Е како стварно незнам тука се е обратно и јас си земав 500мг кога бев болна 1000мг епа не требало среда сум на доктор секако ќе го прашам и него само секаде го даваат овде викаат не е за бремени-лимон да сум си правела ама ц-витамин таблета не ...
Како така? Мене баш матичната ми рече можам зимава да си земам дополнително вит Ц, независно од 500 или 1000.
Искрено незнам и јас си користев до сега а среда ќе го прашам докторот дали можи да си пијам и ако не зошто не
И општо ми рече ц-витамин да не пијам никакви таблети зошто не кажа само ме праша кој ти рече да пијаш
Мене сите специјалисти што сум ги прашала ми кажаа 1000 витамин Ц. А и можеш да си прочиташ странски сајтови секаде пишува колку е добар и полезен витамин Ц. А докторката може си има таков став против витамините, и тоа е во ред ама нека си го практикува сама за себе. Ти консултирај си се со друг доктор Витамин Ц е посебно важен сега кога е време на вируси и како најдобар апсорбер на железо
Ова и јас прв пат слушам да не треба да се пие Ц витамин. Мене матичен ми кажа да пијам дополнително, независно од тоа што пијам пренатални витамини. Е сега јас повеќе заборавам од што ми текнува да се напијам. Ама надокнадувам со овошје и зеленчук, а ако ми излезат пред очи си кркнувам од 1000мг дневно.
Знам дека треба да се внесува витамин ц зошто рекоја немам поим ќе си се консултирам со доктор ни во витамините што ги пијам го нема јас сакам да земам се разбира...
Мамички една консултација со вас. 17+3 сум. Денес осеќам чат пат на лева чат пат на десната страна на стомакот, некаде над јајникот како грч да ме фаќа, баш како кога се грчи мускул и пушта. Не ме боли. Ме интересира дали е беба или не? До сега немам осетено друго.
Јас пијам секој ден по 1000мг имам слаб имунитет, и за непцата да не крварат исто. Како што читам секоја трудница си пие витамин Ц и магнезиум.
Не, ништо не ми кажа да пијам, само почести контроли. Мене ми рече и дека слабо напредува само 100гр за 1 недела по нивните пресметки. Ќе ме следи. Иди си и на друго мислење, види што ќе ти кажат, само смирено, ќе биде се во ред
Имам крема за лице на Еуцерин, dermopure линија за акни. Пишува дека е безбедна за трудници, но гледам во составот има салицилна киселина. Во прво тромесечие сум и сега не знам дали да продолжам да ја користам
Погледни го видеово мама. Од ширењето на матката се осеќаш така. Исто/слично и мене ми се случува, баш како што опиша и @mace89 погоре, а и трите сме 17+3 денес.