Е аман, мене дури и касиерка една скоро ме праша " Машко носиш?" викам колку што знам женско Се кладам дека ти е машко.. Иначе и јас знам демек девојчињата им ја "земале" убавината на мајките, а јас баш убава се чувствувам Такви и коментари добивам, дека ми годи бременоста. 4 лекари ми потврдиле за девојче, ако после се испадне машко алал да му е Ќе си носи се розево, ќе си се вози во црвена количка.. или се ќе носи од постариот батко
И кај мене е девојче,ама па и убава сум ,така се чувствувам и така и велат.Кај што одев исто велат женско,пренаталниот тест исто женско вели....треба да е на крај женскооо.......А некои и мене ме прашуваат машко е нели? Ама не е.
И јас се чувствувам баш убава. Секогаш сум имала нешто на лицето, а сега ми е скроз чисто, а и општо баш супер се чувствувам.
Јас пак благо јадам и лицево ми е нафрлано како со ситни болчица Едино потемни брадавици имам и стомаков како нанапред ми оди Машко ми рекоја два различни доктори ама јас потајно си мислам дека е женско Секоја жена е различна и различно го носи бебето, како и да е здрави и живи да се
И мене ми рекоа машко, претпоставував... Немав мачнини, 2 пати повраќав, имам апетит и солено и за благо, за кисело и луто не многу... Нека си е здраво и живо, срцка на мама,...
Најдобро да и кажеш на матичната за високиот притисок, да не те плашам, не знам колку ти е висок, ама не е добро да имаш висок притисок.. Подетално тука https://acibademsistinababy.mk/dete...remenost/23-bremenost-so-visok-krven-pritisok
I mene vaka.mi vikaa garant zgresile doktorite i vikam abe prenatalen praev genetsko ispituvanje e nema sansi da e greska,pak ko da ne im bese verno na nekoi
го мерам цел ден варира 120/130 со 80/85 никад не ми бил висок,случајно измерив синока пред легнување висок и денес висок само овие два дена. Може и до времето да ми е,овде нагло залади а тек во петок сум на контрола. А бебе денес активно машала ама ако продолжи притисоков вака и порано ке морам на контрола
120/130 не е висок притисок, нормален е, јас така се оптоварив во 6ти месец, се живо испитав, и холтер носев, на крај искочи дека дури и низок ми е навечер притисокот, а се изнервирам или многу го мислам знае да се качи, ама никогаш повеќе од 135/140. Не може одма за се терапија да даваат.
Јас за 130/80, 140/90 одкако влегов во 9ти пијам терапија, за недај боже да не се качи повеќе. Значи на мене без терапија така ми се движеше ( пред бременост нормален ми беше) сеа со терапија ми е толку. Последните недели се качува. Јас имам недела ипол до термин.
Можно е да се качува последните недели, не викам не, ама веќе и можат да те породат после 9ти месец, ќе си биде се добро. Иначе: Се смета дека притискот е висок ако систоличниот притисок (притисокот во крвните садови кога срцето се контрахира) е поголем од 140 мм живин столб или ако дијастоличниот (притисокот во крвните садови кога срцето е опуштено) е поголем од 90 мм живин столб. За умерено покачен крвен притисок се смета притисокот помеѓу 150/100 и 159/109 мм живин столб. Ако притисокот е над 160/110 се смета дека се работи за сериозно покачување.
Здравје сакам природно, ама ако се качи на пораѓај и мора царски, само да е се во ред и живо и здраво да се роди, другото не е битно. Границата мислам дека во бременоста за малку ја поместуваат. Дека и веќе од 140/90 висок го сметаат. Барем според мојата матична.
во средата кога бев на контрола ми мереше сестрата прво беше 140 со 85 па по цтг и ехо ми мереше пак беше 135 со 80 ми вика аа сеа ти е добар. Го мерам сега со апаратов дома ми покажува 152 со 95,по мене мери маж ми исто 150 со 90 сега и апаратов ме збуни
И со самото вдишување/издишување се качува и симнува. Опушти се длабоко вдиши/издиши и ќе видиш колку ти е.
Јас качив 180 со 110 притисок ноќта кога ми беше термин со првото на 28.12 и тоа не ме болеше ништо, само неможев да спијам, и бебе ме клоцаше без престан, се чудев што му е, станав да се напијам млеко демек да заспијам и го видов апаратот за притисок и си викам чекај да измерам, му се јавив на докторот во 3 нокеска он повише испаничи од мене ми рече напиј дијазепам од 2 и мери на секој саат и во 7 те чекам сабајле, јас потоа симнав н 140 и заспав конечно, ми ѕвони во 7 ми вика каде си, викам спијам, сонлива измерив 120 викам немам веќе, се породив на 30ти. После ми кажа дека опасно било за бебето, јас читав се и сешто ама тоа сум го пропуштила, сепак испадна све добро. Сега мерам секој ден превентивно.
Се симна малку сега ми е околу 130 со 85,сабајле какаото ми го симна дури до 120 така да сеа пред спиење може уште едно да испијам па утре здравје ке видам како ке биде. Ја не осекам никакви промени,се мислам дали на бебка може да и бидне нешто ама активна си е цел ден како и до сега
Ако мериш со дигитален, може да зафркава. Мери со живин ако имаш или оној другиот со пумпа, не знам како се вика.