистинската доза.Кај мене се појави предозирање со фолна и б12 (односно нивно зголемување над нормалните референтни вредности во крвта) како резултат на долготрајна употреба на истите во повисоки дози, затоа во консултација со доктор ги намалив.
Со лесно да ти е до крај.Јас сум со миссед во 8ма недела оваа бременост од почеток ми дадоа аспирин заради миссед што сум имала плус дупастон-прогестеронска терапија.Сега сум 23+6 негативни ефекти немам фала му на бога до крај вака да продолжи аспиринот ми кажаа да го прекинам 36 недела,,,, Аспиринот ти е даден заради миссед, ја зголемува циркулацијата на крв во матката па така и низ цело тело јас сум многу по смирена дека го земам искрено....
Јас ги пијам овие едно насабајле и едно навечер и сум презадоволна. Не ме боли желудник од нив и баш се вкусни, како бонбончиња
Девојки од синоќа сум со болки вo вагината...како бодежи, прилично силни, повремени... 11+3 сум, Ви се случило?
Девојки кажувајте лек за грлото. Од вчера почна да ме греби, цел ден бев со чаеви и препечен шеќер, гаргари од сода и јод и некако океј поминав. Денес гласот ми е засипнат, не можам да голтам. Гаргарата ми помага 15 секунди, после пак ме боли. Температура немам (36,8°С), главоболка, малаксаност ништо, само си поткашлувам суво, ама мислам дека од што ме дразни грлото.
Со помин да ти е миличка.Види пробај чај со мед или млеко не мора да е со препечен шеќер само со мед внатре лимон со мед тие го омекнуваат грлото.За кашлица сува мене тука ми дадоја Проспан мислам пак да си се консултираш со матичен ама е безбеден во бременост од 7-10 дена може да се пија.
Мила за грло чај од ѓумбир,лимон цеден со сол малку и да се испие наеднаш, лажица мед со детски прополис на него или да си земеш сируп алпенкрафт безбеден за трудници на природна база,јас дома го имам и кога осеќам дека ме гребе грлото си пијам и како нова сум
Пробај гаргара со хидроген 3%, во филџан, пола од хидрогенот, пола млака вода. Гаргарај, колку повеќе издржиш без плакнење (и голтање) по гаргарењето, толку подобро, па исплакни со чиста вода, повтори вечер или утре ако има потреба. Ептен е ефективна, особено ако се направи одма по појава на симптомите.