Среќен роденден @jarec6 нека оваа година ти биде најубава со бебче во раце. На многу убав ден си се родила - Бадник
Ама треба да се пијат многу високи количини со месеци. А конкретно за вит д, 1000-2000 единици не се ни приближно до многу високи. И најчесто се повлекуваат сите ефекти кога ќе се прекинат витамините.
Во принцип и јас верувам на девизата- сѐ што е умерено е во ред.. Се сложувам дека за некои витамини долготрајна употреба во големи количини не е пожелна. Но одредени. Тоа најчесто се случува од витамин А и Д кои се растворливи во масти за разлика од другите кои се растворливи во вода и веднаш искачаат од телото. Не верувам дека било кој нормален претерува со витаминиски апчиња на дневно ниво, посебно зашто тие се пијат како додаток поради одредени состојби во организмот, а не постојано. Знаете колку многу апчиња треба да испиете дневно за да осетите тегоби!? А и не верувам дека секој човек прво оди да испита дефицит на витамини во организмот пред да почне да пие. Еве ајде кажете дали ви се случило доктор прво да ве праќа да се испитате пред да ви препише витамини?? Е како? Зошто некоја трудница да се оптеретува сега непотребно и за витамини дека може да се предозира? Углавном најдобро да си пиете она што лекарот ви препорачал. Сѐ останато да биде храна.
Се согласувам со тебе, но ете јас сум таа што прво испитува витамини па потоа користиИ тоа не самоинцијативно, туку бев упатена од страна на трансфузиолог за фолна и б12, а за витамин д од страна на докторот за инвитро.За жал сите што сме во постапка за инвитро, користиме подолго време витамини од причина што со секоја нова постапка се надеваме дека ќе биде успешно.Јас пијам метил фолат и метил кобаламин повеќе од една година, во која година поминав три трансфера.Кога проверив витамински статус,вредностите ми беа преголеми.Секако дека би било правилно прво да се провери витамински статус па потоа да се направи дозирање.Кај нас од скоро време во лабараториите почна да се врши испитување и тоа само на одредени витамини.Најдобро е сепак кога се применува добро избалансирана храна, секое консумирање на суплементи на своја рака не е баш толку наивно, затоа како што кажа треба да се слушаат советите на докторите.
Витамините за трудници се во мали дози што се препорачани за дневна употреба но на своја рака да земаме дополнителни не би требало. Секое прекорочување на препорачаната дневна доза носи ризик од предозирање што може да направи повеќе штета отколку корист. Не дека сум за тоа да се испитува секој витамин пошто и тоа е варијабилно сега ти е висок утре не, но да се слуша доктор сепак он има повеќе познавање од нас во таа област
Според мојот гинеколог, во бременост само вит А може да направи проблем и да дојде до таложење на прекумерни количини. Се друго се исфрла со урина. Сепак, вотамините за трудници имаат се што е потребно. Јас додатно само вит ц 1000 земав преку зима. За се плус советувајте се со доктор.
Значи ајде вака! Скоро од сите витамини човек може да се предозира, состојба која се нарекува хипервитаминоза и истата може да биде акутна (наеднаш екстремно високи дози) или хронична (поголема доза од препорачана подолго време). Точно е дека од липосолубилните витамини (А, Д, Е, К) е поголема веројатноста да дојде до ова бидејќи потешко се отстрануваат од организмот, но постои шанса и со некои витамини од групата Б, вит Ц и сл. (иако тие се хидросолубилни, а со тоа се излачуваат со урината доколку се вишок). Симптомите на ваквата интоксикација се од широк спектар и зависат од витаминот, т.е од физиолошките функции кои користат одреден витамин (пример вит.Д учествува во метаболизмот на калциум, па вишок ќе резултира со хиперкалцемија, а оттаму и симптомите што истата ги носи). Дозиве кои се препорачани за бремени се далеку од токсичните дози, но ве молам воздржете се од коментари од типот ‘не е можно да се предозираш, вишокот се излачува’ зошто не можете да знаете кој чита низ форумов и дали ќе го земе вашиот совет како релевантен. Различен организам различно ги метаболира супстанците, земете го примерот со обична фолна и метилирана фолна кој верувам на повеќето ви е познат, биохемија е една цела посебна наука. Оставете ги лекарите да делат совети за тоа колку доволно е доволно, вие придржувајте се кон препораките и уживајте во бременоста. Сепак и витаминот е лек на некој начин и си бара правилно дозирање. Извинете за долгиов пост, имав морална должност да пишам Среќен Бадник и Божиќ на сите православни христијани, за многу години!
Браво за постот Секоја чест, потполно се согласувам Среќен празник и на тебе и за многу години нека е
Браво за напишаното, така е.Пренаталните витамини кои се продаваат кај нас исто сметам дека се безбедни, но многу често знаеме да земаме дополнително плус витамини.Еве јас земам поголема доза на витамин д, зашто и покрај редовната доза од 2000 iu, пак бев во дефицит.Затоа после испитуваење на вредноста во организам, ми ја зголемија дозата, што секако немаше да го направам доколу не направив испитување.Но исто така постојат птенатални витамини на американскиот пазар наменети за трудници кои содржат доста големи дози на одредени витамини над препорачаното, пример метил фолат од 1000 мг.Оваа доза а со тоа и овие витамини не одговараат на сите трудници, а посебно не на оние без генетски мутации.Во такви случаи, секако е подобро да се знае состојбата на организмот, па пптоа да се консумираат.Во секој случај предобро објаснето од твоја страна.Среќен празник
@KittyCat:) @Maya12 @Saba08 @Lizi @jarec6 фала ви друшки. Сѐ што можев пробав (освен млеко), моментално сум подобро. @jarec6 мила среќен, најсреќен роденден! Најсреќна на свет да си! ❤️ Догодина бебушка ќе ти ги дува свеќичките.
Тогаш можно е да имаш некоја габична инфекција мораш да го известиш гинекологот. А може јас да прашам за што се даваат утрогестан во бременост??
За задржување на плодот најчесто, за недај боже да не дојде до спонтан. Како превенција се, во мојот случај за тоа беа препишани.