Пијам сега дупла доза, иначе пред тоа само по 500 мг во ден сум пиела, утре сум пак на контрола па ќе видиме. Многу е активно бебето, дури и во сон го осеќам, со вртења, со превртувања, со се. Фала ти за одговорот.
I jas si legnuvam nekogas samo taka zaspivam. Vcera spiev vo polusedecka poza radi kiselini, nekogas bolkite vo grbot samo taka mi proagaat. Mene na pocetokot poveke sube mi bese na stomao da lezam nego sega na grb. Ama na grb i ne mozam ne znam kolku dolgo mi utrnuvaat nozete i zadnikot i moram da se svrtam, znaci teloto samo si signalizira
Преку ден скоро секое легнување ми е на грб. За спиење цело време на лева страна спиев, како влегов во 9ти поудобно ми е на десна. И цела ноќ се вртам де на лева, де на десна. А кога сум повеќе време на грб не болки ме фаќаат, едвај се свртувам.
Исто и мојава мома, од коа и осетив прво движење а беше прилично рано, не престанала да беснува внатре. Планини и ридови ми е стомакот по цел ден, и во движење и во мирување она клоца ли клоца по цели денови. Сака надвор веќе
Вчера додека се бањав ми се слоши, прво ми се затната ушите, почнав да чуствувам слабост и како са ми се собира сликата пред очи, знаев дека сум пред онесвестување излегов од туш кабината и чучнав, скроз ми се зацрни пред очи ама свесна бев, останав така 2-3 мин и потоа станав, измерив притисок нормален беше, од што може така да ми се слоши, буквално ми се зацрни све пред очи и како д ми одзвонуваше главата. Ви се случило ли нешто слично? 17+1 сум
Легнувам на грб да ама кога ке се расклоца бебка дури непријатно ми е и морам да се свтрам и најчесто спијам на лева страна пошто на десна ако легнам одма киселни у нос ми доагаат а цел живот спијам на стомак и сега едвај чекам да легнам да стомак да поспијам негде до 3ти месец спиев на стомак ама малку кога порасна стомакот почнав притисок да осекам и неубаво ми беше и од тогаш сањам за спиење на стомак
Мене така ми се случувало порано кога ке ми падне шекерот и одма нешто благичко каснувам во таков случај.
Или шеќерот или притисокот Кока кола имај стално за да се напиеш . Не седи мн долго под туш од пареа и топлина може така да ти се слоши
Највероватно ти паднал притисокот (кога си го измерила веќе се нормализирал) или пулсот, помалку веројатно шеќерот. Ми се случува нон стоп ама јас сум отсекогаш со бавен пулс. Добро си направила со чучнувањето, во такви ситуации касни нешто обавезно.
Мене ми е слаба крвта, и железото ниско, ми се случува така од тоа, или пак ако не сум јадела, со кола колче ќе ти се смирело така, одма крева шеќер, мене за 5-10 мин ми е добро откако се напијам и најадам.
Мене да, во 10та недела. Само што јас се струполив. Ти има паднато шеќерот најверојатно, не се плаши. Имаше ли јадено?
Јас некогаш и спијам така,како што сум цела укочена на левата страна, морам некогаш да си барам чаре,па макар и на грб.
Јас колку што знам не е препорачано на грб во лежечка положба ради бебето и папочната врвка. Ова е само слушнато ама колку е точно незнам
Не се препорачува лежење на грб после 20та недела поради тоа што матката прави притисок врз долната шуплива вена и со тоа се компромитира враќањето на крвта до срцето и како последица на тоа може да се намали протокот во плацентата.
Фал на сите за одговорите, јадев малку сабајлето само 3 мини кифлички, едно кафе и 1 колаче. После бев пазарев па се вратив и влегов да се бањам, обично се бањам со жешка вода долго, бар 30 мин, и ваљд од тоа, и од пареата и шеќерот можда. После бев ок, денеска сум како пијана кокошка, цел ден немам капка енергија како зашеметено се чуствувам, притисокот низок 100 со 60 а пулсот брз 100+. Ваљда е од времето, ке помине, ве гушкам
Не е возможно цела бременост или па после 20та недела само на лева страна да спиеш и лежиш. Нормално дека може на грб преку ден да полежиш, ништо не е некој саат, онака поткрената со перници позади. И нормално дека во текот на ноќта ќе се преместиш и на десна страна да поспиеш бидејќи левиот колк и цела лева страна знае да се укоче или да боле. Јас преку ден си гледам серии филмови, потпрена не перници и на грб лежам, од време на време се вртам на лева страна па така ќе полежам па пак на грб после. И не треба нагли движења и станувања од кревет како и вртење во кревет, се полека. На лева е најдобро да се спие заради протоците кај бебето, затоа поголем дел од лежење и спиење треба да е на лева, ама не 100 % нонстоп. @Iva Mitrevski ти секој втор ден секс имаш, нема за тебе лежење на грб оп стоп! И за мене се омрсуваш, алал да ти е, јас веќе заборавив што беше тоа. Лежи си слободно по малце, не е страшно толку.
Абе сигурно е точно,ама еве јас морам полуисправена уфф...не сум нон стоп на грб,претежно на лева страна,ама што да правиме маки си имаме
Да се приклучам и јас на трудниците со скратен цервикс во 12 недела 34мм, во 16та ќе одам за премерување и мислење за серклаж. Пијам магнезиум 400 еднаш на ден и прогестерон на 10 дена. Посакајте ми среќа
Остај аман јас исто по цела нок врти се на една страна врти се на друга Измеѓу нозе држам една перница зош имам навика на стомак да спијам. Уште малку и јас како тебе полу исправена ке спијам
Исто и јас ,левиот колк ме боли или карлицата од лева страна веќе незнам што е ...се здрвив од спиење на лева страна,ама преку ден на грб сум маку подисправена.