Др Елма. Кај неа сум и јас сега, многу гужви има сите се кај неа идат Кога и да отидам на контрола ја чекам бидејќи е на операција, ептен е барана таму. Мн фина и позитивна докторка @Li-Li Е скоро породена кај неа царски, па ако може нека сподели искуство
Здраво женски. Мене ме задржаа на патолошка, плодовата вода е густа, контракции синоќа немаше, денес има а јас не сум воопшто отворена. Кренаа паника малку, сега ќе ме пратат на цтг. Мислење и искуство некој, предлог доктор.
Но од старт имате плус трошок 50€ за некаков скрининг и биохемиска анализа за која не ми ги ни кажаа резултатите Задолжителен им е
Јас бев на преглед кај др. Бранко Поповски, многу внимание ми обрна човекот, во животот толку долго ме нема прегледувано некој. Скоро 1 час бев на преглед. Ми остави добар впечаток.
Денес ги добив резултатите од пап направен пред да останам бремена и најдена е бактерија гарднерела. Брисевите направени истиот ден беа чисти. Дали некој има вакво искуство? Не знам дали ќе ми дадат терапија со антибиотици и дали може да штети на плодот, 6та недела сум.
Ако има некој што знае, дсли воопшто доаѓаат дома сега, за време на корона, јас сакам да доаѓа дома, безразлика.
Фала девојчиња,@lia22 @Maya12 @Pacient srna. Си реков до толку да сум малер си викам сум фатила бактерија . Ама вчера и денес баш суво сува...раат да не е човек. Ќе ја прашам и сестрата ама не верувам дека кринонот ќе ми го сменат. Оче наш е за докторот .
Бремена сум 9 недела..ми најдоа во мокрача 250000 ешерихија ..дали би имало некоја штетност на плодот? Нормално утре сум кај матичната за да ми даде лекарства
@Kristina1172 јас мислам дека резултатите од брисевите се порелевантни, бидејќи тие се засејуваат на подлоги и се наменети исклучиво за бактерии, за разлика од пап-от, што првично е за хпв, ама воедно е и за сѐ. Сепак, консултација со гинеколог.
Др Бранко е многу искусен доктор пред да дојде во Санте работеше во Кавадарци се беше на него пошто беше еден гинекологво цела тиквешија и природни и царски и операции за тумори матки вадење киретажи и шо ти не Башка што е многу стручен и многу опстојува Препорака за него
@Kristina1172 Ооо извини јас не прочитав кога ти е најдено,само прочитав што.... Чим ти се чисти брисевите мислам дека нема ништо да пиеш,мебе на брисеви ми покажа
@jarec6 @IRBBB Фала многу на одговорите. Не издржав бев денес кај матичната, не ми даде терапија, само ми кажа да ги повториме брисевите во 12та недела, а дотогаш ако се појават некакви симптоми (чешење, мирис) ќе ми даде вагиналети да ставам.