Женски јас се праам јака ама не сум била до толку ме фаќа по некоја трема паника,уште 1недела до краен термин јас ни Б од болки немам,само се да е во ред со бебуш и со мене ме плаши како ќе поминам природно царски лесно со мака си викам после како за сите така за мене ама не ми е сеедно може дека прво нормално е ваљда,не бев ваква што ми стана незнам Вторник сум на 3 цтг влегов во 39 та недела и си чекаме сите само ме прашуваат до кај си ајде ние мислевме се породи тоа уште повеќе ме иритира како до мене да е тоа,кога ќе сака бебуш држете ми среќа и се надевам наскоро ќе ве израдувам поздравче
Не се грижи мила се ке помине наеднаш и лесно без разлика на се најубавото е кога ке го имаш бебуш во преграатка колку се убави тие емоци. Па некои родиле после 40недела некои во 41 влегле не се грижи се ке помине добро ке видиш дека е така. И јас исто на прво оти се плашев а еве ме сега си викам ке има уште бебушки само да се добро и се ке биде добро.
ох јас маки мачам... од сношти местото кај шоми го умртвуваа живецот ми стана чувствително.. со јазикот само ако допрам на местото и ме пецнува одма.... инаку не чувствувам никаква болка освен ако со јазикот го допрам местото .. а38ма недела сум, незнам дали е во ред да вадам живец сега....
И јас се мачам веќе 4-ти ден Почна во петокот да ме боли кичмата, само од левата страна, во долниот дел од кичмата, константна беше болката, само интензитетот се менуваше. Помина некако пред да си легнам, се утешив демек добро е, нема веќе, кога во саботата.... Ужас. Неподносливи болки, очигледно синко убаво си се заседнал на некој нерв, и тоа притиска ли притиска.......Ме уби од масирање сопругот, џабе и масажи и тушеви и све живо.....И вчера болеше и денес еве пак......Среќа во среда сум на контрола, па да видам докторката што ќе каже. Иако, нема нешто посебно да се прави, не планирам сега нешто за болки да пијам, ќе стиснам заби и ќе издржам, до кога и да трае.....а нема уште долго да трае, му се ближи време за излегување Битно сме скроз спремни, слободно може да излегува, ако јас се прашувам
прашав во другине теми но не добив одговор, па да прашам и тука каде ги носите брисевите, каде подобро испитуваат? ( микро или институт за јавно здравје) До сега во систина ги правев ама многу ми се скапи не можам повеке да си ги дозволам Дали се закажува на микробиологија ?
зошто денеска бебушов не клоца?? во мисла ме стави??? мрдна прееска еднаш пресилно, ама ни налик како до вчера, постојано да клоца да мрда да се превртува.. а и главата ме боли некако откако се разбудив..... има ли простор за паника???? мм е цеел ден на работа, до вечер сум скроз сама..
^^ Прошетај малку ако можеш, можда ќе се размрда. Не паничи, штом удрило сабајле, тука е, нема кај да бега Наводно на крај помалку мрдаат, и кај мене помалку мрда моево, затоа други проблеми ми прави Ако уште некое време го нема, не паничи и јави се кај матичната, ќе те посоветува што да направиш, иако сметам дека не е ништо страшно и дека немаш место за паника. Може собира сила за да излезе
Ви се има ли случено да ве фати грч во пределот на јајниците? Сабајлево мислев дека левиот јајник ќе ми се скине Исто чувство како кога имате грчеви во нозете. И сеуште чувствувам слаба болка.
Срцка не се плаши тие се грчеви на матката се спрема полека полека се шири и фаќаат грчеви знам дека се мн. грозни мислиш нешто се кине во тебе пиеш ли магнезум редовно?или зборувај со докторот мене од 250 мг дневно ми ја зголеми на 500 мг магнезиум поради грчевите,кога ќе осетиш такви грчеви одма легни со нозете горе одмарај не се движи не се напрегај ајде се ќе издржиме за бебушите наши
Мила по 400мг магнезиум земам секој ден. Нареден понеделник сум на преглед, па ќе го прашам докторот. Кај вас многу ситно се брои Дај Боже побргу да се гушкаш со бебчето и со лесно да поминеш. Знаеш ли веќе како ќе се пораѓаш? Ти се регулира ли притисокот?
Срце незнам уште како ќе се пораѓам зошто ми се качува притисокот утре сум на преглед со докторот и на Цтг,па ќе правиме муабет на таа тема дo 14 ми е последен термин сакам природно ама мора да одлучиме,како е најдобро за бебуш зошто сестрава кога ми го мереше притисокот пред 1 недела вика ниеден доктор со висок притисок нема да те породи природно дај боже да не скока над 140 сега ми е толку ама којзнае здравје само друго ќе биде се
Мила, нашиве другари абер немаат од излегување И ние сме утре на цтг, па ке видиме што ке кажат, веке неколку дена ме искина кичмата, се надевам дека наскоро батко наш ке реши да излегува Се гледаме утре, во чаир одите на цтг, така?
Бебето јади благо и ке се размрда. Не се секирај и моево некогаш знае да биде многу мирно. Посебно кога сум омалаксана или со главоболка.
Дај Боже да се среди, да можеш природно да си се породиш. Бреј синко мој што мажиште ќе е, уште сега не ја ведне главата мислам дека сеуште не е свртен обратно.
Ajde eden sovet od vcera vecerka osekam bolka ,pomegnozjeto odnosno kaj sramnata koska i sramnite usni osobeno koga se vrtam koga sspiam od edna strana na druga ama sega pocna poveke da boli od sto moze da e bas me isplasi na kontrol duri vo petok ..cekam vase mislenje.
Мила да сабајле одиме во Чаир на ехо и цтг може ќе се видиме батковците наши не излегуваат изгледа убаво им ќе си почекаме може до термин толку сме чекале сега за уште малку, ти како се осеќаш? јас ептен тешко сега последниве недели од 38ма наваму и нозете не ми беа ич отечени ни лицето сега малце отеков и во лицето и во нозете спиењето исто ми е мн.тешко само се вртам ајде ситно броиме те гушкам
Бев и денеска на цтг и на ехо, ми рекоја се е во ред, има и вода и постелката била Втор степен, што значи тоа? Кога и кажав дека вчера не мрдаше и ме прегледа детално, се беше во ред. Ми закажа и вечер пак цтг да правам.. За ноктите мии рече дека не требало да бидат лакирани....
Јас бев денес, намалена ми е плодовата вода. Докторот ми рече дека како што гледа за 1 недела ќе се породам. Дали тоа така се гледа на ехо??? И што значи намалена плодова вода?? Ај ве молам нека каже некој што знае...