Кажувајте што да јадам или пијам за киселини, ме гори мислам дека, не се трпи ова, немам Гастрогард дома.
Ух ,никогаш потешко и пострашно за ништо ... многу размислувам,многу се плашам ,се ближи пораѓај...мисли секакви,па шо ќе биди,па како ќе биди...па бебето дали ќе биди ок... само плачам жени,расположение нула ... а години поминаа за да дојдам до ова...операции,пункции,анастезии,куп инекции и што не. Јас сега да се плашам :/ сама на себе си се чудам што ми е ...
Породувањето не е ич страшно, мене толку ми се смачи со првото да сум трудна што само чекав да се породам, мисли дека ке ти олесни и дека ке го видиш бебе, ке биде се ок. И сега си викм само да стасам до таму, после лесна работа.не мисли глупости
Како се ближи денот-така се зголемува стравот, што е нормално. Мене во текот на целата бременост не ми беше страв и да треба царски да се породам, а во 6ти-7 ми месец ми кажа докторката дека најверојатно и ќе мора така и и тогаш не ми беше страв, ама затоа кога влегов во 9ти месец, со ноќи не спиев од што бев уплашена. Се помина супер, па од оваа гледна точка, поголем беше стравот, отколку самото породување и опоравување. Во моментот кога ќе си го видиш детето, секоја болка исчезнува и се друго станува ирелевантно. Љубовта победува се. Напиј се б6 и пробај да си ги оттргнеш мислите. Разгледувај си облеки за бебенца онлајн, читај си го бебе водичот и не читај породилни проказни, се е индивидуално. Нема жена на која не и е страв од самиот процес, посебно кога прв пат се соочува со тоа. Кога ќе дојде бебенцето на свет, толку ќе си насочена кон него, да му ги задоволиш сите потреби, што нема ни да помислиш на породувањето.
Девојки аспирин пијам од почеток на вечер пред спиење-така ми беше кажано од доктор... сношти заборавив да го испијам па што мислите да го пијам сега или да го пијам вечер?
И јас се плашам заради пораѓајот, поточно да не ми се качи притисокот и да мора со царски. Ама како е така е. Инаку за самиот пораѓај не, кога ќе дојде време, нема ни да мислиш на тоа. Се ќе биде во ред. Само верувај во себе, Јас во последно време ептен се опуштив кога станува збор за тоа, а терминот за 2 недели ми е.
Јас идам во Коруновски и исто плаќам за преглед 300 и брисеви 400. Они се водат ко приватна установа и затоа наплаќаат. А во државна болница е се бесплатно @..barbie.. Каков е тој бебе водич? Јас сакам да си земам некоја книга за трудници па ако имате некоја убава споделете да си ја земам @KittyCat:) испи го вечер за да си го запазиш редот, ако се напиеш сега и пак вечер тоа ти е дупла доза а тоа не смее. Освен ако решиш да го пиеш одсабајле. Мене трансфузиологот ми кажа аспиринот се пие насабајле на гладно. Така има најдобар ефект. Што и да одлучиш не е страшно и да не се напиеш еден ден но да дуплираш не е добро
Ви благодарам милички се консултирав и со гинекологот ми рече да го испијам сега и да си продолжам од сабајле да пијам подобро било така а и ако имам киселини аспиринот ги зголемувал па наутро било подобро.... Така ќе го земам секое сабајле сега Уште еднаш фала ви гушкии
Добро утро мешковци Примате нови мешиња? Мајка на 6 годишно синче,после неколку години конечно пак во темава Бременоста не ми почна најсјајно крварење,стресови,нервози,др држава.... Нема често прегледи оставено на господ како сакал така. Ама 13+ сме растеме. Бебче реши да биде херојче и без терапии и подршки да расте кај мамичка. Поминавме прво ехо супер,растеме,се развиваме следно и последно ехо 20 недела ко ке сум Тука во цела бременост само 2 еха има едно во 12 недела и едно во 20 за пол Така да размислуваме да си се вратиме назад и бременоста и обрврски и се сами,ќе пишам само господ да ни е на помош. Со лесно на сите.
Девојки ,едно прашање. Сабалје се разбудив со болки во долниот дел од стомакот и половината. Па можи да се кажи и јакички беа на 5 мин. Еве уште имам ама не на брзо. Цтг не покажа контракции. Преглед исто ,бебе е ниско.34 недела сум. Дали можи да се породилни а цтг да не покажува?