Ако ти е од помош нешто https://radiopaedia.org/articles/pl...es refer to,with an adverse pregnancy outcome. Не се грижи, ќе следиш д димери. Инаку за мрдањето, некаде околу 16та го осетив прв пат, мноооогу нежничко, како рипче мало. Сега 23 полни, лудува. Биди уште малку трпелива, кога ќе е над 500гр ќе го чувствувате убаво со сопругот. ❤️
Лакуни се дупки на постелката, ги имав во првата бременост, испита димери и хомеостаза и беа во ред па не примав терапија. Се породив во 39+4 гн, бебе беше со тежина 3200 гр.
Јас го прогласувам телово за умрено...се ми откажа,нозете грч цели не помага ништо,кичмата,колкот а срамната коска веќе хорор не можам да станам да мочам,како ќе влезам после во када не знам... Денес почнувам 30та недела. Вечерта сум сонувала како не го доносувам бебето, т.е неколку дена по ред што ќе беа овие мисли. Се уби од мрдање ме мрдна и мене, а мирен си беше нежен како рипче,сега збесна. Може ли да мава кај бешиката?Вчера убаво ме здоболе.
Може да ич да не се секираш појачај го магнезиумот и мене од истата недела почна се да ме боли ама се издржува за нив најтешки се последните недели ама не си сама ајде уште 10 недели ти останаа
Најубаво слушни се со матичниот лекар, мене за тој притисок ми дадоа метилдопа, инаку пијам какао, цимет ама не помага многу, магнезиум исто го регулира, газирабо и сол немој никако, и масажи не.
Денес девојки се оптеретувам со полот... Значи јас сум си во филмот дека е девојче, се во тој домен, арно ама, од нет не ми се поклопуваат знаците... Ми се јаде солено, кисело, лицето ми е топ, немам темни брадавици, ми се лошепе ненормално, главоболки да, премногу, и ми излегува резултат "we can't tell the gender for sure"....
И јас си бев во филм дека е момче. Сите симптоми, се наведуваше на тоа. Кога матичната ми вика девојче и јас па сеуште мислам грешка е, чекам среда да ми потврди
Сериозно немој да бараш веќе, Интернет не може да ти го каже полот. Што и да е, исто ќе го сакаш. Така?
Мила кај мене истите симптоми лицево почисто во живот не ми било,јадам солено кисело,лошење многу повраќање уште и резултат машко е Што и да е битно живо и здраво да е
Немој да се потпираш премногу на знаците, тоа се само претпоставки. Цела бременост ми се јаде благо и тестенце, лицето ми е цело со ситни брунчиња - апсолутно нетипично за мене, лошење и повраќање немав во ниту еден момент итн. Носам машко, потврдено од два доктори, така да...
Исто и јас. Велат со машко се разубавуваш а јас како во пубертет станав И велат на солено терало а јас се убив од јадење благо. Така да нема правила. Да се само живи и здрави мили се и двете
Да, мамички битно е да се здрави и живи, машко, женско, што и да е, само да биде се ок... Ќе го сакаме какво и да е...
Не за друго, ќе треба да се вози во седиште со розеви пеперутки Само нека се развива како што треба, нека растат сите, па и моето, благодарна сум за бременоста, дадената шанса, ако треба, сите светот би им го дале на малечкиве... Имајте убава неделна вечер