Zdravo devojki maticnata mi prepisa utrogestan 200mg poradi bolki i peckanje vo stomakot za zadrska na plodot. Vase mislenje
Стравовите се нормални кај секоја жена што за прв пат треба да стане мајка. Ги имам и јас истите стравови, а сигурно и многу други идни мајки. Меѓутоа, не смееш да дозволиш да те надвладеат негативни мисли и да се сомневаш во себе. Секоја жена е создадена како за процесот на носење и раѓање бебе, така и за негово одгледување. Љубовта што веќе ја осеќаш е посилна и почиста од се и таа ќе ти помогне да се снајдеш и да ја преминеш секоја пречка. Сите млади мајки се соочуваат со разни предизвици, ама на крајот на денот ги решаваат бидејќи мораат и бидејќи се мајки и бебето им дава сила поголема од се на светот. Ако ти пречи тоа што другите ти коментираат од страна, јасно и гласно ќе им кажеш да не ти коментираат. Ќе си разговараш со некој близок на оваа тема, некој кој што ќе те разбере и охрабри. Те имам читано и претходно и имам чувство дека цела бременост ја поминуваш во стравови и прашалници. Немој, ќе ти биде криво еден ден. Пробај да се опуштиш, најди некое хоби, некој издувен вентил што нема да ти дозволи толку да ги анализираш сите работи. Уживај во овој период и во состојбата со која си благословена.
И јас тоа си го викам, ама некогаш такви мисли ми доаѓаат, како ќе го бањам толку мало па да не сум груба, па како ќе цица, па што ако ме фати паника кога ќе почне без предтан да плаче.. значи до сега не размислував воопшто на ова, како иде време се поблиску до пораѓај, јас само на ова мислам, како нема да бидам можеби доволно добра... @Bella_Stella те разбирам потполно, и така е како што викаш, и баш тоа што сум паничарка уштр повеќе ме плаши дека нема сама да се снајдам, и дека ќе ме фати паника во одредени ситуации, си мислам дека нема да можам да се справам, што да кажам веќе....
Јас сум бремена со трето па и мене ми е страв...не се секирај премногу полошо си правиш,нормално е да мислиме носиме живот во нас ама пред се треба да бидеме смирени и да уживаме во бременоста,опушти се и уживај....за пораѓај кога ке дојде време ке добиеш сила и нема да мислиш на лошо,едвај ке чекаш да го гушнеш бебето
Го имаш сопругот до тебе, ќе ти помогне и ќе биде се како што треба. Плус човечка особина е да се снаоѓаш кога си под притисок. Колку и да си паничарка, фактот што бебето те има само тебе и тато ќе ти даде сила и нема ни да мислиш на себе туку ќе гледаш да дадеш се за да бидеш во своето најдобро издание и да се грижиш најдобро што може за него. Ќе си дојде се на место, смири се и чекај си го моментот кога ќе ги здогледаш тие очиња што ќе те направат најсилна и најхрабра мама.
Бебето е најсмирено кога е во мајчина прегратка така да, не се сомневај дека нема да бидеш спремна, ке бидеш повеке отколку што мислиш и сама . На сите нас ни доаѓале такви мисли , дали ке успееме дали е се во ред со бебето, дали е добро нарането итн... јас по трет пат сум бремена и си мислам дали ке имам доволно време за другите две па за малото и на крај за самата себе
@Bella_Stella @minne992 фала ви женски, понекогаш ми треба некој вака да ми каже, и на мене и на сопругот, толку сакам деца, и го посакувам и своето повеќе од се на светов. И некогаш треба некој да ти каже: млади сте, можете, ќе се снајдете, не е толку тешко, и сл. А не само слушам: нема да се снајдете, млади сте, па како ќе го држите, па многу е мало, и сл. И веќе на овие коментари враќам нервозно и со лутина, зошто не можам да ги слушам, не сме ниту малолетни, ниту неспособни, како сите така и ние ќе се навикнеме, некогаш многу значат позитивните зборовите од страна кажани.
