јас лично си вежбам,за секое тримесечје во бременост си има одредени вежби и јас си ги правам ама да напоменам фала му на господ си имам нормална бременост па затоа се решив да вежбам а кога би имала и најмали проблеми или тешкотии да останам бремена не би. п.с нека е жива и здрава бебушката на ивка,голема да расте
Девојки, да ве прашам: кога се испитуваат Д-димери и скриен шеќер дали одевте гладни да ви вадат крв? Заборавив да го прашам гинекологот па да не се јавувам. Фала ви однапред
За д димери не мора да си гладна, јас имав ѕермин во 5 попладне. За шеќер да, и треба после 6 претходниот ден да не јадеш благо, после 8 бел леб не, за да бидат реални резултатите.
жени брзо интервирајте хаха во рок од 1 саат 2 пати ме стегнува стомаков и тоа течна столица, некаде имам читано дека тоа е еден од симптомите.. вчера читав исто така дека контракции биле кога ќе те стегни болка во долниот дел од стомакот и во тој момент стомакот ако се стврднел тоа било...
Јас пред една недела има дијареа, откако ќе отидев во вц после тоа имав грчеви во стомак баш како стегање и пуштање, ми се грчеше така неколку пати и најчесто после одење во тоалет. После три дена бев на цтг и немаше к од контракции, така што уживај...грчењето може да е последица и од дијареата.
Мила баш те мислев, да кога имаш болки во стомакот и чуствуваш дека се стврднува стомакот ама не брзај,смирисе и одморај и ако болките се почести тогаш иди на преглед можеби се спрема бебуш,почекај па ке видиш ако зачести тогаш право болница. Пиши што ке биде.
женски да ве прашам нешто,имам доста силни болки под градите,кај што се ребрата еве два три дена по ред не се намалуваат а бебуш мрда многу,дали има врска со големината на бебето како што ми викаат или од што може да е,ии некој совет ако имате да ми кажете
Дали болката ти се јавува често после јадење? И мене ме болеше во тој предел некое време и сега пак знае на моменти да ме заболи...гинекологот ми кажа дека е бебето така наместено и баш со нозете ме клоца во тој дел така што нема место за грижа...
да имам забележано мн пати после јадење или било што да ставам во уста ама знаа е да се појави и по цел ден да ме болии
Веќе 2-3 дена ужасно ме боли задникот, но само едната половина од него и не можам да одам?Да не знаете од што може да е така?
И мене најчесто ми се појавуваше после јадење и си траеше болката, мислам дека ме болеше така една недела и потоа ја снема болката (околу 30 недела)...па сега чат пат знае да ми се појави, јас дури проверував и ензими за работата на јетрата (зошто повеќе од десна страна ме болеше) но излезе дека е од положбата на бебето...ќе ти помине, не се секирај
на преглед сум понеделник, шо и да ми се случи си велам, тоа е ама не, не трчам на болница одма само сакав да бидам сигурна до кај сум, дали се ближи денотД!!!! аа инаку за болката под градите, и јас ја имав до мн скоро, тоа ми беше заради бебушо, кај мене е наместен со главчето долу и со колената испрчено горе под гради па ме притискаше инајчњсто од деснава страна ме туркаше посилно... а за јадењето, велиме дека е до тоа пошто ако турка во тој дел и желудникот не ни поднесува многу храна ќе заборавев да се пофалаам денеска 6ти септември, влегов во 38ма недела според менс, 39та недела според бебушот
Браво bebeto93, очекуваме убави вести во понеделник Како се ближи времето се повеќе и повеќе се плашам... не се плашам од болката при пораѓај, туку се плашам да не се испаничам и да искомплицирам нешто...да не не го слушам докторот што ми кажува (диши, напни и сл.)
Ivka slivka честито, нека е живо и здраво бебчето, големо да расте. Bebeto93 мислам дека ти си следна Ајде со лесно, чекам да ми пуштиш ред на мене Baby2014 и јас сум целата збунка. Мене ми е страв да не се онесвестам од болка на сред пораѓај, кога ќе видам дека треба катедра да ми стават и да ме сечат
Здраво мамички, може ли вашата помош? Пред недела време правев тест излезе позитивен, по 3 дена бев на преглед, докторката ми кажа дека е рано и да се јавам за недела време пак на преглед, и ми препиша Utrogestan поради болките што ги имав. Мене болката пред таблетите ми беше доста јака, најчесто само на едната страна, па по некое време болката се ширеше по цел стомак.Сега од таблетите ептен малку се намали но сепак најмногу ја осеќам на десниот јајник а како што прочитав на нет тоа било симптом за вонматерична бременост . Пошто вие како поискусни мамички може ли да ми пишите дали некоја имала вакво искуство, и се извинувам ако прашањето го поставив во погрешна тема . Поздрав
Прво честито и со лесно. Јас на почеток имав болкии, се искривував цела, тоа ќе се случеше 5- пати во текот на денот(може и повеќе) а траеше по 30 секунди. Докторот ми рече дека е нормално, се случуваат промени во матката и ми препиша само магнезиум, кој што ми помогна многу. Тоа е моето искуство...
испаничена сум многу помагајте , бремена сум 7 ма недела и во првите недели имав болки кои со тек на време ми се потсмирија но еве денеска од кога станав чувствувам болки и мали бодежи и кога сега гледам малку кафеава крв некоја капка ве молам за брз одговор од искуство дали има место за паникааа????
Вака нека не те фаќа паника најубаво уште утре да си отидеш на дежурен доктор,нели празник е има решение за се биди смирена сигурно ќе се среди даваат утрогестан или дабростан,за тој исцедок за да не дојде до краврање што сум слушала од другарки знам дека не е страшно ама сепак мораш на лекар не губи време сепак не сме ние стручни лица за да си кажуваме искуства секој за себе си е индвидуално не се грижи ќе биде ок