Мене пред месе дена почнаа да ми отекуваат само прстите на рацете и нозете и исфрлив сол, ама ич не јадам сол, во ништо не ставам и еве 35 недела ми спаднаа и тие што беа, а и немам други отоци никаде. Ако можете исфлете ја скроз солта, и притисокот може да се качува од солено. Иначе мене ме фати и стомачниов вирус и уште тој ми фалеше на мојава килажа, па пак си ослабнав уште кило и сега сум на +9кг ама па фала богу мушкарците се ок и двајцата се по 2500гр. Иначе крвна слика и мокрача е најдобро да се прави на 1 месец, и незнам зошто ве тераат холестерол и триглицериди да испитувате (освен ако нема некој проблем) најбитно за трудница е хемоглобин, железо и шеќер...барем мене докторката од целата крвна слика само тие и се битни и тие вредности ги пазиме. А за карлично поставените бебиња, не се секирајте...може да се свртат во последните денови, а и природно може да се родат. Другарка ми ја роди ќерка и карлично и имаше многу лесен пораѓај, за 15мин ја роди керка и. Уживајте во бременоста, а за пораѓајот како сака Господ така ќе биде. И незнам зошто толку трагично го сфаќате царскиот рез, јас знам дека ќе одам на царски дека се близнаци и нејќам да ризикувам и сум толку опуштена и релаксирана што не ни размислувам за пораѓајот. Па јас имам пријателка која што после природен пораѓај толку многу ја исекле и толку лошо ја сошиле што 10 дена после тоа не можеше да седне, а друга со царски после 3 дена беше ко нова. Значи се е различно и индивидуално и ниту било кој начин не гарантира лесен, безболен или брзо опоравувачки процес. Извинете за долгиот пост
Мислам дека нема потреба два пати да правиш приска (јас не правев ниту еднаш), а во однос на крв и урина редовно си правев пред секој преглед, значи еднаш месечно. Од матичниот лекар си земав упат и си одев во авицена, од таму со резултатите на преглед кај гинекологот [/quote Ама мојот гинеколог има стар ехо апарат и затоа ме прака не ГАК. А незнам сто ми текна за второ мислење мислев дека сите така прават Хммммм
Женски, на обична крвна слика (на систематски) може ли да се види бременост? 9-та недела сум и некако уште ми е рано да кажам на работа Па сега се плашам да не ми напишат на извештајот дека сум бремена??? Овие баш и не се нешто човечни, може да ме испуштат, а сега тоа ич не ми одговара
Кога се прави првото ЦТГ? Вчера бев на контрола, на обично ехо. Денес влегов во 9 ти. Докторот не ми спомна ништо. Рече се гледаме за 2 недели. ???
Срцка урина ми прегледуваат секој месец, и до сега фала богу е во ред. И крвната слика веке трет месец по ред ми ја прегледуваат бидејќи железото ми беше слабо, но од последниот месец ми е супер 12.0 (а на почетокот на бременоста ми беше 12.4, значи и тоа е добро). И јас неможам без солено, но ќе гледам да намалам па ќе видиме на следната контрола што ми е за две недели што е како е. Крвниот притисок исто цела бременост ми е нормален, и со него немам проблем. Ајде мила не се нервирај, ќе успееш и сама, сила ќе ти дава бебушот. Кај мене здравје мајка ми треба да дојде, а и маж ми си зеде 2 недели одмор за тогаш па ќе имам помош. Ако може маж ти да земе одмор, нека земе барем првите денови да има кој да ти помогне. Не дека се плашам за царски рез, туку сакав природно да си се породам, тоа ми беше желба. Е сега кога се мора, мора се. И јас прочитав дека некој се породиле природно иако било карлично бебето, но јас не би сакала да си правам авантури, а мислам дека овде при ваков случај обавезно прават царски рез.
Јас од 36 недела сум со повисок притисок (140/90 или 145/100) на метилдопа сум со терапија. Отоците ги влечам од 7 ми месец а сега сум ЕКСТРЕМНО отечена мислам дека ќе пукнам. Поминат ми е терминот и докторите ѕрнсистираат со провокации да ме породат а јас сакам по природен пат. Царски не ми спомнале, ама од самата помисла дека ќе ме индуцираат паника ме фаќа, не сакам ни да помислам на тоа а не да идам.
eleni27 не знам дали ќе покажи но мислам не бидеќи не испиуваа таков хормон... но на работа и да дознаат не смеат да те избркаат бидеќи има закон трудниците не смеат да се бркаат од работно место додека се трудни потоа 9 месеци мора да имаш родилно и потоа од кога ќе се вратиш на работа не смеат да те избркаат следните 6 месеци ... нема зошто да се плашиш... Но сепак распрашај си се
Бевме на контрола ни рекоа се си е ОК се надеваме дека и до крај така ќе си биде....сакам да ми кажете дали е морално да ми зима пак брис во 36 недела мислам,мене ми е срам,страв многу ми е некако неубаво па не сакам да го правам пак тоа ако не е морално...
па да, да видат да не имаш инфекција која што потоа можеш при раѓање да му ја пренесеш на бебчето. Ако од тоа ти е срам па што да речеш при пораѓај кога секој втор ќе ти брца рака да провери колку си отворена, опушти се не е ништо за срамење кога ќе го земеш бебчето во рака на се ќе заборавиш
Мора, по протокол обавезно за стрептокока...инаку гинекологот ми кажа дека тие брисеви се земаат полесно од другите микробиолошки, без она железото...така што претпоставувам дека не е толку страшно..
брисевите што ги прават во 12 недела ги повторуваат само доколку нешто покажи во резултатите, ако се е негативно тие брисеви нема да ги правиш по втор пат. А тој брисот во 33 та недела не е ни малку случен како првиот, ти земаат со тоа чепкалките надворешни брисеви, легнуваш, шириш нозете, ја става таа чепкалката во длабочините врти круг и вади Аааа мене ме мачи сега тоа што кога бев некни на преглед докторот вагинално ме прегледа и непријатна болка уф хаха а сеа велите постојано тоа ќе ми го прават пред порајѓаај ааааах
Мене ми кажа докторката дека мора да се направат од 35 до 37 г.н заради инфекција или бактерија ако постои може да се пренесе на бебето при раѓање,и првите ми беа негативни па пак правев втори брисеви на 36.г.н фала богу и тие се негативни кој да ги разбере докторите сите различно кажуваат да се чуди човек...туку јас почнав да осеќам секојденевно по неколку пати 3 4 пати некои лажни болки нешто како сечење и болки во крстот кај кичмата си викам кај и да е да не започнат вистинските поздрав мами убава ноќ
Дали некој чувствувал како менструални болки, не контракции (затегање па пуштање) туку болка која трае подолго, можеби подолго од еден час? Некаде читам дека не е ништо страшно, а некаде дека е ран знак за предвремено пораѓање
јас имам такви болки, еднаш во 7 ми месец еден ден така ми беше и еве скоро 38 сум, за два дена, па дури сега еве пак ги чувствувам менс болки, само што сега и болки во половината имам одвреме навремее.
Мамички како стее да ве прашам дали кога ви мрда бебчето ве боли? 36та недела сум синоќа пред да си легнам многу ми беше активно кога ме удираше осејкав болка и ме притиска многу на бешиката да не се случајно лажни болки прва бременост ми е и не знам ништо