Здрабо девојки. Јас денес бев на преглед пак и тоа што во ГАК ми рекоа дека е хематом всушност било лакун на постелката со големина од 9мм. Ми рекоа дека не е страшно многу жени имале. Ме интресира дали некоја од вас имала и како се лечат? Треба ли строго лежење?
Не покажува. Имаше слика од @naturallmess некаде низ темиве со слика од цтг кое покажува болки, не се остри врвовите туку заоблени како планини во моментот на правите контракции.
еве девојчиња , ова се вистински болки веќе некој прст отворена со почнат процес на пораѓај ( гледајте ја долната линија )
Здраво.Сакам да се советувам со вас нешто, од вчера осекам болка на левата страна доле ниското некаде околу јајникот па се шири на средина Како да ме боцка, некогаш ја снемува, а понекогаш се појавува како боцкање.Исто стомакот пред некоја вечер го осетив како ми се затегна наеднаш.Се јавив на матична рече да провериме уринокултура, вчера оставив мокрача па ке видиме. Исто така вчера имав сексуален однос, дали е можно тие болки од тоа да се. 16 недела сум до сега се е во ред со бебуш, почнав да го осекам како мрда по малку.Ама болките не ми излегуваат од глава да не е нешто лошо.Матичната ми кажа да пијам магнезиум, и да ставам утрогрстан, ако не се намали да идам утре кај неа да ме види.Пред 5 дена бев на редовна контрола, се си беше во ред и само на мокрачата ми покажало некој Плус па затоа оставив да испитаме да немам некоја инфекција...Читам насекаде пишува дека е и нормално тоа во овие недели.Втора бременост ми е.И со првото имам осеќано такви болки и бев со утрогестан повремено...Некоја да ме утеши од што може да е.А моментално осекам како притисок и затегнато меше од папакот надолу
Мешковци со шо се мачкате на мешињата за да го смирите чешањето? Знам дека е нормално, се тегне кожата, ама последниве 2-3 дена веќе е неподносливо, мислам дека се разранив од чешање. @H&J може да ти е од воспаление на уринарни патишта/бактерија. Причекај резултати од уринокултурата. Освен тоа, максимално си покриена со терапија, магнезиум за грчеви, утрогестан за можни контракции. Пробај да одмараш. Јас пак мислам дека е од тегнење на лигаментите од матката.
Јас користам бадемово масло и млеко за тело само и ок сум за сега. Кај мене е рано сеуште изгледа, па не почнало уште да ме чеша.
Мојов мешко е уште мал , ама си имам јас генерално проблем со сува кожа и чешање баш како што го опиша, до рани. Особено ако не се намачкам после туширање, нема шанси да заспијам. Користам шеа путер од Алверде, до пред извесно време од макадамија, сега го зедов овој од лимета зошто тој од макадамија мн тешко почна да ми мириса.
Јас наизменично мачкам еден ден масло од кантарион, нареден крема. Ама маслото по ми годи. Можеш и кокосово, бадемово, маслиново масло.
Јас со кокосово масло и со обичен лосион за тело. Два пати во ден обавезно се мачкам, но понекогаш пак ме чеша.
@Bella_Stella @Autumn Love @A.n.g.e.l.a.V @Naatashka123 секој ден наутро и навечер се мачкам со шеа путер измешан со бадемово масло (таа смеса против стрии ја користам), ама пак ме чеша. Не можам да се поднесам, цела со фрги сум од чешање.
Пробај со оргинална павловичева (портокаловата) и додади АД капки. Ова е многу ефикасно против стрии а и кожата е навлажнета и не чеша
Утре тоа, сега освен смесата и бебешко масло бекутан, ништо немам. Ама ни едното, ни другото ми помага.
Вас стомак мене нозеве од пола па надолу ме чешаат си умрев Како на нервна база сум Ке мачкам декотал крем ми ги смирува и лади нозете
Ама не смееш да ја мачкаш таа крема превише бидејќи содржи кортикостероиди ако збориме за истата крема Ја имам псоријаза и неа ја котистам и баш докторот ми рече можам само многу малку на места кај сто се појавува псоријаза и тенок слој
Само еуцерин масло секој ден мачкам, на цело тело, не само на меше и плус се капам со маслена купка еуцерин. Инаку и јас имам сува кожа, ама од комбинацијата сум презадоволна.
Мила јас си мешам пола од еуцерин маслото и пола од бејби лове маслото од дм,инаку имам сува кожа ама еве веќе 20 недела сум немам никакви проблеми