Нормално е да си исплашена. Се ти е ново ама ке научиш. Плус и се јавува некој инстинкт за кој не си ни свесна дека го имаш. Јас не знаев да држам бебе, ни да пресоблекувам. Кога го земав во раце веднаш знаев дека аум спремна. Плус имаш форум за секакви прашања.
Јас поинакви стравови имам. За чување, бањање не толку, ако ми треба помош ќе ги ангажирам мајка и сестра.... Него како 24/7 ??? Сега кога ќе ми ги остават внуците цел ден на чување едвај чекам вечер да дојде да си ги земат, да си легнам... Се осеќам исцрпено од еден ден 10/12 саати, само кревет гледам... А како ќе издржам утре со моето 24 часа, ќе имам ли сила и енергија... Ама верувам друго е кога е твое и знаеш дека мора да се издржи, од тебе зависи тоа мало суштество. Јас ретко коментирам со други за тема бебе...Се додека не се роди не се знае како ќе биде. Може ќе биде мирна или плачка голема. @thelittle17 Не размислувај и не се оптеретувај однапред, се додека не сме соочени со одредена ситуација не знаеме како би изреагирале. Друго е од страна да коментираш друго е кога стварно ќе се најдеш во одредена ситуација. Јас верувам дека мајките сме создадени се да издржиме, силни сме ние. Ако издржам пораѓај се ќе издржам.
Јас па не се плашам од пораѓајот, се уште. Не сум стигнала до таму може, не знам, хахахах. Некако тоа ми изгледа прелесно, за се ова останато што ме чека.
Ич немој да се оптеретуваш со такви мисли. Следно кога ќе те фати ваква паника само нека ти текне дека човечкиов вид опстојува еве повеќе од 150.000 години, да се плашеа предциве наши ќе не немаше Секако дека сакаш да го пружиш најдоброто на твоето малечко и еве ќе те охрабрам - тоа и ќе го правиш! И свесно и несвесно. Нормално е, на сите ни идат такви мисли, сите имаме стравови, ама мајчински инстинкт ќе ти каже во секој момент што треба да правиш, па види ги животниве само душичиња, колку тие имаат развиена свест, а како се грижат за малите...Мајка си е мајка Тешко било.. па што дека е тешко, ние секако сме суперхерои
Да се смениме, мене уште од прв ден опсесија ми е пораѓајот. Кога дознав дека сум трудна плачев од среќа ама и од тоа што знам што ме чека за некој месец... И сега имав еднаш, два пати испади за тоа... Му викам на мм спремај се кога ќе влезам во 9 месец ќе плачам секој ден.
На тоа работодавецот нека си мисли,а сигурна сум дека на ни една колешка нема да и биде гајле за тебе како ке се снајдеш да е она трудна (тоа е мое мислење).. така да искористи си ги сите бенефиции,гледај си своето здравје и на бебка и уживај во бременоста,а другите ќе се снајдат и без тебе
Мислам дека тие контракции ги имав и јас,кога ке осетиш грч напиј се вода и легни на лева страна , треба да се опушти стомакот така ако не се опушта барај ја матичната и објасни и ,јас едвај до вц одев со рацете на стомакот осеќав како да морав да го држам ,помина и тоа...има многу такви нелагодности што се нормални
Така и ќе правам од сега јас па си викав абе бебе се тегни цела хепи бев сега кога разбрав дека се лажни контракции и не сум баш хепи хаххаах. Не се многу чести па малце се смирувам може да се појават во текот на денот а можи и не и еднаш до два пати во ден ептен кратко.... Фала ти миличка секако ќе се консултирам со доктор
Без гајле биди, секако никој на тебе нема да мисли. А секако може и да не ти ја признае потврдата работодавецот, за секој случај контактирај си адвокат, за кога ќе ти се спротистави за потврдата и нема да сака да ти ја прифати, да му кажеш јас прашав кај адвокат и тие и тие се моите права, така и така. Зошто важи за сите законот, а само државните го користат. Ретко која приватна фирма е совесна ако не си ги бараш правата и не се бориш за тоа. А колешките, уште сеа ти се мрштат зад грб ако си спомнала за законот