Тенкс, ме потсмири @Autumn Love . Да само претпоставувам но ќе се проверам со уринокултура. А вагинална не верувам дека е бидејќи порано кога сум имала имав исцедок со чешање.
Мешковци има некоја како мене проблем со прејадување? Како дете што не може да се контролира се чувствувам. Јадам, сита сум и уште јадам. После си лапкам благце и пијам пола литар вода да поттурнам. Па легнувам со раце и нозе во вис и лелекам дека ми е претешко и не можам да дишам и од мака пак си лапкам нешто. Ќе си умрам.
Јас така правев, и не можев да спијам по цела вечер, ќе пукнев само се преместував навака, натака. 3-4 саати пред спиење сега не јадам ништо, освен нешто овошје, зеленчук, ако каснам, и вода секако, далеку подобро ми е вака и многу полесно.
Не, ништо ново. Сабајле ќе прават ехо и цтг да видат како е. Ако реакциите им се како денес, прилично панични, а ништо да не превземат ќе пробам да инсистирам за пораѓај. Сигурна сум дека никој нема да ме слуша, но ќе се обидам. Читнав малку и сватив дека заматена односно густа плодова вода не е воошто за занемарување и бара итна интервенција. Со Господ напред утре. Фала што праша ❤️❤️❤️
Како ја да се читам ќе се најадам и офкам цело време и пак си кснувам по нешто. Па можно е и да повратам и пак продолжувам со грицкање нешто а уз пат киселини што ме убиваат нема врска битно да се јаде нешто
Значи бебе кога почна да се движи а тато ја ставеше раката се смируваше....Сега преку ден мрда се задева ама тато кога ќе почни да ја гали мислам се превртува внатре душичка мајкина ептен ми е интересна аххахха...Денес на контрола да ја видиме прчлата колку е порасната
38+2 сум денес, а бебе денес ќе го измерат, последен пат во 34 недела беше 3750. Уште од првите недели секогаш е понапреден по една недела, исто и сега важи како 39та го покажува. Инаку верувам дека знаат што прават, само знам дека не смее да се напие од водата, јас не сум отворена воопшто, контракции покажува а болки немам до сега. Ќе видам што ќе кажат сабајлево треба да ми прават преглед.
Ви се спие на вас? Денес полни 38, 39та ја почнувам, си спијам и по 10 саати некогаш. Ама изгледа што запнувам цел ден ( мислам дека како пред бременоста имам сила и енергија) се преморам и после цела ноќ спијам. Па и за мочање по еднаш најмногу станувам, до пред 1 месец по 3/4 пати станував, сеа ми е баш се супер, како второтромесечие да сум. И болки што имав веќе немам, само што мртка бебе ме потсеќа дека сум бремена. Изгледа и на неа и се уарни во меше и тука ќе си седи уште некое време.
Биди благодарна што немаш проблеми со спиење Јас на крај кога бев на вечер имав температура и цела нок се превртував од што ми сметаше веке стомак Сега за сега второво тромесечје сум да речам добра иако се будам на вечер ама ништо страшно Ај како и да е ке издржиме уште некој месец
Иста сум и јас,на среде реченица заборавам во која насока ми оди муабетот и оставам така на пола недокажано.Мислам дека ова и несоница ми се единствени симптоми,сега во втор триместар поизразени.Никако не можам да спијам, ниту навечер ниту преку ден да надоместам,не ми се спие никако,и не ни чувствувам умор што е најинтересно.
Среќна биди. Ни второ ни трето тромесечие, не заспав ко човек. Веќе почна и на психа да ме мава. Дење сум отепана уморна, умот не ми работи воопшто. Среќна ставам глава на перница навечер, демек конечно одмор, и почнува. Ужас е ова, веќе не се издржува. Знам дека со бебе ќе е исто, неспиење, ама скроз е поинаку, тогаш ќе имам зошто да сум будна. Вака само за екскурзии на умот, не можам да си го приберам. Секоја ноќ различен страв, паника за друго. Веќеее пукнав. Ви се испожалив, фала на внимание. Туку, со потењево шо прајме? И кај вас е исто? Кај мене една недела од прилика, се препотувам жива вода навечер, морам да се преслакам сред ноќ.
Исто, секоја ноќ кошмари, веќе страв ми е и да заспијам од овие глупи соништа. По 10 пати како ништо иди до вц, стани мокра пресвлечи се, па пак исто. За потењето од мене по зимурлива не верувам дека имаше. Сега по маица и шорц спијам и пак имам склет. Синоќа легнав во 4 наутро, во 9 станав. Аман
Мене да.Полни 17 недели сум, во 18та недела од денес. Си спијам по 9 саати скоро секој ден. Прво тромесечие повеќе спијав, но и сега добра сум навечер 22:30h.доаѓа и јас готово легнувам