Јас забележав дека и мене ептен ми се појавиле на бутовите и на гз а на меше до сега нема се надевам и до крај нема да имам хахаха иначе јас тука што зедов една крема забележав дека ги обелува црвените стрии дали се имаше моментот погодено или стварно ги обелува незнам
Да ве пoздравам влегoв вo 20та недела, oваа бременoст премнoгу брзo прojде, веќе сум на пoла. Дефинитивнo е пoлеснo да се биде трудна вo летo, малце ми е пoтешкo oд првиoт пат кoга си прoѓаав сo летнo фустанче. Стoмакoт истo машала пoгoлем за разлика oд првoтo. Неделава кoнечнo преглед пoсле еден месец па на ред е и втoр скрининг Сите ми кoментираат дека бебетo ми е мнoгу дoле (нискo) првoтo не ми беше така да не е oд тoа штo недoвoлнo се пазам и си jа кревам малата вo раце?
Кога отидов на прв скринимг др со ехото ме гледаше на сраамната коска и ми падна чудно, па ја прашав нели е многу доле.Одговорот и беше втората и понатамошна бременост секогаш се носи пониско.Ама мислам дека ќе ти се дигне.Не е страшно.
Нека ти е добра мисла, се изненадив баш пријатно. Не слушај коментари од страна. Јас од почеток до крај го носев ниско цела рака и повеќе ми собираше меѓу гради и стомак.
Девојки вие што користите мерки за ослободување од работа, дали имате било каква информација за враќање на работа? Денес прочитав информација на Телма за враќање на јавната и државната администрација на работа од 01 февруари, каде се спомнува дека дополнително ќе се разгледува дали ќе бидат ослободени одделни категории на вработени, претпиставувам се мисли на трудниците.Не сум во јавна и државна администрација, но ме плаши дали ова би се однесувало на сите вработени? Само што решив да ја прекинам патолошката и да користам мерки, сега ова излегува.
Да не се враќа јавната администрација на полно работно време? Бидејќи дел од нив работеа од дома, дел со скратено работно време. Сакам да мислам дека е тоа.
Да, тоа е, но во текстот стои дека дополнително ќе се одлучи дали ќе бидат ослободени одделни категории на вработени.Се плашам дека може да се одлучи да се вратат сите, кај нас никогаш не се знае ништоhttps://telma.com.mk/2021/01/23/нема-веќе-работа-од-дома-за-јавната-и-др/
Мила ова се однесува на групите кои работеа од дома односно на принцип на ротација и со скратено работно време. За бремените ќе остане додека не заврши пандемијата
Јас со првото се породив во септември, цело лето бев бремена и ми беше многу тешко. Ненормално имав отоци од жешкото, ептен ми беше склет, не можев ништо да поднесам на мене. Сега ми е супер, ладничко времето, што убаво, само кога ми е многу жешко ми отекуваат прстите на рацете. За мене е подобро зимска бременост
Леле фала ти мила, ептен се испаничив, и мене така ми личи напишаното, ама дека кај нас се нешто се менува во последен момент и ме плаши.
Бремените се ослободени од работа со физичко придуство се’ дури не се прогласи крај на пандемијата прогласена од СЗО. Еве и официјално соопштение од Влада од претходниот месец. https://vlada.mk/node/23684 Така да don’t worry .
Фала ти најмногу, се смирив сегаГо прочитав соопштението, ама пак си помислив да не им текне нешто да сменатСе надевам ќе си важи одлуката на Влада.
Да се надеваме, само што се спремав да се ослободам.. И докторка ми рече дека нема шанси да ги прекинат дури се породам, тоа е крај н август ми е термин, пa да се надеваме дека нема да им текне да сменат нешто одеднаш
Јас сега треба да го прекинам боледувањето и да се префрлам на мерки.Само што се решив за мерки, се надевам нема да ги прекинат.Верувам дека ова е само за администрацијата, но кај нас никогаш ништо не се знае
Од сигурни извори ќе сме ослободени со крај на пандемијата, прогласено од СЗО... па може да сме бели мечки, заштитени со закон Сакав да споделам и прашам, во понеделник влегувам во 4ти месец, абе луѓе многу сум слоу моушн, сега сум сред селење, и милион работи, ама како да ме прегазил тенк се осеќам.... Кај е таа топ енергија од втор триместар?
Фала ти на инфо, цел ден ми помина во мисла.И мене ми беше исто и баш се чудев зошто сум сеуште толку уморна.Сега само што влегов во петти и се чувствувам ептен енергичноДури не знам што да правам си себеУште малку време и ќе ти се смени.
Уживај ја и таа што е, оти од втората половина на втор триместар ќе почне сѐ да те боли, да те чеша, да се прејадуваш, да се дуеш, да не можеш врвци да си врзиш, ни јакна да запетлаш, да стануваш пак за во вц, да не можеш да најдеш позиција за спиење...