Пап е уствари размаска на парченце ткиво од грлото на матката, се гледа на микроскоп и може да се видат и колонии на патогени бактерии, како и бенигни или недај Боже, малигни промени на клетките во грлото на матката
Дали периодов имате тегоби заради врнежливово време, тахикардии, губење воздух, главоболки. Имам чувство дека срцето ќе ми излезе. Малце да престане да врне и подобро ми е.
губев воздух, ме стегаа гради и не спиев 3 ноќи, што од идење во вц, што од неможност да се наместам со перниците. кога беше ептен критично се напив магнезиум, б6 и парацетамол за главата и деновиве фала богу подобро е. Притисокот цело време благо покачен, ама не многу
несмеам да станам од кревет ради опасност од обилно крварење, освен до лекар и до вц не сум мрднала од соба, а најново не ни можам, стомаков толку ми тежи, како да ми се откинува кожа, го држам од доле кога одам
Јас главоболки имам од времево, затнат нос. А сум ептен лоша со памтењето, леле луѓе толку заборавена во животот не сум била. Во еден момент мислам нешто, и за секунда заборавам, абе празнина во главата, ми блокира, како неарна стојам на сред соба и не знам што сум мислела да правам. Прееска ставив алишта во перална, прашок се. После некое време гледам не свети, викам испрала. Вадам алишта на сушара( и таква цела замислена на 5то место ) ги редам, и гледам нешто суви повеќето ( освен крпите што влажни и беа пред да ги ставам да се перат), и си мислам ее колку е јака центрафугата . И кога сфаќам јас воопшто не сум ја ни вклучила, гледам прашок се стои и така си ги собрав пак назад во перална и здравје утре ќе ја вклучам .
И јас многу заборавам, незнам што е ова. Јас па мислев алиштата од сушарата сум ги здиплила, ставила на место, кога одам по два дена гледам корпата и алиштата си стојат само извадени од сушара.
Јас сум така не памтам дали пијам витамини магнезиум и слично значи буквално празнина аман си викам ќе почнам да си запишувам ахаха
И јас сум цела заборавена, преесека дур се туширав изгледа три пати шампон ставив на косата (а редам два пати) и тргнав по четврти пат да редам , приметив откако видов дека шишево сум го испразнила, а имаше уште за неколку миења
@KittyCat:) @Naatashka123 @Madam S @Autumn Love Добро е што пише дека ќе се среди после пораѓај . Инаку за каде ќе сме, без памет, и со мали бебенца .
Исто и јас заборавам.Ама со првото ми беше врвот.Отидов да пазарувам сум зела само торба , а ташна со новченик стои домаСи испазарував цела количка идам на касата си ги наредив на лента ,касиерката ми кажува износ јас барам новченик немам.Ја замолив да ми ја почува количката и дека ќе се вратам за 10минути.Ме виде со стомак и попушти.Па се вратив и плативБруки големиОд тоа искуство сега проверувам по три пати дали носам ташна
Женчиња 9+ сум ама мислам дека имам уринарна инфекција, бидејќи ми е ново чувство, па претпоставувам дека е тоа. Најарно урино да си направам. Дур направам и чекам ќе се изедам жива. Во живот сум немала уринарна инфекција. Некако сензитивно ми е доле, сувооо. Сте имале искуство во рана бременост со уринарна? Што е чарето Може да се наштети на плодот во овој период?
На плодот не, ама прво е непријатна (циститот) и не дај Боже може да се прошири кон бубрезите ако не се лечи. Инаку симптоми на цистит се често, ургентно мокрење и печење при крај од микција, тапа болка во стомакот така да може и не ти е уринарна инфекција. Инаку во секој случај постојат антибиотици кои се безбедни, направи си уринокултура со антибиограм и ќе види матичната. Btw, тоа што го опишуваш како ‘суво и сензитивно’ може и да биде резултат од некои појаки средства за хигиена, така да измивање само со вода или понеутрален сапун. Исто повеќе течности