Мене гинекологот ми објасни дека приска 2 се прави доколку е пропуштена приска 1 ама има помала точност околу 80%.
Не, и двете ми се затната, почнав да чуствувам слабост и темнење, и скроз ми се зацрни пред очи, немам осет колку време беше тоа, едвај станав потоа, маж ми не ме слушна па морав сама да се снајдам, после бев ок.
Се прави приска и во Чаир. Мене ми понудија пред некој месец кога правев прв скрининг, ама веќе имав направено.
Epa togas e verojatno pritisok/seker ko sto ti pisaa. Sto i da e.bitno proslo, si se dodrzala da ne padnes sto e najbitno. Da ne se povtori
Жени искуство за малтофер капки во бременост? Низок хемоглобин и железо имам а гледам сите ги фалат...
Зошто да се наплаќа? Сите прегледи кај матичниот лекар за трудниците се бесплатни ( иако од многу слушнав дека им наплаќаат за преглед ). Мене за прегледи, за брисеви, за цтг за ништо пари не ми бара, уште од првиот ден рече трудници не плаќаат ништо.
Синко пиеше и имаше ефект. Штом може за дете од 1 год, би требало да се добри и за трудници. Јас тотхема пиев.
По правило, матичен не смее да ти наплаќа и кога не си бремена, а никако па кога си. Мене до сега никој ништо ми нема наплатено, на државно, каде и да сум била на преглед. Исто и за цтг.
И мене ми наплаќаат. Кај матична ехо -300, 4д - 1000ка, и брисеви наплаќа. Плус идев и на приватни прегледи. Цтг сега не плаќам во пакет ми се, а и не знаев дека и матичните прават цгт
Некои прават, некои не. Мојата не прави, ама секако знаат да прочитаат ако треба нешто. Државно не треба да ти наплаќа, можеш и да напоменеш, и да прашаш. Мислам не е во ред да се ќути за вакви работи, особено па бремени жени.
И мојата матична наплаќа ехо 500 а брисеви сега ќе правам незнам колку се ама знам дека се наплаќаат. А цтг со првата бременост ми наплаќаше 150 ден а сега незнам колку е.
Мене ми рече пред една недела после празнициве да одам на цтг кај неа во ординација па затоа сакав да прашам