Штом не е лошо на вкус, ништо не ти е. Значи павлаката е сеуште добра, тој рок е орентационо да се знае до кога да се користи. Некогаш и пред истек на рок не се добри производите, ама на вкус ке познаеш, нема утка.
Не платив, ослободени сме од плаќање во државната болница,... Така ми кажаа... Бидејќи сме бремени. За било какви испитувања додека сме бремени.
Кој ден е таа на амбуланта? Дали е добра за втор скрининг? Дали кај неа ќе продолжиш да одиш мила, да ја следи бременоста?
Па со ковидов не знам дали имаат одреден ден амбуланта, стриктно баш тој ден, знам матичната ми рече амбуланта за скрининг , кога ми закажуваше... Да, би одела, здравје да оди се како што треба, следно околу 20-22 така?
Јас во ноември бев кај неа, во среда беше, мислам дека околу 12ч бев. Во демекври во среда, во 10:30 беше Самарџиски. Е сега дали на пола термини се сменуваат, дали тогаш така се погоди, не знам.. Матичната би требало да знае кој доктор во кој ден има амбуланта.
Фала мила, еднаш ја прашав, вели не знае, ќе видиме. Дали се добри, си била кај двајцата? Кој од нив ти остави подобар впечаток?
Исто, кон 12 бев.... Да не звучам огорчено, ама матичниве ни се...интерес 0%.....да не беше форумов, главите попара ќе ни беа...бар за добри 60%...
Фала мила така е, ако не прашаме, нема ништо да знаеме,... Фала богу од форумот многу раб научивме и учиме.
Искрено и двајцата ми оставија добар впечаток. Јас и првиот пат сакав кај Самарџиски и матичната ми закажа во среда, демек тогаш тој бил во амбуланта, ама Симеонова се погоди. Имаше некој специјализант со неа, повеќе него му објаснуваше и испрашување отколку мене, ама на крајот накратко ми кажа дека сѐ е во ред. Убав пристап имаше. За вториот скрининг бев кај Самарџиски. Преопуштен, позитивен, насмеан беше цело време и ми објаснуваше што гледа. Замерка имам што прегледот траеше кратко, 15тина минути, од кои 5 минути ми дозволи да си сликам од екранот од 4д ехото. Дали виде дека сѐ е во ред и затоа не се задржа многу или згора-напреку ме виде, не знам.
Не се плаши, такви се они не зборат многу и брзо гледаат ама ако има нешто одма ќе видат и ќе ти кажат.
Не се плашам мила, ако имаше нешто секако дека ќе ми кажеше, тој или матичната. Муабетот ми беше дека имав поголеми очекувања, ама изгледа повеќе тинтрење само на приватно. Инаку ми кажа човекот сѐ, еве го желудникот, добар е, еве ги бубрезите, супер се, еве го срценцето, супер е, само нешто си го уплашила, побрзо му чука (возбудена си?). Не знам дали знаеш дека е машко, фраер е тој. Мозочето е добро, сега ќе ти го пуштам на 4д да го видиш. Сакаш да си го сликниш? А да, замерка... 'Плацентата не е лоша.' 'Што значи тоа не е лоша докторе, во ред е или има некој проблем?' 'Во ред е.' 'Па така кажете.'
Димчев 5 мин ме гледаше,такада до докторите е. За малово цела бременост ја водев на клиника, секој преглед беше како скрининг до детаљ гледаа дури и прстите му ги броеше докторката. Сега овој пат ќе видиме како ќе биде.